Хехе... нема врска. Јас бев најголем скептик за овие апчиња. Имам пробано се, ама буквално се што излезе на тв и по аптеки за слабеење се имам пробано. Море одев и кај нутриционист за да ми препише посебна исхрана. ЏАБЕ!!!! Јас ги пиев апчињата. Имав 95кг а висина од 160цм. Го земав 12 неделниот третман. Строго се придржував на голема чаша вода со апчињата како и на тоа која храна со која ја комбинирам. Не пиев 2л вода на ден ни под разно.. најмногу ако пиев... псс.. пола литро, што ми се собираше од чашите вода што ги пиев со таблетите. Знаеш колку кг имам сега???? 55кг. И се чувствуам супер. И сеуште ги пијам. Иначе не се штетни по здравјето... иако ти пиеш хормонски не се штетни. Ги пијат и деца. А сестра ти што не ослабела тоа не знам. Не можеме да јадеме пици, хамбургери, кока кола, буреци и што се не.. да седиме по цел ден на фејсбук, пред тв и да пиеме апчиња за слабеење. А не извини. И Бог не може да ни помогне така. Не сакам да кажам одете на вежбање... Јас не вежбам, ниту сум вежбала, ниту ќе вежбам.. ама ослабев. Се приджувам на тоа што јадам. Не јадам леб, туку јадам двопек. За доручек јадам портокал со двопек и чај без шеќер, за разлика од мојата колешка која јаде бурек со месо со голема чаша јогурт, топло нескафе со две и пол лажици шеќер и на крај овошен јогурт... и дебела сум. Па како не ќе си. Битно е општо за сите што сакаат да ослабат... да се внимава што се јаде. Општо познато е дека едноличната храна сама по себе слабее. Па не мешајте се и сешто во една порција храна. А апчињата имаат ефект!!!
Мноооогу сакам да ослабнам, ама одамна сватив дека не постои магично апченце кое ке ме стопи 11 килограми за 24 дена, при тоа да немам никакви последици по здравјето. Кој сака нека си проба...
Звучиш како мене. Има начин. Пробај ги таблетите. Не се скапи воопшто. Јас ослабев 40кг за 13 недели, ти кукаш за 11? Јас морав премногу да ослабам... три пати повеќе од тебе. И успеав во тоа. П.С. За тие што сакаат да ги пијат таблетите едно предупредување. Бидете подалеку кога ви доаѓа да прднете на пример, или кога одите по голема нужда. Мирисот е ист како мирисот на зелка расол. Па вие сега видете што сакам да ви кажам.
Јас и сестрами го зедовме пакуванјето за 2 недели ис и поделифме по 21 апче за да видиме дали ќе има ефект или........Но како што кажав таа не ослабе ич а незнам зошто а јас ги немам почнато еве ги ми стојат во фиока, а како ги користеше ти по 3 на ден како што пишува
Да. По три на ден со голема чаша вода пола саат пред јадење. Види и кај мене првите 10 дена немаше некои промени на газ да паднеш. Ама после втората недела.. едноставно се стопив. На организмот му треба време да се навикне на секоја промена. Кај сите е различен, кај сите различно делува. Ама мора да се чека, да се има стрпливост.... не смееме да се откажиме после 5-7 дена.
Многу добро изгледа само да беше точно имам лошо искуство со апчиња за слабеење,од едни завршив на кардиологија и сеа страв ми е да пробам други иако ова изгледа супер. Може ли да се купат од аптека? Нигде не видов каде може да се купат освен преку нет.
ме интересира колку апчиња има во едно пакување .. ве молам ако има некој купено нека каже и какво искуство има со овие апчиња
ај те молам кажи ми од каде ги купувас, колку парри се и најважно ми е да ми кажес дали се губи апетит од нив??
Јас ги пиев не двонеделен туку шест неделен третман а држев и диета плус додека ги пиев и знаеш колку ослабев 2.5 кг. апчињата се катастрофа немаат никаков ефект и сега неможам да си ги вратам парите од нив а на нет и во весникот пишува дека парите се вракаат ако нема резултати , само да привлечат повеке внимание за лугето да се лажат, немам ништо против ама не си давајте пари за такви глупости .
Miss-Hell би можела ли да ми го кажеш начинот на исхрана додека ги конзумираше таблетите,јас почнав од вчера меѓутоа кога ги порачав ми рекоа дека не треба режим,дека треба 2 литра вода ништо повеќе,јас искрено е верувам дека тоа само така е возможно,ти благодарам
Zdravo prijateli . Jas sum nova na forumot pa me interesira dali nekoj od vas probal so kapsuli od zelka (oni sto gi nudi BioKlinika)da mi predlozite tie planiram da popcnam da gi pijam
Gilinterty ме интересира дали почуствува некаква разлика во метаболизмот откако ги пиеш таблетите? јас исто започнав пред 3 дена, но засега не осеќам никаква разлика. I секако дали намли на килажа или како што кажува Miss-Hell треба да поминат барем 10 дена? поздрав
Јас веке ги пијам 4 недели ама навистина не осекам ништо а ниту пак имам ослабено ниту еден килограм , Навистина катастрофа!
Ке можеш или да ми ја кажете цела постапка како треба да се направи супата и колку пати се јаде од супата и дали треба само супата да се конзумира ???
Сакам да почнам си диетата...некој ја пробал ли..да ми каже од искуство бидејки несакам само да варам супа и да се мачам ако нема ефект. пишувајјте побрзо кој има искуство
Јас имам искуство и тоа неколку пати ја имам држано, супата е гадна одма да ти кажам првиот ден и вториот па некако се јаде,ама потоа од ден на ден станува се поодвратна и одвратна. Ама затоа пак ако се придржуваш до правилата ефекти има и тоа големи. Мене ми се случи лани летото за 7 дена 4-5 кг ослабнав. Значи има ефект јас кажувам од искуство ја држам само летно време бидејќи деновите првиот и третиот кога се јаде овошје јас јадам лубеница и тоа ме заситува затоа ми одговара летно време да ја држам. Иначе ако си упорна ќе ја издржиш бидејќи менито не ти е ограничено, јадеш овошје и супа цел ден овошје јадеш неограничено, и зеленчук во неограничени количини. Само многу треба да ВНИМАВАШ ПОСЛЕ ако не пазиш многу бргу се враќаат килограмите, што е сучај и кај другите брзи диети. Среќно!
Ја држам оваа диета од време на време, по неколку седмици и навистина сум задоволна од неа. Е сега, не одам строго по правилата, затоа што нема шанси да јадам таква супа од зелка, ама сепак имам добар резултат. Наместо неа, јадам супа од коцка (растителна). Според мене, најважно од се е да се јаде многу овошје и зеленчук, а да се избегнуваат лебот и слатките.