Во кој дел од денот се јаде овој "поручек"? Овесна каша, и било која житарица, се јаде за доручек бидејќи се шеќери.
Диетава нахранува само ако единственото движење во текот на 24 часа ти е кревет-тоалет. Не дај боже да праиш некоја физичка работа.
Хунзите кои се најздрав народ во светот гладуваат 2-4 месеци секоја година а диетава е само 14 дена и супер е за детокс. https://www.slobodenpecat.mk/plemet...ajna-za-dolgovechnosta-se-vika-gladna-prolet/
Поручек е истото што и доручек. Тоа е првиот оброк наутро. Има интегрални житарки кои не содржат шеќери. И тие можат да се конзумираат. Сметам дека е подобро од хељда за да се јаде секој ден. И овесната каша јас ја подготвувам дома со овесни снегулки така да немаат тие шеќер што ги правам.
Ова мора да е од некој крај на Македонија Многу чудно "по" да е пред ручек Инаку житариците сите содржат шеќери, без разлика дали се цело зрно или рафинирани. Се вбројуваат во јаглегидрати. Секако интегрални се поздрави, нутритивниот состав им е подобар.
Не ви се повраќа три пати на ден скоро исти оброци? Колку и да е убав некој оброк или храна после три дена ќе ти се згади ако само тоа јадеш. Плус без сол и зачини, без вкус.Солта не е зло. А и кога ќе прочитам да се одморат органите за варење лол. ---- Може ли да отвориме категорија за нутриционизам и метаболизам плсссс?
Вака Никоја од вас не ја терам да ја држи диетава.... Пребарај ја на гугл ја има а и на you tube значи не ми е измислена... Ја направив темава бидејќи има и други диети нз 5кг за 3 дена и други...ја држев ун-диета имав одлични резултати не се вратив на старите навики туку ги сменив се обидувам да сменам постепено... Е сега знам дека има девојки кои бројат калории,плаќаат по 2000д за нутриционисти и ред други работи.... И девојки кои знаат се... После третиот пораѓај некако полесно ми се враќаат килограмите бидејќи немам секогаш време за јадење а вака јадам повеќе пати и тоа е тоа... Ова ми е експеримент како што пишав и погоре ме интересира колку би симнала јас а вие неморате да јадете хељда 14дена.... Тоа е реалноста... Поздрав и убав викенд.. Мача чај..Хељда и круша
Некаде прочитав дека воопшто не било точно дека се толку здрави како што се прикажува, напротив. Инаку, храната која е богата со јаглехидрати е далеку од здрава.
Јаглехидратите треба да бидат со најмал процент застапени, во спротивно постои опасност од дебелеење и висок шеќер во крвта. Не да се исфрлат сосем, но не треба да бидат претежни во исхраната пред протеините и мастите. Секако, игра улога и медицинската состојба на поединецот.
Тотално погрешно. Јаглехидратите треба да се најзастапени во дневниот внес, околу 50% од внесот на макронутриентите во секоја балансирана исхрана. И има голема разлика од прости јаглехидрати и сложени јаглехидрати. Не сите јаглехидрати се врзани со покачување на шеќерот во крвта, баш напротив. Одредени овошја кои се полни со јаглехидрати помагаат за регулација на нивото на шеќер во крвта. Настрана од тоа сметам дека диетава не може да има долгогорен ефект и не сметам дека е добра и балансирана ваквата исхрана.
Според статистичките параметри во просек живеат 120 години а немаат ниту еден забележан случај на заболен од канцер, лесно може да се провери тој податок, гладувањето кое го практикуваат секоја година допринесува за алкализација на организмот а канцерогените материи не опстојуваат во алкална средина затоа и тајната на долговечноста ја препишуваат на гладувањето. Како диета за слабеење можда и не е најдобра опција оваа диета затоа што за слабеење клучни се навиките и самоконтролата што после диетава ќе дојдат до израз, дали воопшто ќе можеш да одолееш на одредена количина на храна после подолг период гладување и да одржиш еден баланс и калориски дефицит, но како диета за детоксикација е добра.
Има точно разлика, ама се повеќе се форсира исхрана од типот на LCHF. Е Не мислев на гладувањето, туку на фактот што користат премалку протеини во исхраната. Како и да е, таму е многу почист воздухот и почвата, почист од повеќето места на светот, па и тоа што го консумираат е поздраво
Ова е мит. Нормална пх на човек се движи околу 7.4 и тоа варијацијата е многу мала. Сѐ над и под оваа бројка веќе нарушува функција на ензими и на мускули и нервен систем. Покачена или намалена пх во тело е знак за болести на бели дробови, црн дроб или бубрези Пх знае многу малку да варира при нормални метаболички процеси од некои продукти ама затоа има регулациски механизми кои веднаш го исправаат тоа.
Можеби други состојби и болести кои може да се третираат но не и канцер и кај нив очигледно функционира во нивна полза. Но не се единствени кои живеат на планина на чист воздух туку по начинот на исхрана се издвојуваат.
Во Охрид за појадок или доручек викаме поручек. Дијалектот е таков. Он топик иначе, не сум присталица на вакви диети.
Многу неточно. Јаглехидратите се основно средство за живот. Не може по ни еден основ да се класифицира цела оваа група на соединенија како нездрава. Инаку тоа со периодите на гладување е до некаде точно.Автофагија може да го забави процесите на стареење.Е сега дали е тоа значително или не, не знам.
Секој дел од телото си има своја посебна пх вредност, некаде покисела, некаде поалкална. Тоа не можеш да го смениш безразлика што и да правиш. Телото си има премногу механизми за да ја одржува таа пх вредност константна во секој момент. Ако од некои причини, таа вредност се наруши (алкалоза или ацидоза) тоа е ургентна состојба за која се вика итна помош пошто може да се умре. Ова што успеале да ве убедат дека се алкализира организмот со лимони, е само трик за правење пари. Не потпаѓајте на трикови.