Диета со лебни единици

Дискусија во 'Диети' започната од viki85, 20 ноември 2010.

  1. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Јас со оваа диета ослабнав 45 кг. за една година. Физичка активност не правев никаква (но предвидено е активност од пола саат секој ден, по можност брзо пешачење), одев на третмани за топење на целулит и за затегнување на кожата. Имам дијагноза инсулин резистенција, и диетата ми ја даде доктор ендокринолог. Примав терапија, глукофаж, напоредно со диетата. Имам пробано стотици диети, но успеав само со оваа, веројатно заради проблемите со инсулинот. Диетата е на база на броење лебни единици и калории, се јаде шест пати на ден, 3 оброка, 3 ужинки, 1300 калории вкупно. Диетата ја испробаа и моите другарки (кои немаат проблеми со инсулинот) и имаше голем ефект и кај нив. Тешко ми беше зашто има предвидено многу малку овошје, инаку никогаш не бев гладна, и слабеев умерено и здраво. Ја препорачувам на сите што сакаат да изгубат поголем број на килограми, а да си го задржат здравјето :)
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Значи што сакаш можеш да јадеш, битно да не биде повеќе од 1300 калории?? Колку што разбрав... :^)
     
  3. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Мора да се распределат калориите. Се јаде 300 за појадок, 100 за ужинка, 400 за ручек, пак 100 ужинка, 300 вечера, 100 ужинка. Ужинките не мораш да ги јадеш, можеш да изедеш ручек од 500 калории на пример. Диетата ја има во повеќе варијанти, со 1100 калории, 1500, 1800 или така нешто. Слабеењето оди бавно, ама сигурно, и самиот режим е многу здрав. Напоменувам дека диетата е за луѓе со дијабетес или проблеми со инсулинот, и затоа се избегнува бел шеќер, компири, леб, и големи количини на овошје
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    taze dijabeticar sum.mi treba pomos okolu kolicinata na lebnite edinici.se trudam da si go vospostavam noviov nacin na ishrana.me interesira sto sve mozam da jadam i najvazno,po kolku kolicinski.odnapred blagodaram za sovetite.