Дали може некоја од вас да ја напише рецептата за оваа манга од зелка,јас ја имавно ја изгубив зафрлив некаде ,наку дава резултати навстина но не мора да не е вкусна јас паметам дека ја зачинував поточно мајка ми ми ја приготвуваше ,и беше малку пикантна и баш вкусна,јас планирам да си ја приготвам но да не ја држам строго диетата на пр секој ден тоа ќе ми е ручек за вечера салата а наутро овошје,па може и некој ден да се почастам интегрално лепче со супава,малку спорт и нема грешка резултатите загарантирани Ќе ве молам за рецептата ако некој биде љубезен!позз
Диетата со супа од зелка е седумдневна нискокалорична диета. Оваа диета е многу популарна, затоа што со неа килограмите се губат многу брзо (околу 5kg за 7 дена). Зелката помага за намалување на масните наслаги. Како дејствува диетата? Некои луѓе тврдат дека зелката има својство да согорува калории. За да ја почувствувате моќта на оваа диета, потребно е секој ден да јадете супа од зелка во комбинација со определена дополнителна храна. Супата содржи многу малку калории, а дополнителната храна е различна секој ден. Оваа диета е супер избор за оние кои што постојано се чувствуваат гладни, затоа што не е ограничено количеството храна што го внесувате, т.е. јадете колку што сакате супа и од дозволените храни. Од пијалоците можете да консумирате чај без шеќер, кафе и вода. Како да ја подготвите супата од зелка? Потребни состојки: 1 зелка; 2 пакетчиња супа (било која со малку тестенини, најдобро е кокошја или говедска) јас ставам две коцки супа 6 големи парчиња млад кромид или праз; 2 пиперки; доматен сок или неколку домати; целер (корен и листови) околу една китка магдонос; сол, црна пипер и кари по желба. Начин на подготовка: Исечкајте ги зеленчуците и ставете ги во тенџере. Полијте ги со вода. Додајте ги зачините и варете на силен оган 10 минути. Потоа варете ја супата на тивок оган додека не се сварат зеленчуците. Можете да користите и моркови. Седумдневен план 1 ден: Освен супата од зелка, можете да јадете колку што сакате и какво што сакате овошје, со исклучок на бананите. 2 ден: Во вашето мени освен супата вклучете и зеленчуци (со исклучок на гравот, пченката и грашокот). Компирите се ограничени. Можете да изедете еден печен компир со малку путер. 3 ден: Супата од зелка комбинирајте ја со зеленчуци (со исклучок на компирите) и овошје (со исклучок на бананите). 4 ден: Освен супата од зелка, дозволено ви е да јадете максимум 8 банани и да пиете колку што сакате обезмаслено млеко, или јогурт. 5 ден: Вашиот глад можете да го заситите освен со супа и со 300-500g говедско месо приготвено на скара и 6 свежи домати. На овој ден испијте 8 чаши вода. 6 ден: Јадете супа од зелка, говедско месо, пилешко месо без кожа и зеленчуци (освен компири). 7 ден: Можете да јадете освен супата и кафеав ориз, зеленчуци (без компири) и да пиете колку што сакате 100% природен овошен сок. Позитивни страни на диетата Додека го следите овој начин на исхрана не чувствувате глад, затоа што можете да јадете колку што сакате од дозволените храни. Со оваа диета се прочистува организмот, брзо се губат килограмите и не се потребни многу средства за да се применува. Откако ќе поминат 7 дена, продолжете да водите здрав и активен живот за да бидете во топ форма. Негативни страни на диетата Некои експерти тврдат дека со оваа диета се губи најмногу вода од телото, а не се согоруваат масти. Поради тоа килограмите лесно се враќаат. Иако можете да јадете колку што сакате од дозволените храни, тие многу брзо ви стануваат одвратни. Додека ја држите диетата се чувствувате изморени и без енергија. Оваа диета може да доведе до недостиг на некои витамини и минерали во телото, затоа внесувајте ги дополнително! Внимание: Диетата со супа од зелка треба да се применува само 7 дена. Ако сакате да продолжите со неа, треба да направите пауза од минимум 2 недели, за да може телото да се опорави. Диетата не се препорачува за адолесценти и деца. Ако имате проблем со здравјето, консултирајте се со лекар пред да започнете да се придржувате кон овој режим на исхрана. Оваа супа може да се јаде кога сте гладни, во било кое време во денот. Јадете ја кога сакате и колку сакате. Што повеќе ја јадете тоа повеќе килограми ќе ослабнете! Среќно!
