Вадиш една реченица од цел пост која е премногу општа за дискусија, постот се однесува на Хунзите и како тие со специфичниот начин на исхрана прават алкализација во организмот до одреден степен во одредени периоди по кое што стручњаци утврдиле дека е полезно во борбата против малигни заболувања впрочем и никогаш не бил забележан случај на канцер кај нив а и просечниот животен век потврдува дека таквиот начин на исхрана е делотворен и го забавува процесот на стареење.
Не знам ништо за Хунзите. Сакам да ти кажам дека алкализација на организмот не можеш да направиш со ништо. И не треба да правиш. Така тие два термини да стојат еден до друг е скрос погрешно.
Ама ниедна исхрана или нејадење не прави хронични промени во пх оти ако направи, штетно е и животозагрозувачко. При метаболички процеси има многу, мнооогу мали варијации кои се резултат на некои метаболички продукти ама тие варијации се исправаат веднаш со пуферски системи. Во случаи на бубрежни оштетувања или на црн дроб, може да е нарушен метаболизмот на овие органи и тогаш да има акумулирање на тие супстанци кои нарушуваат пх што е опасна ситуација. Било кој со основни познавања од метаболизам треба да ги знае работиве. Едит - нарушена пх исто така се случува и при труења.
Немам јас такви познавања не студирам тоа ниту пак е тема од општи познавања. Не велам дека не сте у право само ми треба извор од каде тоа дека алкалноста или киселоста во организмот имаат/немаат поврзаност со малигни заболувања и како исхраната нема влијание врз киселоста на организмот.
Па не знам каков извор да ти посочам, ова е како да ти речам дека од срцев удар се умира и да ме прашаш за извор Со малигност не е поврзано затоа што алкалоза и ацидоза се хитни состојби што мора одма да се корегираат. Нема да има време организмот да развие малигно заболување. Иднината на медицината е во онкологијата затоа што баш многу работи не се знаат за разни видови рак, вклучувајќи и причинители. Хунзите се толку неистражени така што не ни знаеме дали има кај нив рак или не. И да нема, причините можат да се многу бројни, но не и алкализација. Исхраната дефинитивно може да е канцерогена и неканцерогена, но не заради алкалност. Маркетиншки трикови се преку кои многу се прават пари на сметка на народ, зошто човек на мака све ќе проба. Детокс, алкализација на крвта, одморање на органите и слични изрази. Ова ти го кажувам чисто да си знаеш да не се излажеш да даваш пари за производи што ветуваат нешто што нема логика зошто удираат на јак маркетинг.
Еве ја студирам. И пх и регулација на пх е нешто што е меѓу основните работи во метаболизам и биохемија. Чист пример - алкалоза можеш да предизвикаш сам на себе со хипервентилација (брзо и длабоко дишење) кое е предизвикано при на пример паничен напад. И тогаш следува конфузност, грчење и тресење на цело тело, трпнење, гадење, дезориентација, несвестица. И работиве се случуваат ради покачена пх која пак е резултат на нарушена рамнотежа на пуферските системи. Значи....алкалозата не е посакувана состојба и има последици.
Алкална диета е уствари најмногу веганска диета минус процесирана храна.Колку што имам гледано тоа е отприлика.Само е вклучен фенси концепт за pH, а инаку секако дека има придобивка од таков начин на живеење бидејќи пак поентата се сведува на здрава храна.
Девојки ејј ај оладете малку..може!? Темава не ја отворив за да читам која од која е попаметна и поначитана... Знам дека не е во ред да јадам само одредени работи... Се работи за само 14дена а не за 14недели.... Направете тема "негативните ефекти и последици од диетите и таму мерите ги силите" Никој не ве тера да сте на диета ако неморате но има некои кои сакаат и затоа смирете се малку... Убав викенд
Кажи ми,те молам.овој чајов од каде го купуваш?И каков е?Имам слушнато дека е ужас за пиење,ама па сакам да си земам и да почнам да пијам
Од бако го купив јас... Не мн баш woww на вкус ама ставам малку мед и мраз повеќе и стисни заби и пиј...со млеко не ми бил убав Можеш во смуди да ставиш јас и во палачинки ставав баш во оваа видео ми е снимано
Утрово се мерев неможев да додржам Од 85,900 на точно 83кг сум Неделава уште 2помалку да се јас сум задоволна... Работно и денес прво јаболко изедов
Добро утро Едноставно совршено Хељда Банана(пол пасирана пола одозгора) ванила јогурт и аронија и цреши одозгора
Уште една блага варијанта Кој би рекол дека е диета!? Хељда Банана црвена вилиамовка и јаболко и малку мед Одозгора исто со плус аронија и цреши
Уште утре диетава ќе ми недостига хихихи Денес на мени Хељда Краставица и кисело млеко и малку соја сос