ПОЈАДОК:Било кое благо, овошје, печива, тестенини (без месо све и без млечни производи све). РУЧЕК:Дома што е спремано+ЗЕЛЕНЧУК (салати). ВЕЧЕРА:ЗЕЛЕНЧУК (салата) + ПРОТЕИНИ.
Ќе може ли да ми кажеш што се може да се јаде а што е забрането и ме интересира дали на пример можеш 1 оброк во неделата да јадеш пица или сл.
На првата страница од темава постотот на Иренна од 22 март. има подетални информации за храната, т.е. опции што на пр. може да се јаде. Па нема некои ептен ригорозни забрани... благо и овошје јадеш ама само наутро, мевце на пр. можеш за ручек, навечер се салатите, јајца на пр. , исто и за вечера може месо, риба, туна конзерва, млечни производи-сирење, јогурт, павлака, кис. млеко...само мора и зеленчук да вклучиш. Мене ептен ми се бендиса диетава, на неа сум некои 22-3 дена, и навистина е ефикасна, симнав 7 кг. Пица не ти препорачувам, премногу е калорична, ама мислам дека ако ептен сакаш да каснеш пица нека биде тоа едно парче и тоа за ручек бидејќи се` можеш да ручаш дома што се приготвува со едно парче леб или без него.
Super, se isprochitav i reshiv da go pochnam nachinot na ishrana koj shto go predlozhila Irenna. Imam edno prashanje, dali mozhe so ruchekot salata da se jade? Trgnav na slabeenje
mi se dopadna ditata samo moram da pras blago dali moze bidejki sam zavisnik na blago tolku ne jadam leb otkolku blago :::::::
Ја натерав мајка ми од утре да ја држи диетата на Ирена, ќе пишам за резултати. Мене само едно ме буни. Нели наутро не се јадат млечни производи, а како тогаш може млечно чоколадо, торта и слично?
Хмм... што убаво ме испострвивте сега Јас сум од вчера на таа диетата со супа од зелка, пошто имам потреба од 15 кг. да симнам.. и денес ми е ден за зеленчук а овде си читам благо ова, благо она.. за мерак! Ама решена сум „машки“ да ја издржам оваа што ја почнав, прв пат во животот држам диета (мислам сум имала обиди ама ни првиот ден не сум го додржувала, оти си правев филм дека ми се врти или ми е лошо, а тоа не може ако внесуваш овошје и витамини 300). Но, после оваа со зелкава, обавезно ќе се фрлам на овој режим, ми изгледа прекрасно, баш ме радува што нема ограничувања ептен строги, туку само комбинациите се битни. И исто така, дека за доручек можам да јадам тестенини (ги обожавам!) оти не можам да смислам нешто ептен благо (како торта на пример) да ми биди прв оброк а сепак сум љубител на благо, но можеби после тестенините ќе каснам нешто минимално. Ви држам среќа на сите што го практикувате режимов на исхрана (стварно не може да се наречи диета, греота е ) па ќе ви пишам и јас кога ќе ја почнам, за да споделуваме резултати! Поздрав девојки и се надевам сите ќе имаме прекрасно лето, со прекрасен изглед
Планирам и јас од денес да почнам диета, незнам како ја викаат ама вака оди : 1 ден - неограничена кол. млеко (ладно) 2 ден - неограничена кол. кисело млеко 3 ден - неограничена кол. компир (варен) 4 ден - неограничена кол. банани 5 ден - неограничена кол. сокови, вода , кафе или чај ( според мене најтешкиот ден ) 6 ден - неограничена кол. салата ( зелка, марула, домати, краставици или ротквици зачинети со сол и оцет ) 7 ден - варено месо 400 гр. Диетава ми ја кажа тетка ми , таа има ослабено 4 кила за една недела.. Епа ај со лесно нека ми е , и на тие што се решиле да слабеат секако
Dietata so mleko cel den, kiselo mleko cel den i.t.n.: 1 ден - неограничена кол. млеко (ладно) 2 ден - неограничена кол. кисело млеко 3 ден - неограничена кол. компир (варен) 4 ден - неограничена кол. банани 5 ден - неограничена кол. сокови, вода , кафе или чај ( според мене најтешкиот ден ) 6 ден - неограничена кол. салата ( зелка, марула, домати, краставици или ротквици зачинети со сол и оцет ) 7 ден - варено месо 400 гр. za mene ne e normalna, toa e shok za zheludnikot, taka ne se pravi. Na organizmor edninstveno shto mu e potrebno e pravilniot nachin na ishrana kako shto go sproveduva Irenna, vakvi dieti so 4 kg nedelno slabeenje ne se preporachlivi i zdravi.
За тие што се решени, и секако спремни зашто да не.. Како што кажав, имам повеќе познаници што ја држеле диетава и ништо не им станало, нормално имаале кризи за јадење ама сепак чим се решиш ја тераш до крај..се е до карактерот
Незнам за последнава, ама јас ја почнав таа од Ирена и прекрасна ми е засега. Воопшто не почувствував глад, немам забранети состојки (освен мешањето на протеини и ј.х, нормално) и се ми е ок. После искуството со супата со зелка, не ме интересираат брзи резултати, пошто доволно им беше едно кинење на желудникот, од оваа барем ќе слабеам полека, а ќе си јадам вкусна храна и ќе слабеам природно и спонтано.
Епа тоа е тоа што му треба на организмот, полека, бавно, без шокови на желудникот. Сите тие диети со кои има брзи резултати на слабеење се целосно нездрави. Кажими колку време го применуваш нацхинот на исхрана кој што го предложи Иренна и дали си ослабена.
Зашто не сме бестрашни. И најверојатно зашто сакаме живи да ги дочекаме позитивните резултати на нашето здраво слабеење.
Најдобрата диета, т.е. начин на исхрана, кој дава резултати, проверено. Јас ова го практикував се` до последнава година кога си реков океј згодна сум, ќе си јадам паста и пица... Почесто него шо треба али ок. Сеа и јас си се вратив на ова. Ем не гладувам, ем се слизнува све шо е вишок, постепено, а доволно брзо ако се прашувам јас. Спласнува стомакот за почеток, одма кога ќе се намали со храна, за 2-3 дена. Топло препорачувам, со тоа што има пар грешки во постарите постови, милиброд или торта за доручек не, пошто имаат во нив јајца, млеко... Поентата е да не се меша.
Леле какви апчиња, НИКАКО!!! Јас пиев Слим Лине, векје кога стигнав до дванаесеттото апче почна да ми се повраќа, не можев да продолжам да ги пијам, а и апетитот ми се зголеми, значи по пиење на десеттина апчиња ефектот се сведува на нула. Тоа и не е толку важно, колку што е важно дека имаат штетно влијание врз здравјето. По 2-3 месеци, добив срцебиење и сушење на устата, мислев дека ќе умрам, хитно ме однесоа ЕКГ да ми направат, и ми рекоа дека тоа е последица на апчињата. Така да ви препорачувам да не пиете ништо што е поврзано со хемикалии. Ниедни апчиња не се на присодна база. Ме интересира со ваков режим на исхрана како на Иренна, колку може да се ослабне за четири месеци, нека пише некој.