аии и мене многу ми се допадна идејата за диета на Ирена ,да ви казЖАм дека обавензо ке почнам да ја држам ,па ке ве известам за резултати
Ирена а ако може да ми одговориш дали навечер мозам да јадам тоа што е наведено само без салата затоа што не јадам ни зелка ни марула..
Може и без салата, ама убаво е да има и нешто свежо, ако не зелка или марула тогаш краставица брокула или нешто друго.
И јас ја почнав диетава на Иренна, па ќе видиме резултати за некоја недела или месец. Многу ми се допаѓа што нема лишување од ништо, па не можеш засекогаш да се откажеш од нешто што го сакаш, затоа барем правилно да комбинираме и да не се прејадуваме. Само да кажам дека најчесто не вечерам бидејќи спијам до доцна и доцна доручкувам, па потоа доцна ручам(околу 16 или 17 часот најдоцна) и потоа не чувствувам глад за да вечерам. Згора на тоа ќе вежбам 6 пати во неделата(од пред 5 дена почнав) и во никој случај нема да се откажам. Имам намера да скинам(ама трајно) 3-4 кила, 5 максимум, иако може не треба, ама јас многу поубаво би се се чувствувала. Само упорност девојки, и најдобро е да се комбинира добар режим на исхрана со физичка активност, за трајни резултати.
Имааа.. јас ја држев една недела и супер ми беше потоа ми беше славата и јадеф се и сешто па од вторникот пак ја почнав има резултати супер е
Јас ја држам диетата, и да има резултат. Мислам дека сум ослабена, така се чувствувам, мешето ми е штица , а за килажа не се ни измерив за да знам точно. Тоа најубаво на тебе ќе си осетиш сама и по облеката, а и подоцна малку се губат килограмите, наеднаш, отпрво нели не се слабее, да поминат барем 2 недели, па после. Јас толку ја држам диетава 10тина дена, па ќе видиме, мене ми се чини дека ќе има добар ефект. Туку сакав да ја прашам Иренна што друго може да се јаде за вечера, што практикуваше таа освен салата, стек и јогурт...Нема баш избор за салати зимава, се околу зелка и моркови мене ми се врти, друго се ми е ептен вештачко од зеленчуциве периодов, ко пластични ми се. позз
Салатата треба да се комбинира или со месо или со млечни производи. А во зимна помалку има свеж зеленчук ама се наоѓа по нешто сезонско. Може зелка, цвекло, моркови, краставици, марула... се што ќе најдеш по маркетиве
и јас од денеска поцнав со диетаба само сто вецерата ке ми биде салата со риба или морски плодови бидејки поцнувам со постене се надевам дека ке има резултати па ке ве известувам поздрав до сите и првпат да ми се допадне некоја диета
Ми се гледа како разумен начин на исхрана малку тешко со благото кое нема да се јаде освен на утро зошто јас сум си по благото ама вреди да се проба.Јас воопшто не сум по диети и немам време за вежбање.Слушам за секакви таблети но истите кај некој делуваат кај други не или малку така што незнаеш што да пробаш и што ќе испадне на крајот.Ова ќе се потрудам да го пробам.
Дали може како салата да се користи и наклаваната оти јас несум баш во место каде што се е достапно па дали можи да се замени со таква?
Па јас Иренче обично и така правам, или салата и месо, или салата со јогурт или сиренце а најчесто само салата. Не јадам млечни производи и месо никогаш заедно. Ти благодарам за информациите
Сакам и јас од утре да ја почнам диетава,ме интересира ти иреннче до сега колку имаш ослабено.Колку килограми и за колку време.
јас доста често ги месам, и немам никакви проблеми, пак слабеам и месото е протеин и млечните продукти исто така! и белковини со протеини смее да се конзумира заедно ( пример јајца и јогурт) добра е диетата на ирена,само со ова не се согласувам многу...но ако веке вака си почнала со овој начин, продолжи вака