1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета од нутриционисти

Дискусија во 'Диети' започната од lovely-pretty-girl, 3 мај 2012.

  1. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    Диетата трае 13 дена и за тоа време можете да ослабнете 8 – 10 килограми. Диетата е балансирана и се препорачува од нутриционисти.

    Ден 1/ појадок чаша зелен чај, ручек две варени јајца, домати и зелена салата без зачини. Вечера 150 грама варено телешко и спанаќ на пареа.

    Ден 2/ наутро чаша зелен чај, ручек печено телешко 150 грама, салата од домати и марула. Вечера супа од зеленчук, но без компири.

    Ден 3/ наутро мусли со јогурт, ручек варено пилешко и зелена салата. Вечера две варени јајца и салата марула.

    Ден 4/ наутро чаша зелен чај, ручек едно јајце, парче сирење и 2 моркови. Вечера овошна салата и чаша кисело млеко.

    Ден 5/ наутро рендани моркови со лимонов сок. Ручек риба на скара и домати. Вечера телешко варено и зелена салата.

    Ден 6/ наутро мусли со јогурт, ручек парче пилешко на скара и салата марула. Вечера телешко варено и домати.

    Ден 7/ наутро чаша зелен чај, ручек телешко варено и салата. Вечера овошна салата и чаша кисело млеко.

    Од 8 – 13 ден менито се повторува. количината месо на секој оброк изнесува 150 грама. Вода се пие по 2 литри секојдневно.

    .........................................................................

    што мислите за диетава? ефикасна ке да е? ја има пробано некој? нешто не ми дејствува ниедна диета во последно време , се разочарувам ..... сакам да ја пробам оваа. пишете мислења и искуства :)
     
  2. sanja-84

    sanja-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    ми се допаѓа диетава, повеќе е на протеини, па може да има и резултати :) само не знам како би издржала да не каснам овошје на сабајле или цеден сок :) веќе сите диети ги пробав, па може и ова да се проба :P
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Диетава е тешка и е тотално без смисла. На ова топло, напиј се само чаша зелен чај наутро и излези цел ден врши ги обврските до нутриционистичкото време за ручек, т.е до 16 часот без ништо друго да ставиш во уста, па види дали нема да завршиш припаѓајќи по улици, евентуално автобуси.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sanja-84

    sanja-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    епа да, и јас на тоа мислев. многу е строго до ручекот, а да се јадеше овошје, пак друго е, ти дава енергија :) или некое бадемче или лешниче, ама тоа е веќе друга диета :)
     
  5. Petra79

    Petra79 Нов член

    Се зачлени на:
    Среда
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Колку што имам читано еден начин исхрана е добар ако месечно се губат по околу 3 кг и така во континуитет од 2 до 4 кг, без притоа да си го нарушиш здравјето...