Ех ..............јас го завршив и вториот круг со оваа диета, симнав 7 кг. Ама напорно беше многу ........мислам дека веќе никогаш нема да пробам зелка . Последните денови не да ми беше гадна супата тоа нешто чудо мислам дека црева ќе истурев ама издржав јуначки. Ви посакувам среќа на сите што мислите и планирате да ја држите, ама треба голема храброст и издржливост. Поздрав!
Ти си помина на редот, ама јас и мајка ми никако да стасаме до седмиот ден. Се ќе дојдат гости, ајде софри, и диетата пропаѓа!!!!
јас лично ја држев оваа диета и ви советувам да не ја држите и вие ...дојдов до степен да се онесвестам ...а слушнав дека некоја девојка дури и завршила во болница со слаба крв...позз
pa dietava ne e mn rigorozna...jas lani letoto 1 mesec jadev samo lubenica i toa po 2-3 parcinja na den i oslabev 15 kg
Ууфф тие што ја држат сигурно слабеат од , ја правев но мислев дека и црева и желудник се ќе ми излезе низ уста. Нема таква сила што ќе ме натера да ја јадам, мислам дека е до целерот прејак мирис има некако.
Јас ја има држано оваа диета и навистина има ефекти. Многу ми беше одвратна таа супата па си правев салата (салата од зелка, патлиџан...) од тие состојки и некако се џвакаше и пак имаше ефекти. Ем витамини ем целулозата си ја вршеше својата работа во организмот
И јас ја држев оваа диета летоска...цело лето само 2кг симнав. Потоа прочитав некои диети за крвни групи и видов дека за мојата крвна група,зелка....ни под точка разно.Може тоа влијаеше ама јас никогас повеке нема ни да помислам на зелка. Првите два дена оди некако ама потоа.......а и што немаше никаков ефект...
Уште си имам лузна на лактото кај што паднав (кога се онесвестив) што до тогаш не ми се имаше случено...налет тоа му ја извадив душата на татко ми.... за мене само протеинската диета е добра...
zelka mandza-dieta Диета со супа од зелка Коментари (7) • Понеделник, 14 Септември 2009 Диетата со супа од зелка е седумдневна нискокалорична диета. Оваа диета е многу популарна, затоа што со неа килограмите се губат многу брзо (околу 5kg за 7 дена). Зелката помага за намалување на масните наслаги. КАКО ДЕЈСТВУВА ДИЕТАТА? Некои луѓе тврдат дека зелката има својство да согорува калории. За да ја почувствувате моќта на оваа диета, потребно е секој ден да јадете супа од зелка во комбинација со определена дополнителна храна. Супата содржи многу малку калории, а дополнителната храна е различна секој ден. Оваа диета е супер избор за оние кои што постојано се чувствуваат гладни, затоа што не е ограничено количеството храна што го внесувате, т.е. јадете колку што сакате супа и од дозволените храни. Од пијалоците можете да консумирате чај без шеќер, кафе и вода. Како да ја подготвите супата од зелка? Потребни состојки: 1 зелка; 6 големи парчиња млад кромид или праз; 2 пиперки; доматен сок или неколку домати; магдонос; сол, црна пипер и кари по желба. Начин на подготовка: Исечкајте ги зеленчуците и ставете ги во тенџере. Полијте ги со вода. Додајте ги зачините и варете на силен оган 10 минути. Потоа варете ја супата на тивок оган додека не се сварат зеленчуците. Можете да користите и моркови. Седумдневен план 1 ден: Освен супата од зелка, можете да јадете колку што сакате и какво што сакате овошје, со исклучок на бананите. 2 ден: Во вашето мени освен супата вклучете и зеленчуци (со исклучок на гравот, пченката и грашокот). Компирите се ограничени. Можете да изедете еден печен компир со малку путер. 3 ден: Супата од зелка комбинирајте ја со зеленчуци (со исклучок на компирите) и овошје (со исклучок на бананите). 4 ден: Освен супата од зелка, дозволено ви е да јадете максимум 8 банани и да пиете колку што сакате обезмаслено млеко. 5 ден: Вашиот глад можете да го заситите освен со супа и со 300-500g говедско месо приготвено на скара и 6 свежи домати. На овој ден испијте 8 чаши вода. 6 ден: Јадете супа од зелка, говедско месо, пилешко месо без кожа и зеленчуци (освен компири). 7 ден: Можете да јадете освен супата и кафеав ориз, зеленчуци (без компири) и да пиете колку што сакате 100% природен овошен сок.
zelka mandza-dieta jas ja drzev dietava i oslabev 15 kila za eden mesec so toa sto poslednata nedela jasdev samoovosje i zelencuk
Браво Тањула Јас сега се спремам за оваа. Две недели ја држев диетата на Жан Митрев и ослабев 8 кила...Не дека не сум задоволна, ама ми се здосади од таа и сакам оваа да ја пробам. Ме интересира само една работа: зеленчукот откога ќе се свари се вади од супата или се пасира (блендира), делумно се вади а делмуно остава???? Не ми е јасно само тоа... Се спремам вечер да ја направам за да од утре со нови сили започнам пак. Ај нека ми пише некоја феминка Благодарам!
