еве ви уште една диета..... Диета со пилешка супа – 5 килограми за 7 дена Оваа диета е создадена да трае 7 дена и покрај тоа што во многуте нејзини верзии се вели дека може да трае колку што вие ќе посакате, или колку што вие имате потреба. Важното е да се знае дека со нејзина помош дефинитивно намалувате 5 килограми неделно. Таа се состои од една рецепта за супа и 5 различни видови појадок по избор. После појадокот единственото нешто што е дозволено до следното утро е супата. Продукти неопходни за приготвување на супата: парче рен, целер, пиперка, лук, 700 грама пилешко, 450 грама моркови, 300 грама брокули, една половина кромид, сок од половина лимон и две лажици маслиново масло. Наутро можете да изберете: парче сирење со полнозрнест леб, житарици со јогурт, шејк од млеко и банана, кисело млеко или 250 грама урда. Најдобро е да ги менувате, да не биде секој ден исто. Диетата со пилешка супа има и други предности освен што можете да ослабнете многу за релативно кратко време. Супата содржи многу малку калории но затоа многу зеленчук кој содржи многу важни материи за нашето добро здравје. Со консумацијата на супа ќе се чувствувате сити, без да примате премногу калории.
Машко сум,и не ми треба диетава,но ај баш пишете после една недела држење на диетата и кажете кој ви бил ефектот,несакам да звучам демотивирачки,но 5кг за една недела не се многу,туку премногу.Една недела жртвување ми изгледа премногу малце за да може да се изгубат 5кг.Се надевам ќе ме демантирате
pa treba sami да ја правиме, неможеш да најдеш купечка што ги има внатре продуктите што овде ги пишува
Купечките супи се полни со конзерванси и не се квалитетни како домашно направена супа која има повеќе витамини и минерали. По сит ќе те држи домашната супа отколку купечката
Mi se dopadja dietata,ke ja probam sigurno, samo me interesira dali vo supata moze da se stavi sol, vegeta, zacini...
Не знам како ќе звучи ама мене нешто не ми е јасно Значи, сабајле појадуваш и после тоа цел ден (ручек, вечера) јадеш само супа, така? или погрешно сум разбрала и наредното сабајле пакпојадокот од овие набројаните и повторно супа цел ден и така 7 дена. Ај некој нека ми појасни
Вака ај ако сакате малце појасните некако 700 гр пилешко тоа се однесува на количината на супа за цела недела или ???Колку вода мислам колку количински треба да биде супата и дали тоа е за една недела малце не ми е јасно ???А и видов дека нема одговор од зачини шо можи?
ми звучи убедливо и не тешко но јас би си купила супу дефинитивно ќе ја пробам ќе почнам од понеделник па добро ќе ми дојдат 3 кила помалку 5 ќе ми бидат многу вреди да се проба...
мх, мх, се` што обожавам да јадам... Штом слабеењево можело да биде толку вкусно, мора да се проба (и така коа има пилешка супа дома, ја пола тенџере го јадам ) Wish me luck
Ајде вие што почнавте со диетата земете си за обврска да ни пишете како ја приготвивте супата (мислам на целата постапка на приготвување и намирниците кои ги ставивте), за да ни биде појасно на таквите како мене Благодарам однапред
И мене ми се допадна диетата, баш и 5 килограми имам за намалување ако навистина успева супер ќе биди . Само уште рецептот за супата и дали тие 700 грама се за тие 7дена или за еден ден?
Супер ми звучи диетава,јас нема да ја држам во блиска иднина,но за понаака ми е супер идеја,,само што би јдела за доручек само овошје.поздрав и со срека на сите.
диетава ја користам моментално и зошто сме двајца вторпат варам супа .... првиот пат се заедно варев и ставив маку повеќе целер и се осеќаше ..... вториот пат го изрендав целерот и го ставив точно кога го тргнав тенџерето значи не е варен туку на некој начин обарен и сокот од лимон тогаш го ставив исцедив 2 лимона не се ни осекаат ..... наместо брокула немав ставив грашок .... стек не ставам по 700 грама туку по петсто и на оваа количина иде околу 4 литра вода ако ставис помалку ке биде густа .... инаку заситува јас сум пробала некогаш со обична супа и не те држи а ова да 2 пати дневно јадам ама со салата плус зелка или марула .... уште еден совет пред да го сецкате месото обарето го малку едно 5 мин нека врие и таа вода истурета ја за да му излезе онаа првата маснотија ...... после неколку дена незнам колку сум ослабена ама се цувствувам по лесно ..... поззз
Дали некоја со искуство околу диетава ќе може да ми каже дали има ефект, дали е тешка/напорна, дали има негативни страни, од каде потекнува и некои др цл. работи. Сакам целосно да се информирам оти сепак за здравје се работи, а диетава ми ветува многу... )