Е да, и јас понекогаш јадам јајца со јогурт, а месо и млеко не јадам зашто не ми одат заедно некако, уствари месо јадам многу ретко. А дека не се согласуваш со ова, мислиш на немешањето на месо и млечни призводи, така? поздравче
да да за тоа, еве и јас јадам јајца и јогурт ко тебе... или сирење и јајца па не знам, нема некој проблем... не ми пречи во слабеењето се тоа си е протеини, така да мислам дека нема да пречи во слабеењето
Дали може за ручек да се јадат тестенини (макарони, шпагети) или пак некој интегрален сендвич? Зошто содржат повеќе јаглехидрати од едно парче леб.. И дали може меѓу оброци овошје? Фала однапред
Не се препорачуваат тестенини за ручек затоа што тие треба да се конзумираат наутро исто како и овошјето. Ручекот треба да биде стандарден, најдобро да е нешто зготвено за да не прави тегоби во стомакот.
девојки до каде сте со диетата на ирена дали ослабевте мене денес ми е 8 ми ден се немам мерено ама осеќам дека сум полесна кога точно ќе знам ќе пишам поздрав до сите
5ти ден ми е се осеќам 10 кила полесно и полна со енергија ако се двоумите дали да ја држите, почнете, воопшто не е тешка
Имам држено мнооооогу диети...меѓутоа после секоја и мнооогу лесно сум ги враќала кг. така да останав без надеж... но читајќи ја оваа диета се потсетив на една другарка која имаше ваков начин на исхрана, кој и стана секојдневен и после долго време...И навистина ослабе многу! Така да од вечерва благодарение на диетава или подобро кажано - еден правилен начин на исхрана..си ја враќам надежта и почнувам од утре!
I jas isto taka...od utre ja pocnuvam dietata na Irena ,pa ke vi kazam kako odi [mod-kirilica:1cnu3ria][/mod-kirilica:1cnu3ria]
Jas pak da prasam: Sto bi jadele za rucek? Mozete da mi kazete nekoj primer? Ke mesate jaglehidrati i proteini? [mod-kirilica:8pkpq4fe][/mod-kirilica:8pkpq4fe]
а а што кога немаме готвено кога сме на работа , што се препорачува во таков случај да се јаде? многу е скапо секој ден да се купуваат готови јадења па ни остануваат само кифли и некои такви чуда. јас се трудам да пијам само јогурт и некое домасно мало сендвиче ама секој ден мора да се мисли нешто различно, исто така јадам и инстант супи без леб ама огладнувам до 5 и во 5 ручам од ручекот дома ама затоа па никогаш не вечерам, незанм дали на ваков начин диетата би била успешна. јас само малку сакам да скинам до 3 кг максимум ... се надевам дека ова не е грешен начин
Шеќерче, јас мешам јаглехидрати и протеини за ручек...Што би ручала ако не мешаш..Па и лебот е јаглехидрат, подобро компир малку отколку леб.
луге од утре ја почнувам диетата на ирена! се решив! дај само дајте ми некоја идеја стварно незнам што да појадувам утре!!???
Еве и од мене една диета! 1ден Ручек: 2варени јајца + 1виршла + салата Вечера: Супа + Салата 2ден: Ручек: Мала чинија макарони + чаша јогурт Вечера: 1парче овошје + лимонада 3:ден Ручек:3верени компири + салата Вечера:1парче салама + салата 4ден: Ручек:Чинија варен зеленчук+супа+јогурт Вечера:Варено месо + салата + 1 парче сирење 5ден: Ручек:Варен ориз + чаша јогурт Вечера:1 кришка црн леб + 2 парчиња кашкавал Доручекот е ист секој ден 2-3 овошја до 2 часот.. Да се пие 2-3 литри вода дневно. Диетата се повторува 4-5 пати или 25 дена = 13кг. СРЕЌНООООО !!
Добра е и оваа диета ама некако си ограничен во јадењето, значи мора тоа да го јадиш без отстапување... некако подобра ми е диетата на ирена, пошто тоа веќе и не е диета, тоа е правилен начин на исхрана... Од утре ја почнувам дефинитивно, и ќе пишам за резултати поззз
Ирена едно прашање ако се уште си на форумот дали на сабајле можам да јадам лиснато со крем а да не јадам овошје фала однапред
Јас мислам дека не. Сепак лиснато со овошје не можеш да споредуваш. А зошто да не можеш да јадеш овошје на сабајле?
Моја препорака,а ти како сакаш,чисто од култура и логика...не би ти препорачала да јадеш лиснато,затоа што се прави со многу путер или маргарин и е далеку покалорично и пред се полно со масти ,отколку другите пецива.
ирена а за ручекот што јадеш подетално може да ни кажеш ... мислам ако нема дома ништо спремено со што може да се замени ?