1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета комбинирана со вежби

Дискусија во 'Диети' започната од Aura, 5 мај 2010.

  1. Aura

    Aura Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Секој сака да изгледа убаво во своето тело, и секој презема нешто околу тоа, кој помалку кој повеќе, кој на ваков начин кој на онаков, тоа е индивидуално. Вистина е дека со диета можеме да ја добиеме посакуваната форма и тежина, но, добра диета (по ваша желба, која вклучува секојдневно внесување на потребните витамини и минерали за енергија) заедно со вежбање мислам дека е најдобриот третман за нашето тело. Не само за време на диетата, туку за задржување на формата на телото, без враќање на непосакуваните килограми.

    Јас секое сабајле, кога ќе станам наутро, најчесто во 8 часот, пијам пола литро вода. Правам неколку минутна пауза, спремајќи се за вежбање, и потоа вежбам 30 минути (можете да правите какви год вежби за затегнување- јас правам стомачни и вежби за зацврстување на задникот, секое по десет пати, едно по друго, со пауза од две минути највеќе, или пак ако имате простор- можете да скокате на јаже), а потоа 45 минути одмарам и не внесувам ништо, по 45 минути после вежбањето слободно можете да доручкувате.

    Го правам ова три недели, и во текот на тие 45 минути се туширам, се спремам за на факултет или за учење, се чувствувам свежо и многу лесно. Секако дека внимавам што јадам, имам три оброка во денот, но помали и со многу салата, и во текот на денот пијам многу вода. Моите резултати се многу задоволувачки, затоа што од 58 кила се симнав на 55, и не можев да верувам.
    Немам воспаление на мускули, што може да се случи првата недела, но потоа брзо поминува.

    Па, затоа што мене ми успеа, чувствував потреба да споделам со вас, и ако држите некоја диета, можете да комбинирате со мојот стил на вежбање наутро, и јас искрено се надевам дека ќе ви успее :)

    П.С. после колоквиумите, размислувам кејот покрај вардар да ми биде втор дом :D
     
    На Bad-Mina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Читав дека девојките имаат фобија од сало, и тоа е вистина и превземаат се за да го избегнат и да го спречат несаканото дебеелеење.Летото е на врата , па сите сакаме да бидеме зацврстени и да имаме убаво обликувано тело, но некои и не се ни грижт за изгледот и не ги интересира како ќе изгледаат.Вежбањето е еден најдобар и најдзрав начин за обликување и одржување на телото фо форма.За слабеење најдбора комбинација е визичка активност(вежби) и здрава исхрана односно план за исхрана, во визичка активност спаѓаат и аеробик, пилатес, јога, трчање, прошетки, брзо одење, скокање јаже, вртење хулахоп или обични вежби, стомачни, кардио вежби итн.Треба да се пие и вода, но не да се претерува.
    Внесување на многу овошје и зеленчук е голема предност.Вежбањето во тинејџерските години , го спречува брзото стареење и убаво го обликува телото.
    Вежбајте се почесто и вежбањето нека ви стане навика
    ВО ЗДРАВО ТЕЛО, ЗДРАВ ДУХ !
     
  3. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Па вака .. 5 дена сум на чуден режим на исхрана ( барем според мене зошто не бев навикната )
    не ми беше според некоја диета , онака според мене си одев :)
    Дека сум прва смена во школо ќе станам и ќе изедам чинија мусли или со млеко или јогурт ...
    за голем одмор ништо не зимам ..
    Ќе дојдам дома ..
    1 ден јадев цела чинија патлиџан со сирење и гравче малку без леб
    откако се најадов пола саат се одморив .. да не вежбам одма како будала ..
    Потоа се качив на орбитрек .. почнав по 20 мин .. бев жива вода :) откако се истуширав си легнав и си го ставил Vibra tone на стомак , се дрмав пола саат .. потоа пола саат на задникот и си легнав ! уморна бев многуу :D
    Кога станав си направив сок од јаболко на соковник и толку беше првиот ден ..
    2 ден јадев за ручек исто таква салата само грашок манџичка без леб .. и на орбитрек вежбав 40 мин .
    3 ден . јадев супа , салата и компири печени и изрендав кашкавал на него... а на орбитрек вежбав 60 мин ..
    4 ден . јадев салата и боранија манџичка без леб .. и си продолжив со орбитрек саат и вкупно саат на Vibra tone ;)
    5 ден . денес ќе јадам иста таква салата и скуша риба мама ќе прави мммм :P
    Се чувствувам многу поубаво !! и планирам да продолжам така .. она не е некоја диета .. само здрав начин на исхрана.Вчера си купив корнфлекс , мусли чоколадни , леблебија ,диетални грицки ,диетален јогурт и така ... :D
     
  4. Girl4ever

    Girl4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И ЈАС ИМАМ ЧИТАНО ДЕКА НАЈДОБАР НАЧИН ДА СЕ ОСЛАЕ Е ВЕЖБАЊЕТО ЈАС ВОПОСЛЕДНО ВРЕМЕ ВЕЖБАМ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО И НАВИСТИНА ИМА РЕЗУЛТАТИ ЕВЕ ШТО ПРОЧИТАВ И ТУКА http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 1%81%D1%82 8) :lol: |(
     
  5. bibuska1234

    bibuska1234 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Помагајте како да ослабам барем 5 кг за еден месец. Одсекогаш сум имала проблем со килограмите, но овој пат не можам да разберам што ми се случи. Зимата бев доста активна и под стрес и наеднаш ослабнав премногу и имав само 47 килограми. Потоа постепено се вратив во нормала и изгледав одлично. Но сега моментално сум во Америка и не знам што ми се случи за еден месец успеав да се здебелам дури 7 килограми.Моментално имам 59 килограми и не можам повеќе да се поднесам кога ќе застанам пред огледало мислам дека ужасно изгледам. Особено имам вишок сало околу стомакот, но и кај задникот и бутовите. Кажете ефикасни вежби и некој режим на исхрана или пак некоја диета за да се вратам во нормала дури да се вратам назад во Македонија.Имам време до 15 октомври па ве молам помагајте :)