1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета со суви сливи

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 5 ноември 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Оваа диета спаѓа во редот на брзи и кратки диети, кои се применуваат неколку денови, најчесто кога облеката ви се смалила за еден број, или ви претстои настан на кој морате да изгледате совршено...

    Уфф.. Добро е! Конечно симнав некое килце! А и не се мачев многу...

    Диетата е прилично едноставна и по малку досадна:

    Појадок: 6 суви сливи
    Ужина: 1 јаболко
    Ручек: 1 варено јајце и 1 виршла
    Ужина: исто како и ручекот, 1 варено јајце и 1 виршла
    Вечера: една чаша јогурт

    Не навлегуваме во тоа колку е здрава оваа диета, бидејќи очигледно дека не е, како и сите други брзи диети. Значи, ова е популарна диета за оние што сакаат да ослабнат 2-3 килограми за неколку денови. Се препорачува само на целосно здрави лица и тоа за временски период 3-5 денови. Во текот на диетата, задолжителна е и секојдневна физичка активност од најмалку 15-20 минути. Ако правилно се спроведува, со оваа диета се губи по 1 кг дневно.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MarryxD

    MarryxD Нов член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    :D Имам слушнато за ова,иначе браво браво
     
  3. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Ја знам оваа диета. Брза, кратка, ефикасна.
    Ама не повеќе од 5 дена. :lol: И не очекувајте чуда :D Реално 2-3 кила.
    Ова е ако треба некаде да одите, па ви треба нешто брзински.