1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета со компири - еден килограм дневно

Дискусија во 'Диети' започната од lovely-pretty-girl, 9 октомври 2012.

  1. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    Ова е уникатна и ефикасна диета, која ќе ви помогне мошне брзо да намалите килограми и да го прочистите телото од наталожените токсини. Компирите се употребуваат за прочистување на дигестивниот тракт и целосна детоксикација на телото бидејќи содржат супстанции кои ефикасно ги елиминираат слободните радикали, го активираат метаболизмот и топењето масни наслиги, како и елиминирање на вишокот вода од организмот.

    800 грама компири се јадат секој ден. Измијте ги, исечете ги на кругови и печете во рерна до добивање на златно-кафеава боја. Разделете ги на 6 порции и јадете ги топли без никакви зачини. Освен компирите дозволено е да се јаде краставица, зелка, марула и домати.

    Пијте најмалку 10 чаши вода секој ден. Една чаша зелен чај наутро и една навечер.

    Оваа диета трае само 6 дена бидејќи е монодиета, а ќе успеете да намалите 6 килограми за тоа време. Ако вие сакате да намалите повеќе од 6 килограми, направете пауза од неколку дена и потоа повторно почнете со истиот режим дополнителни 6 дена.

    -------------------

    што мислите, ефикасна е?
    дали би ја пробале? :)
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    ДИЕТА СО КОМПИРИ – ПО ЕДЕН КИЛОГРАМ ДНЕВНО

    Ова е дефинитивно лоша, неефикасна диета.
    Со овој режим на исхрана можеш да постигнеш само шок за организмот. Никако не ми е логично 6 кг за 6 дена да се изгубат, а и да се изгубат по некоја случајност, тоа се течности, а не сало.
    И молим ти се, кој би издржал секој ден да јаде по 1 кг компири? Јас не би :shake:
     
  3. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    ДИЕТА СО КОМПИРИ – ПО ЕДЕН КИЛОГРАМ ДНЕВНО

    Ужас!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Само јаглехидрати и нешто малку витамини од зеленчукот? Ужас Ужас Ужас. А што е со создавање на здрави навики за исхрана за да нема јо-јо ефект. Секоја диета е ефикасна доколку де доведе до баланс, која те учи како целиот живот треба да се храниш без одрекувања, ќе те направи да бидеш здрава личност и сл.
     
  4. la.lori

    la.lori Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    6
    ДИЕТА СО КОМПИРИ – ПО ЕДЕН КИЛОГРАМ ДНЕВНО

    хмм диетава навистина е диета со јо-јо ефект а тоа што ке се ослабне 6 килограми можно е да се изгубат толку но вика пауза за време на паузата може да си ставиш 3 килограми и ништо нема да наравиш.Јас би му препорачала на секој ако сака да ослабани да оди на нутриционист. Тој ќе ве следи цела недела ке ви даде здрав режим на исхрана и ефикасно изгубени килограми. Речиси сите нутриционисти користат ист начин односно протеински,скробен,јаглехидратен ден и овошен ден како УН Диетата. :)
     
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе се ослабе 6 кг за само 6 дена.
    Јас и мајка ми ќе ја почнеме од утре и ќе ја држиме 6 дена.Ни се допадна затоа што е за детоксикација на организмот,регулирање метаболизам.Значи не е поентата само губење на кг туку и за детоксикација.Воопшто не е лошо да му се даде на организамот шанса барем еднаш годишно да се прочисти.И плус нема да ја држите вие 1 месец па да изгубите незнам колку витамини,затоа и е за само 6 дена.Јас сум си љубител на компири и мене не ми е проблем да ја држам,а дозволено е и свежа салата да се јаде.
    Ќе пробам па ќе ви кажам како е :)
     
    На lolyta777 и pamelche им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    И јас би ја пробала, сакам компири и тоа многу, плус може зеленчук да се јаде, се пијат течности, ете зелен чај може итн.итн....
    Само не ми е нешто јасно, да се поделат на 6 порции и да се јадат топли, па нели ќе се оладат во текот на денот, треба да се затоплат пред да се конзумираат :?:
     
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Па и мене ме збуни малку тоа со 6 порции и да бидат топли :^) Ние ќе јадеме 5 порции (појадок,ужинка,ручек,ужинка,вечера) и немам намера да ги топлам на секое,ладни ќе си ги јадам.
    Ќе ги печеме без зејтин и цели компирчиња (во тавата фолија,па наредени компирите и затворена тавата со фолија).
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mariee

    Mariee Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    sto se sluci , ima efekt dietava ja drzese nekoj...mene mi sedopaga
     
  9. petrovska11

    petrovska11 Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
  10. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    јас ја држев само еден ден и ослабнав 2 кг. ако ја држев подолг период можеби и повеќе ќе ослабнев, но не сум дебела па само онака ја пробав. колку од љубопитност. :)
     
  11. femina.girl

    femina.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    дали некој ја држеше диетава...резултати????
     
  12. Sweetyy123

    Sweetyy123 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас сега ја држам диетата со компири кај што се слабее 5 кг за 3 дена. Ќе ви пишам како е. :rofl: