1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета за оние кои немаат физичка активност

Дискусија во 'Диети' започната од iskri4ka, 16 март 2010.

  1. GirlWithSmile

    GirlWithSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    Па на училиште сум на сабајле и таму бас и немам некои услови за држење на оваа и на било која друга диета сега здравје на 2 смена ќе биде подруго
     
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    irenna не ја прочитав темата целосно ама многу ми се допаѓа оваа исхрана. Намерно не пишувам диета бидејќи се разликува многу од диетите со изгладнување. Е сега мене ме интересира (се извинувам ако имаш пишано претходно) колку време се придржуваш на овој начин на исхрана? Дали е ограничено тоа пример како кај УН диетата што е 3 месеци? Инаку јас планирам да се хранам вака и најчесто и практикувам насабајле да јадам нешто благо или пециво (за енергија :D ) меѓутоа и навечер знам да си каснам нешто благо. Ќе пробам да го сменам тоа па ќе пишам колку сум успеала. :)
     
  3. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    И јас веќе 3 недели држам вака слична диета.
    Секој ден појадокот ми е овошје (најчесто јаболко)
    Ручекот ми е различен секој ден , ама практикувам еднаш во неделата да јадам месо (риба или пилешко)
    Еден ден јадам тестенини , без сирење , со малце путер и пипер :)
    Еден ден лесни варива, спанаќ, грашок.
    Еден ден ориз или компири.
    И мислам дека е најважно еднаш до два пати во текот на неделата да се практикува овошен ден, така си ги викам јас иако јадам сабајлето само овошје, а вечерта супа и салата.
    Сега за сега имам намалено некои 5 кг, се надевам и во иднина ке продолжам со истиот ритам.

    Иначе уште една работа којашто ја практикувам и којашто многу ми помогна е страната fitday.com
    Има опција секој ден внесуваш се што си јадел и ти ги брои калориите. Исто така кажува кои витамини си ги внесил , а има и опција да си зададеш цел за намалување на килограми , па ти пресметува колку калории треба да намалиш дневно за да ја постигниш целта.
    Она што најмногу ми се допаѓа е броењето калории, јас внесувам буквално се што ке јадам во текот на денот и на тој начин се ориентирам колку калории сум внесила.
    На почетокот внесував многу малце, по 600 некаде и се чувстував гладна, ама сега се навикнав
    и сосем ми е доволно, некаде во просек јадам околу 700-900 калории дневно , зависи од денот.
     
  4. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Мислам дека тие калории ти се малце... ама па што знам јас што никогаш не сум држела диета!!! Ниту пак сум вешта со броење калории ама ова fitday.com ми изброја 850 калории (од банана, киви, цеден портокал, сендвич домашен, чаша млеко и парче колач од вишни) а јас сето тоа го изедов пред ручек (а каде е супата грашокот и салатата што ги јадев за ручек и плус еден ред чоколадо) и да требаше да живеам со тоа цел ден одамна ке бев онесвестена :worried:
     
  5. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Па,реално малце се според она што пишува дека треба нормално да се внесува.
    За женски негде е 1700-1900 ако не се лажам , а за машки е повеќе.
    Ама изгледа многу зависи од организмот, јас ако јадам по 1900 калории секој ден ке се доздебелам...
    Отсекогаш сум имала проблем со тежината и тоа не 5-10 килца туку повеќе.
    И конечно сега си најдов начин на којшто можам да ги намалам килограмите.
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Вашава диета е малку подолга, за 20 дена од 5-10kg.
    Јас мојава што ја држев е доста ефикасна, и` се смеев на мама кога ми рече дека за 4 дена се слабеат 4 кила. :D Не е потребно да се има многу физичка активност, но добредојдено е во склоп со диетата да внесувате витамини.

    • 1. Компир варен 1kg;
      2. Јаболки 1kg;
      3. Шест варени јајца;
      4. Јогурт или кисело млеко 1-2l;

    Измеѓу се пие многу чај (било каков без шеќер, може со кафеав една лажичка), кафе и вода.
    Се слабее брзо бидејќи се јаде еден вид храна и многу побрзо се вари во желудникот.
    Кај мене беше ефикасно, со тоа што внимавав многу, ама направив престап на крај, не можев на една зелка да и` одолеам. :D Зелкар сум, тоа е. :$
    Веќе последниот ден почна многу да ми се лоши и бидејќи пијам Хеферол ме фати една луда дијареа. :rofl:
    Но, немојте да ја држите повеќе време. Факт е дека не е здрава.

    Со среќа на тие што ќе ја почнат, навистина е ефикасна. ;)
     
  7. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    ^^А тие за тие денови само ова да се јаде?


