не ми е јасно само нешто секој ден се прави супа од зелка или 2-3 дена може да се пројде со едно варење ...
Можи пола доза да си ја напрајш, после уште пола, за да ти биди посвежа. Јас направив една доза, пошто двајца бевме на диетава истовремено, ама искрено, јас никогаш нема повеќе да пробам.. денес ми е втор ден, прееска повраќав, премногу ми се слоши... можда ради тоа што ја голтав како апче супата, т.е сркнувам дел, и го поттурнувам со вода.. иако после 2 сати од ко јадев ми се слоши и повратив... незнам. Многу луѓе знам што ја имаат држено диетава, стварно е ефикасна, а ако планираш, и ако целерот ти има лош вкус, не го ставај, јас најдов на нет дека не мора целер да се става. Со среќа!
Не, ја откажав јас уште после првиот ден, но знам луѓе кои моментално уште ја држат, а ја држеле и претходно повеќе пати, давала резултати навистина, но јас не можев да издржам, многу ми е гадна зелката, па сега сум на режим на исхрана, даден тука: dieti/dieta-za-onie-koi-nemaat-fizicka-aktivnost-t1292/ (вториот пост, тоа што го има пишано irenna) и од тоа сум задоволна, пошто ем има резулатати, ем не е гадно за применување, нема откажувања од ништо, ама за разлика од зелката, има подолготрајни резултати, т.е е начин на исхрана, а се губат кг. но со тек на време, јас само 1,5 кг имам изгубено за 5-6 дена, но изгубив во обем, види таму. подрав, со среќа!
ovaa dieta ja pocnav nekolku pati i uspevav samo do tretiot den.mi se gadese od supata.a navistina e efikasna,za tie tri deka gubev sekoj den po kilo.ama gadna e bre luge.i sega mi dojde edna ideja .dali nekoj probal,mesto supata da se jade zelka salata,a za drugoto se da si se pridrzuva?
Тоа не е возможно да се направи затоа што баш супата (на начинот на кој е приготвена и состојките во неа ) е таа што најмногу ги топи килограмите.
Посебно целерот е важната состојка во супата, ова од искуството на блиски луѓе со оваа диета и од она што го имам читано по форуми, ефектот е поголем кај оние кои додавале целер во супата.
Една другарка ја држеше, да - ослабе, и да - самата кажуваше дека била одвратна супата, и последно ДА има јојо ефект.
ај нека ми помине одморов ,па ке пробам пак и ке ви кажам. дека се губи да,како што пишав погоре секој ден се губи по кило.ама издржав само три дена.а една девојка што ја познавам и ја немав видено подолго време,а беше скоро 100 кг.кога ја видов немошев да поверувам на очите.можи имаше окулу 70 кг.Кажа дека ослабе од супа со зелка.ама не сакаше да ми каже ништо повеке ,демек мајкаи и ја правела и она незнае што има внатре....бла ,бла ,бла.... е такви најмогу ме нервираат. ама после ја најдов на интернет. и од други дознав дека кога ги изгубила тие кг.внимавала на исхраната и сега си е уште на таа килажа. ами ако ја ги симнам тие 10 кг.што ми се вижок ,после ке почнам со ун диета. и мислам дека не би требало да има јо јо ефекти. ај од 15 ке почнам па таму некаде кај 21 ке ви писам за резултатите.
мој совет: залудно ќе се измачувате со оваа диета. ко ќе размисли човек, што всушност добива за кратко време, се ќе се сведи само на стрес. ништо повеќе. најдобро е да се придржува до не мешање на јаглени хидрати и протеини, јас до пред одмор така се придржував и супер резултати има, значи битно е само на сабајле да ги јадиш сите шеќери што планираш и сакаш да ги изедеш во текот на денот, навечер само протеини а за ручек дозволени се мали отстапки. јас сум единствено и само за тој тип на „диета“. всушснот за правилен начин на исхрана. и ај да не го тупам во темава, само сакав ова мислење да ви биди како еден вид предупредување за доколку сакате и планирате да почните со супата од зелка - да не почнувате (по мој совет) затоа што, пак ќе речам, единствено добивате стрес и измачување и ви се лоши постојано кога ќе ја видите таа супата а всушност таа е најглавниот виновник зошто се слабее. сепак, ова е само мое мислење, јас имам многу блиски кои ја држеле, ослабеле да, но и за експресно брзо време и ги вратиле килограмите. јас ја држев до вториот ден, од што повраќав не можев ни да ја додржам. то е то..
Да ве прашам од една доза колку време можи да се јади?Секој ден да се прави нова супа? И колку вода треба или не е ограничено?
Јас бев на ваква диета 2 недели, и ослабнав малку, но после желудникот веќе ми се опорави. и сега знам каква храна да конзумирам, тоа ме научи да си го пазам здрајето и линијата хаха
Од денес ја почнав диетава со супа од зелка малку е гадна ама ке се истрпи имам 62кг,сакам да стасам до 55кг,па сеа ке видиме дали ке успеам со оваа.А да не знајте некој лек за намалување на гради аххахаха знам сите сакаат да имаат поголеми гради ама јас си ги мразамммммммммммммммммммммммммм..ПОМОШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШ
Супата од зелка е најефикасниот начин да ослабиш 100% но, диетата е гадна... кој може да јаде зелка за доручек, ручек и вечера? Не знам како не сте чуле досега... но, има таблети од супа од зелка кои сте стварно ефикасни и од кои слабееш исто како да ја држиш диетата со супа од зелка, тоа и била замислата на французите кога ги направиле таблетите. Една таблета е еднаква на четири чинии супа од зелка. Пиеш три пати на ден со голема чаша вода пола саат пред јадење, а во текот на денот мора да испиеш 2л вода, заедно со таблетите добиваш и препорачливи комбинации на храна ... плус ако не ослабиш ти ги враќаат парите. Закон! Еве ви линк... http://www.supa-zelka.com/ Среќно!
јас ги порачав ама уште ги немам почнато да ги пијам бидејќи пијам хормонски па ми е страв да не си направам некој проблеми , а иначе сестрами ги користеше и нема врска не оллабе ни 1 грам а на пак повеќе и затоа и јас сега се двоумам дали да ги пијам или да ги вратам како што пишува божемски и парите ти ги враќале ама којзнае