1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета со црн леб

Дискусија во 'Диети' започната од star789, 2 јули 2014.

  1. star789

    star789 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    21
    Диетава ја слушнав неодамна па сакав да ја споделам...
    Јас ја почнувам денес.. :D
    Се држи се додека вие не се откажете т.е. додека не ја постигнете посакуваната тежина

    Секој ден:
    Појадок: 4 парчиња и 4 чаши вода
    Ручек: 3 парчиња и 3 чаши вода
    Вечера: 2 парчиња и 2 чаши вода
    (можи и со 1 парче и 1 чаша вода)

    *Измеѓу појадокот, ручекот и вечерата се јаде секакво овошје и зеленчук

    Правила:
    * После секое изедено парче леб се пие една чаша вода (200/250мл)
    * Од појадокот до ручекот треба да има растојание од 3 часа
    * Од ручекот до вечерата треба да има растојание од 4 часа
    * Се препорачува да се вечера најкасно во 6ч
    * По завршување на диетата лебот треба да се внеси во еден оброк
     
  2. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    78
    AJDEEE SVASTA :^)
     
    На mimoza.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    716
    Значи што нема да прочиташ.....
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    23.281
    Пол:
    Женски
    Утре гледаш тема: „гомце диета“.
    Никогаш,ама никогаш не би се нафатила на „диетава“.Што се не ќе се измисли...
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angel.m49

    Angel.m49 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Машки
    Се е глупост - се е реклама...
     
  6. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Јас конзумирам црн леб веќе месец дена и тоа со умерена храна и не сум ослабела ни кило, а можам да се пофалам дека подобро ми работи дигествниот систем. Кога конзумирав бел леб имав проблем со перисталтика на цревата и имам опстипација по 3 дена. Откако почнав да конзумирам црн леб тој проблем исчезна а килажата ми е сведена на нормално нтиу намалувам ниту накачувам.
     
  7. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    За мене ова е чиста глупост и еден чекор кон самоуништување... :^)
    Внесуваш буквално само јаглехидрати и вода. Каде се протеините, мастите...?

    Не треба да прифаќаш секакви работи за да ослабеш. Треба прво убаво да размислиш што си правиш сама на себе. Треба да знаеш што му е потребно на твојот организам за да функционира нормално.

    Ајде да го замениш белиот леб со црн, ама ова? Да јадеш само леб !?

    Треба да се храниш разновидно, ако сакаш да си здрав. А ако сакаш да слабееш здраво, внесувај секаква здрава храна, правилно распоредена и во потребната количина т.е. со одредена граница.

    Многу сум против диети со само еден вид храна.