    1. Компир варен 1kg;
    2. Јаболки 1kg;
    3. Шест варени јајца;
    4. Јогурт или кисело млеко 1-2l;
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Можеш да додадеш таму кај јаболките и уште неколку ако ти се јаде, исто и кај компирите.Јас купувам кило ипол компири, со тоа што пола оди во лушпите. :D Aма немој да претераш. :)
    Јајца повеќе не препорачувам. :D
     
  9. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    À ова ти е за 1 ден како сто свакам секој ден исто јадес,а компирите како ги спремас
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Компирот најобичен варен со сол. :)
     
  11. marin4e

    marin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    10
    Диетава се држи само 4 дена и не повеќе? или може да се повтори на пример два пати по 4 дена или како????
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Ти можеш да ја повториш, ама не гарантирам за здравјето. Работата на организмот ќе се промени.
     
  13. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    380
    зраво јас сум нова тука. сакав да прашам ирена дали оваа диета е ефикасна бидејки за еден месец успеав да кренам 6 колограми па сакам да си ја вратам мојата фигура и моето стомаче?? :(
     
  14. Gavgamela

    Gavgamela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Диетата ме заинтересира и мене :) Само ако можеш да ми кажеш дали има некое правило, или количината на храна која што ја кажа (компири,јаболки,јајца...) сама си ја распоредуваш во текот на денот?
    Фала однапред
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Сама ја распоредуваш. :)
     
  16. blah-blah

    blah-blah Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    ирена може ли да направиш како план за пример 2-3 дена за твојата диета која е успешна кај повеќето.
    те молам највеќе!
     
  17. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Иренна дали си исклучиво на вода или пиеш и сокови, зашто јас сум зависник од сокчиња :)
    И млеко кога смеам да пијам, само навечер? и од тоа сум зависник :) а не ми оди некако после салата да пијам млеко...
    Инаку ти благодарам премногу за диетава, мислам дека на сите многу ни помогна :*
    И фала ти за одговорот однапред
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Сок може само наутро, најдобро е дома да си го цедиш, овој купечкиот има многу шеќер во него.
    Млако може само навечер, не мора да е веднаш после вечерата, може да направиш пауза, да вечераш па после некое време да се напиеш млеко.
    Јас благо млеко не пијам, јогурт пиев навечер, исто и сокови многу не пијам освен цеден лимон без шеќер, таков да ми горчи :D
    За доручек јадев парче торта од Специјал :) , ѓеврек, штрудла, милиброд, попкејк, обавезно едно парче овошје ( јаболко, портокал... што се наоѓа по дома ).
    За ручек си јадев нормално, што зготвила мајка ми, гравче, ориз со месо, компир- манџа, месо и компири... ако сакате побргу да симнете некое килце најубаво е да се откажете од лебот за ручек , а ако не можете тогаш едно кривче е дозволено.
    За вечерата пишав, во претходните постови.
    Важно е од еден до друг оброк да поминат 4 саати. Количината на храната сами си ја одредувате, некој што е повеќе физички активен ќе јаде повеќе.
    Најважна е комбинацијата на продуктите. Шеќери и јагленохидрати наутро ( за да се потрошат ) ручекот е нормален , а вечерата е салата и месо или млеко.
    И да напоменам дека ова не е магична диета, 5 кила за 3 дена, треба една недела за да го препрограмирате организмот, после тоа лесно оди :)
    Пишете како ви оди диетава, слабеете ? :)
     
    На MaRiJa86 и Breezy им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Јас на ова што е The biggest loser шоуво (запалена сум за него) :D
    фитнес тренерите т.е нутриционистите оваа диета ја препорачуваат
    насабајле 2 кришки црн леб со посна салама и посен крем сир и краставици и марула :D
    друга комбинација 2 кришки црн леб со 1 варено јајце домат и крем сир.
    Oва ќе му дојде ко сендвич! и само на сабајле може овошје
    е сега за ручек јадат месо со салата, или риба со салата!
    и за вечера пола од ручекот!
    исто имаат и по 2 ужинки на ден, најчесто нешто благо ко пудинг, или овошен јогурт!
    Aма тие вежбаат по 4 саати на ден :) и слабеат по 5 кила неделно :o
    за 10 недели по 30-40 па дури и 80 кила (оние подебелине над 2оокг) слабеат!
    Cупер е шоуво го обожавам, плус моооогу корисни совети даваат овие нутриционистиве :)
     
  20. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Фала Иренна, фала Лудото19,
    јас денес почнав со диетата на Иренна, и супер ми оди, кога ми се јаде благо или ми се пие сок,
    пијам две чаши вода на екс и ми поминува :)
    ќе ви пишам како ми оди, а вие што подолго ја држите, кажувајте како оди, може и комбинации - што сте доручкувале, што сте вечерале :)