Диета со јагоди

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 1 јуни 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.992
    Допаѓања:
    154.220
    Диета која според искуства на нејзини применувачи овозможува губење на 3 килограми за 4 дена.Одлична за љубителите на овошје и благо.

    Исклучително богата со витамин ц и едниствено овошје кое содржи повеќе витамин ц од неа е рибизлата.Одличен антисептик и апсолутен лидер од сите овошја во содржење на фолна киселина.Добра е против проблемите со непцата,покачениот крвен притисок и респираторните проблеми.На психолошки план одлично делува на стресот и напнатоста.

    Диетата содржи само свежи намирници.Блендер или апарат за пасирање е неопходен при оваа диета (до душа можете и со миксер,ама прво исецкајте ги малце јаготките).Ако сте вработени со работно време од 8 до 16 часот,диетата започнете ја во петок,така што два ручека ќе можете да замените само со свежи јагоди.Ако не можете без кафе,дозволено е само две шољи дневно без шеќер и при тоа со секоја испиете плус по една чаша вода.

    Прв ден
    За доручек спремете 100 грама јагоди и 1 децилитар млеко во кој ќе додадете половина лажичка мед и 50мл вода,сето тоа измиксирајте го или изблендирајте го.Ќе ви даде многу енергија со малку калории.

    За ручек спремете лесна салата со следните намирници
    -150 грама јагоди
    -1 парче мискиркини или пилешки гради
    -100 грама краставица
    -300 грама шпаргли (опционо,со оглед на тоа дека кај нас не се многу чести)
    -10 грама магдонос
    -20 грама ореви
    -1 лажичка сок од лимон
    -6 лажици чорба од зеленчук или минерална вода
    -1 лажичка маслиново масло

    За ужина може да се изеде 100 грама јагоди во 1 децилитар јогурт и лажичка мед

    За вечера салата со еден поголем варен компир,1 главица ситно исецкана кромид,1 мал сварен целер,1 децилитар јогурт,50 грама немасно сирење и ливчиња магдонос.По желба зачинете со маслиново масло,соја сос или бибер.

    Втор ден

    За доручек две парчиња интегрален леб со немасен сир намаз до 2 проценти маснотија.
    За ужина 200 грама изгмечени јаготки,може и друго бобесто овошје и една лажичка мед.
    За ручек салата од 100 грама јагоди,половина зелена салата,еден домат,1 пиперка,50 грама немасно сирење,јогурт половина децилитри,половина лимон,сол по вкус и кубети.
    За ужина мешавина од сок од јагода,сок од ананас и јогурт (ќе му дојде ко овошен јогурт).
    За вечера палачинки,стандардна рецепта,само без млеко и јадете ги со крем од изгмечени јагоди,немасно сирење и лажичка мед.

    Трет ден

    За доручек овесна каша со сто грама тркалца јаготки,половина банана и опционо половина децилитар сок од јаболки.
    За ужина нискокалоричен јогурт со 100 грама јаготки и една лажичка мед,изблендирани или измиксирани.
    За ручек 200 грама јаготки,а потоа варен карфиол или брокула(не пишува количина,претпоставувам колку што е едно стандардно цело снопче),а потоа премачкан со лажичка мед и 30 грама ситно сецакана пилешка шунка.
    Ужина 1 децилитар сок од јагоди и портокал со лажичка мед.
    Вечера пире од варен морков и варен компир,додадете и млеко по желба,малку вода и малку масло.Ставете го пирето во стад и врз него додадете кругови домат и ленти пиперка.Може да се посипе со лажичка пармезан и босилек.Се подпечува 15 минути.

    Четврт ден

    За доручек две парчиња интегрален леб со немасно сирење (50грама)
    За ужина измиксирани 1 јаболко,1 портокал и 100 грама јагоди.
    За ручек динстана риба,со една главица кромид,магдонос и лимон.Откако ќе биде готово додадете малку јагоди исечени на тркалца и малце сенф.Може како прилог и зелена салата со маслиново масло и лимон.
    За ужина 150 грама јагоди,една лажичка мед,сок од еден лимон,еден децилитар вода,а по желба може и половина децилитар немасен јогурт.
    За вечера еден поголем испечен компир со се лушпа.Во блендер изблендирајте еден морков,пиперка,листови целер и сок од еден лимон,мислам дека ок би било да бидат и ситно сецкани.Измешајте 50 грама сецкани јагоди,50 грама немасно сирење,може и јогурт.Излупете го компирот.Првиот сос се става врз компирот,а потоа вториот со јагоди,може да се зачини со бибер или оригано.Може и да се послужат посебно,па да се комбинираат вкусовите.
     
    На LivingGlam и melanie27 им се допаѓа ова.
  2. Vesna25

    Vesna25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Женска ти ја држеше диетава? Не ми е јасно околу салатите се и сешто има во нив...
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.992
    Допаѓања:
    154.220
    Не сум ја држела,ама би ја право да ти кажам.Интересна ми се виде,па затоа ја ставив тука.Нема врска тоа што има сешто,убаво се укомбинирани некако работите и не се ни сомневам дека убав вкус би излегол.Абе ајде во некои кујни јадат стаорци,слатко-солени-кисели работи,та за ова,плус јагодите се некако неутрални,повеќе се киселникави,отколку благи.