Здраво феминки. Секој ден си викам дека од утре сум на диета ама никако да почнам, пред 2 ,месеца јас држев УН диетата и бев презадоволна т.е станав манекенка, но од како ја завршив се вратив на старата исхрана, отидов на одмор и премногу се опуштив, сега ми се плака затоа што си ги вратив сите кг.. Од утре ВЕТУВАМ дека ќе почнам и ќе издржам, само една работа ме кочи..за 5 дена одам на одмор во Грција и не знам како ќе продолжам ама до тогаш имам 5 дена и за тие 5 дена дали ќе ослабнам со оваа диета...колку толку, бар малку да симнам
kolku kilogrami beshe,a kolku si sega..? isto i jas sakam da pocnam..kolku vreme ja drzeshe Un dietata pa shto stana manekenka
Пред да ја почнам диетата бев 59-60кг ја држев 2ипол месеца и симнам 10кг...а сега сум пак исто како да не сум држела...многу се нервирам али коа не пазам...од утре ја почнувам оваа па се надевам на брзи резултати Ајде да почнеме заедно па да си имаме некоја подршка
Јас денеска ќе ја направам супава ама не ставам целер немам а ме мрзи да излагам да купам утре ќе купам и дугиот пат ќе ставам па ќе ве известам почнувам со 57 килограми да видиме до кога ке можам да ја јадам поззз
Devojki edno prasanje, ja pravam vtor pat supata i zaboraviv da stavam kromid dali e golem grev, se nadevam deka sepak kje ima efekt dietata, vase mislenje ?
Диетава ја држев 2010 г. , и за некои 10 дена симнав 7 кг. Инаку супата си ја праев по мој вкус ( секако без масло и зачини ) , не се придржував секој пат стрикно до рецептот ( основното - зелка и што ќе ми се најдеше : пиперка, домат, кромид .. ) Ама паѓав во несвест тие денови, идев и на школо , учев , тешко беше Во секој случај ја препорачувам ако ви треба брзо симнување на килограми за кратко време.. иако најчесто се враќаат ако се продолжи со истиот режим на исхрана како и пред диетата
Супата од зелка може да се јаде секогаш кога ќе почувствувате глад и може да ја консумирате колку што сакате. Комбинирана со други продукти, диетата со супа од зелка дава фантастични резултати. Подготовка на супата: 5 големи главици кромид 2 зелени пиперки 1 или 2 домати 1 целер 1 голема глава на зелка Сите состојки сварете ги во вода без да ставате зачини. Начин на употреба Со оваа супа уште може да се јаде: Прв ден: Сите видови овошје освен банани. Лубеницата и дињите имаат најмалку калории од сите овошја. Значи, јадете само супа и овошје. За пиење може да консумирате незасладен чај, незасладено црно кафе и вода. Втор ден: Сите видови зеленчук - количеството е неограничено. Обидете се да јадете зеленчук, но да се избегне грав, грашок и пченка. За вечера може да изедете голем печен компир со путер. Не заборавајте да јадете од супата од зелка, најмалку еднаш на ден. Трет ден: Јадете супа, овошје и зеленчук. Ако се усогласите со горенаведените инструкции за овие три дена ќе треба да бидете 2-3 килограми полесни. Четврти ден: Се јадат по 3 банани во текот на денот, супа и да се пие безмасно млеко. Петти ден: Говедско месо со домати. Може да се јаде 300-600 г говедско месо и 6 домати. Обидете се да пиете 6-8 чаши вода во текот на денот. Супа задолжително. Шести ден: 400 г говедско месо и зеленчук. Се разбира и супа од зелка. Седми ден: Интегриран ориз и зеленчук. Пијте незасладен овошен сок. Супа од зелка. На крајот од седмиот ден, ако го следите упатството, ќе изгубите до 7кг. Пожелна е пауза од два дена пред да почнете повторно да ја држите диетата. Среќно!
зелката се вари уште сега мириса цела куќа , нензам како ќе ја издржам диетава, имам подршка од сестра ми и мајка ми, заедно ќе сркаме од супата, само што јас ќе се приджувам на оваа стрикна диета од 7 дена, а сестра ми и мајка ми само за појадок и вечера ќе јадат, па ќе ви кажам кој колку ослабнал, јас сум 170 и 64кг тешка! па ќе видам за 7 дена што ќе се случи
Пред 2 и пол години ја држев диетава заедно со мајка ми. И дефинитивно нема да ја држам никогаш повеќе. Бидејќи ќе завршев на инфузија за малку. Ептен грда диета, најгрда од сите што ги имам држено.
Јас пред пола година бев доста поправена и ја држев диетава. Мене па ми одговараше. Јадеш овошје и зеленчук највеќе. Е сега секој ден имаш зелка, што не ми беше така трагично, затоа што јас сакам зелка (знам малку е да помислиш секој ден исто па исто зелка, ама не е страшно се издржува). Позитивно е тоа што кога и да почувствуваш глад имаш нешто да си каснеш, или овошје, или некоја салата да си спремиш, или некое мевце и тоа психички добро ми делуваше да не се демотивирам. Зошто самата помисла дека нешто несмеам мене ми влијае само на тоа да мислам. Таму вика околу 5 или 7 кила неделно ќе ослабиш. Јас ослабев 3 кила за една недела, ја држев 2 недели. Значо вкупно 6 кила и толку престанав и ден денес ги немам повторно вратено. Ама па внимавам што јадам и спортувам.
Јас од денес ја почнав диетава а супата ја правам на мој начин : бидејќи неможам да јадам свежа варена зелка јас си ставам кисела зелка и во супата не ставам целер другото е исто. Со оглед на тоа дека ич не обожавам зелка па и не ми помина првиот ден толку лошо трипати јадев од супата и изедов и 2 портокала. Ова ти се вика јадење со зор ти ставај оно ти се враќа ама што да се прави
Јас од денес ја почнувам диетава со супава па ке видиме до кај ке издржам денес за доручек си изедов едно мешавинче овошна салата,сега на ручек тањир ипол зелка,до вечер можеби уште еден Сакав да прашам дали од типот на суво овошје може или лешниче некое?
Вториов ден ми помина некако подобро од првиот . Сабајле многу брзо си ја изедов зелката , на пладне беше повуци потегли а околу 20 часот мотивирано си го изедов и третиот дел. Леле тешко ова ама мора да се трга
Цакица како испадна кај тебе со диетата? Јас затоа што зимава сум ставила некое килце, од утре официјално понеделнички почнувам, веќе ја сварив. Погоре некаде пишав дека пред една година ја држев и многу ми одговараше, и не ми беше тешко да ја држам и ослабев, па сега ќе видиме. Не се многу кила 2-3 ама подобро сега да ги симнам, отколку кога ќе се накачат уште.