Според мене, појадокот е премногу. Банана, грозје и диња се избегнуваат во секоја диета затоа што содржат многу шеќер.
јас ви имав напишано на друга тема не ми текнува која беше, за успешна диета за која не треба физичка активност, пребарајте ми по мислењата а ако не се снајдите пишете пак ке се потрудам да ви а напишам, од таа ослабнав јас 12 кг за 3 месеци. инаку диетата на иренна ми се допаѓа, ама јас оти тешко симнувам кила незнам дали би ми успеала, ама се надевам дека кога ке имам потреба ке ја пробам обавезно. позз до сите што се на диета имате голема морална подрпка од мене
Глупости. Ниту едно овошје не се избегнува. Бананата е одличен појадок, само си згрешила што си и додала и кроасан.
Јас мислам дека не е грешка, покрај овошјето пожелно би било да се земе и некој јаглен хидрат - кроасан, ѓеврече, лиснато, мафин, парченце леб - интегрален, црн, сеедно. Исто така сметам дека појадокот треба да е на некој начин најбогат (секако без претерување), но сепак е основата на секој започнат ден. Ручекот да е многу помал од вообичаената порција (е тука лебот да се избегнува по можност), а вечерата минимална - салата и јогурт, варено јајце и сиренце или туна/пилешко (мала количина) повторно со салата. Месото лично не би го мешала со млечен производ. Банана и кроасан не е воопшто многу, јас задолжително пијам и чај и кафенце, или едно витанова и овошка. Кој возрасен човек издржува со една банана до ручек, сакам да го видам ...
Јас. Ама ми се лае ми се плаче, така да ќе морам да почнам да јадам нешто житарчесто. И јас планирав тоа што наброја Трендафилка, парче-два двопек (двопекот има 30 калории во парче), или мусли со млеко и банана. Чисто за да не ги изедам некој ден цимерките.
^ Е и јас така си купив корнфлекс, арно ама тоа е лоша идеја - мусли и корнфлекс одат со млеко, а млеко насабајле њет, не смее. Така што си ропкам повремено од корнфлексот на голо, едно мало шољиче. Не, јас не се оставам само на едно парче овошје. Малку маки си направив со нездравите диети.... едно ѓеврече ќе те здебели, како не бе. Како што пресметав, јас најмногу јадам за појадок. Конечно да ми текне и да појадувам со време, а не да го скокам секогаш или да јадам 4 часа откако ќе станам, па до вечерта да лаам ко некоја гладна кучка и да испразнам пола фрижидер. Што си е сигурно, сигурно си е, едно мафинче или парче двопек со мармалад ќе заврши работа. Што се однесува до бананите и запекот - па не секој ден банана де. Еден ден банана, друг ден портокал, трет јаболко, па мандарина... Да јадеш секој ден банани е исто како да јадеш секој ден сливи - те носи од една во друга крајност.
Јас кога ја држев си јадев обавезно едно овошје(и да, некогаш банана,грозје,диња глупости тоа ли ќе ве здебелее?!), кроасан/колаче/геврече/кекс и кафе за појадок. За ручек јадев што и да има дома,некогаш признавам дека го скокав, а за вечера една огромна чинија салата од спанаќ/марула/зелка со едно варено јајце/стек/сирење. Во 6 завршував со јадењето, а помеѓу оброците имав околу 4часа растојание. За еден месец ослабев 6 килограми, без никаква физичка активност и сеуште ги немам вратено.
eve veke 6 dena sum na dieta i super mi e......od lebot se otkazav , nemozam da go gledam.....no od blagoto nikako nemozam ....znae li nekoj nekoe reshenie...inace dietava e super te odviknuva od leb a naviknuva na ovoshje i zelencuk no od blago nikako nemozam da se otkazam..ponekogash i ne veceram za blagoooo.........jas i vezbam a i pijam mnogu voda...ushte ne sum se izmerila no naskoro ke se meram pa ke gi vidiem rezultatite... da ve prasham kao da se otkazam od blago a i dali moze za vecera salama kao meso???
Ако толку веќе не можеш без благо тогаш пробај да јадеш од оние житни чоколатца од Виталија, Бонжита, Витанова. Или пак црно чоколадо со над 65% какао (ама не цело, 100гр ). Салама никако! Многу е нездрава и калорична, којзнае што се нема внатре. Мислам не може ни да се спореди со месо.
Навечер, варено, пржено, како сакаш. Сепак подобро варено, помалку калорично. Што се однесува до салами за вечера, и јас не би препорачала. Подобро туна, друг вид на риба, пилешко-стек, па дури и 3-4 ќебапчиња се подобар избор од саламишта. А благо јади си наутро де, тогаш е дозволено. Житни чоколатца или парче торта, ред чоколадо, колаче... изборот е голем.
сакам и јас од денес да ја почнам диетата на ирена е сега ме интересира дали за вечера смее да се јаде овесни снегулки со јогурт.. јас ги обожавам па затоа да си прашам поздрав
Не. Овесот е јагленхидрат и смее само за појадок, освен ако можеш да ги јадеш потопени во сок, со млеко или јогурт не се препорачуваат. Јогурт и млеко само навечер. Може, нормално, со тоа што мој совет е - ако за ручек имаш месо, не го имај истото за вечера, туку јади нешто полесно - зелена салата, парче сирење, јогурт или к. млеко.