Супата се вари, само што јас ја имам со плус целер а и ставив и тоа... Туку...Зарем никој не знае што се прави со зеленчукот? Дајте кажете! Малку сум збунета, некако многу ми се гледа за да би требало цел да остане во супата Ајде пишете ми!
Мислам дека треба да се остави се, ама најубаво е пред да ги ставиш состојките да ги исечкаш, така што после нема да ти прават проблем да ги сркаш како супа.. од дечко ми мајка му ја имала држено, вика дека ептен е ефикасна, само што после тоа треба да се внимава да не се јади енормно, туку онака здраво и колку што можиш да пазиш што јадиш во следните 1-2 недели... таа ја држела само еднаш, јас сакам нареднава недела да ја почнам, а ми треба до средината на јули, за на одмор нормално да си сметнам едно 10тина кила.. ако можам и повеќе (ама сум скромна) па сакав да знам колку треба да се направи пауза од едно држење до друго? Исто прашував и други блиски личности кои ја држеле, викаат дека првиот ден е најкритичен, или вториот, дека јадиш супа најмногу, но олеснувало тоа што има додатни работи за јадење, само супата си е главно, колку повеќе јадиш, толку повеќе слабееш (што убаво вака да беше и за чоколадо) и дека за поддршка и мотивација, треба да си пробуваш панталони што ти биле тесни пред да почнеш да ја држиш, и луѓево викаат нема шанси, ко ќе си видиш дека те собира во панталоните со сила ќе ја јадиш и убаво ќе ти биде јас се надевам дека ќе успеам да ја додржам, сакам варена зелка, но само посна јадам.. вкусот ваљда тој и е... целер незнам точно што вкус има, велат дека е оштар, ама ќе се снајдувам некако, со штипка на нос ако треба ))
Јас си се снајдов тогаш Израчунав приближно калории на сите намирниции испаднаа околу 920 и сето тоа делено на седум дена (нели отприлика) испадна околу 132 калории внес дневно само од супата, стварно е нискокалорична. Кога го ставив целерот (со корен и ливчиња) почна да мириса толку јако што одма го извадив! Го оставив само коренот и мислам дека тоа е доволно. Имам блендер дома и после два саати варење ја доведов у крем супа Не е лоша ама брзо здосадува... Инаку, јас симнав само 1 кило со супава, дали затоа што ја држев за време на циклус-немам поима! Искрено, позадоволна сум од медицинската (таа со портокалот, вареното јајце и киселото млеко за ручек). Некако ептен брзо даде резултати, а имав постојан внес на белковини, протеини, витамини.... И во оваа има ама ме нервира тоа цел ден јади исто Сега пак си се вратив на медицниската, еве втор ден терам, ама поради ЈАКА забоболка и неможам баш нешто многу да уживам во јадењето Со моите 172-173, на 04.05 имав 76, денес вагата покажа 67! Ќе си прснев од среќа Само има еден проблем- целата облека ми стои ко да сум ја украла од некого... Гајле ми е
А што ќе биди ако не ставам целер? Колку што знам, најбитна е зелката, целерот исто е битен поради прочистување на телото, ама мислам дека не е најбитен.. хмм.. јас не можев да го поднесам само што го пресеков ми засмрди и го фрлив в канта... па што ќе биди нека биди..
Не можев да едитирам па да пишам едно мало известување.. Еве втор ден ми е денес, ја држиме заедно со дечко ми (мала поддршка, пошто живееме заедно и нема смисла да јади пред мене ) Вчера поминав сосема ок, мене супата не ми беше воопшто гадна (ваљда дека без целерот), но денес планирам да купам пак целер и да го сварам и како чај со затнат нос по една чаша да пијам (за секој случај, сигурно не можи да биди штетно, освен по мојот желудник, доколку не го повратам ) Па кон крајов на денов, или утре сабајле ваљда ќе има први резултати.. засега имам резултати само во тоа како се чувстувам - многу поолеснато, во смисол дека полесно станав од кревет, не сум загушена од цигарите како секое сабајле, прекрасно се чувствувам со оглед на тоа дека спиев само 5 саати (и тоа последниот со сила) се ококорив во очита од сабајле, незнам што е работава важно добро ми е. Ако ја држи уште некој моментално, нека пишува за да се поддржуваме