Наместо бурече, панцерота или тост ќе си носиш од дома некое овошје, ем ти најадена ем пари заштедено
сум пробала сите гледаат ко да си некој чудак а сум пробала да не јадам тогаш пак да не немале мојте пари за јадење да ми дадат
епа тогаш ке си зимаш по 50гр јаткасти плодови (лешници,бадеми,ореви(индиски),семки или пак микс од овие сите)
Овој проблем многу често сум го имала факт е дека неможеш да "опстанеш" со овошје или некои јаткасти плодови, се работи за 6-7-8 часа во денот кој што самите посебе се напорни. Кога ќе бидеш втора ссмена гледај да јадеш одма пред заминување нешто дома тка можеш да издржиш .. исто така прави си и зелен лај од дома пиј си го малку по малку автоматски гладувањето се осложува а и имаш внес од пола литар течност А бејкролс и житарици од виталиа можеш да јадиш при секоја диета сепак си средношколка т.е тинејџерка
Најмногу килограми изгубив во средно, четврта година. Не се придржував на никакви строги диети, туку само внимавав на видот на храна што ја внесувам. Секогаш појадував дома, независно дали почнувам со школо сабајле или попладне. Појадокот се состоеше обично од мусли или овесни снегулки со млеко, јаткасти плодови и некое парче благо. Не се штедете утрински, ви треба повеќе енергија. Секој втор-трет ден носев зелен чај, претходно сварен од дома. За голем одмор кога беше време за ручек јадев нешто приготвено од дома, пример салата + мешан зеленчук или некое полесно месо. Доколку немате време за тоа дома може да си купите готови салати од речиси сите супермаркети. Правев отстапки од овој режим, но во тој случај купував интегрални пецива или нешто со помалку калории. И не е срамота да си го практикувате ова во никој случај (ако помисливте на тоа) колку што е да кркате хамбургери или тостови секој ден.