Диета за подмладување

Дискусија во 'Диети' започната од N.A.T.A.S.A, 31 август 2011.

  1. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    475
    Супер диета за 7 дена

    1.Ден

    Доручек: 2-3 лажици овесни снегулки, 1/2 чаши ниско калорично млеко, 1/ 2 лажици какао, 3 јагоди, 1/ 2 јаболки и 2 лажици ореви

    Ужина: 5 интегрални крекери

    Ручек : тањир супа од моркови и ѓумбир, порција интегрален ориз со зеленчук

    Ужина: чаша чоколаден пудинг ( без шеќер ), 15 кикирики

    Вечера: Лосос филе, маслиново масло, 1/ 4 глава зелка, парче интегрален леб, половина шоња диња

    2.Ден

    Доручек: пола чаша рикота, лажица мед, 1,5 лажици исецкани бадеми, 1/ 2 праска

    Ужина: Урда со сусам

    Ручек : 5 бебе домати, 1/ 4 свежа краставица, една лажица копра, 2 лажици фета сирење, 2 лажици немасен јогурт, пита леб

    Ужина: Јаболка, 3 ореви, 2 лажици немасен јогурт

    Вечера: чаша тестенини, сос од моркови, 3 чаши свеж спанаќ, 1/ 2 лажици лук и маслиново масло

    3.Ден

    Доручек: чаша пченица, чаша немасен јогурт, 1/ 2 шоља јагоди, 2 лажици семки од сончоглед

    Ужина: јогурт со бадеми

    Ручек : парче пилешки гради, чаша интегрален ориз, домати, 1/ 4 црвени пиперки, 1/ 4 зелени пиперки

    Ужина: 1/ 4 чаша рикота, 1/ 4 лажици екстракт од ванила, 3 јагоди, 1/ 4 крекери

    Вечера: свинско филе со зачини и оцет балзамико, салата од овошје, компир печен

    4.Ден

    Доручек: парче интегрален леб, 2 парчиња сланина, парче немасно сирење, пола чаша диња со цеден лимон

    Ужина: интегрални житарици, зелен чај

    Ручек : вегетаријанска плескавица со моцарела и домати

    Ужина: 5 малини, немасен јогурт

    Вечера: салата од пилешки прсти, моркови, црвена зелка, сок од портокал, жолта пиперка и 1/ 2 чаша бадеми

    5.Ден

    Доручек:овошје, интегрално пециво, 6 бадеми

    Ужина:парче интегрален леб, 2 лажици хумус, 10 бебе домати

    Ручек : интегрална тортиља, лажица мајонез, домати, неколку листови зелена салата, 1/ 4 авокадо, парче сирење, слива

    Ужина: банана, 1/ 2 лажици путер од кикирики, 1/ 2 лажици крем

    Вечера: пилешки прсти, чаша брокула, зелена салата, 5 бебе домат, 2 лажици малце масен прелив за салата

    6.Ден

    Доручек: интегрална тортиља, парче козјо сирење, домати, 1/ 4 авокадо, 2 јајца, маслиново масло

    Ужина: парче интегрален леб, 2 лажици бел лук, домати

    Ручек : парче туна, салата од спанаќ со авокадо, интегрална тортиља, чаша боровинки

    Ужина: 1/ 2 чаша исецкана лубеница, 3 лажици фета сирење

    Вечера: чинија супа од компир, тањир кус-куса зачини и бадеми

    7.Ден

    Доручек: кикирики и јагоди

    Ужина: чаша урда, 15 зрнца грозје

    Ручек : салата од пилешки прсти со зеленчук, ореви, фета сирење и балзамико оцет, немасен јогурт, 2 лажици семки

    Ужина: 15 бадеми, еден ред темно чоколадо

    Вечера: риба со пченка, спанаќ и домат, чаша интегрални тестенини со брокула, црвени пиперки, фета сирење и балзамико оцет.
    Иначе диетата ми е прочитена но не сум ја користела :)
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.144
    Е како можеш да се подмладиш? Да го вратиш генот за стареење наназад? Ако беше така сите ќе останевме вечно млади и немаше да постојат Ботокс и остали пластични хирургии.
    Сите знаеме дека ореви, бадеми, лешнеци...се полни со витамини Д, Е, цинк кои ја прават кожата поеластична и ја освежуваат.
    Приложената диета е полна со витамини и минерали, протеини, белковини... и за тоа секоја чест.
     
    На betidule му/ѝ се допаѓа ова.