babylove овошни кашички

Диета со јајца и грејпфрут – 10 кг за 5 дена!

Дискусија во 'Диети' започната од mamma, 10 октомври 2012.

  1. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Оваа диета станува се по актуелна зошто со неа се согоруваат маснотии и се намалуваат многу килограми во рамките на само неколку дена. Реално можете да ослабнете до 10 кг за само 5 дена!

    Зошто да ја изберете оваа диета?

    Грејпфрутот припаѓа на групата храни кои согоруваат масти. Со други зборови грејпфрутот има хранливи материи кои ги разградуваат маснотиите и ги отстрануваат од телото. Грејпфрутот исто така ја подобрува размената на материи и го стимулира варењето на храната. Јајцата особено белката имаат многу протеини. Кога ги комбинирате овие две храни се претпоставува ефикасноста на слабеење да се зголеми многукратно.

    Диетата со јајца и грејпфрут е доста строга па затоа не се препорачува за луѓе со сериозни здравствени проблеми!

    Основни принципи на диетата:

    Оваа диета може да трае најмногу 7 дена! Јас ви препорачувам само 3-4 бидејќи и тоа ќе ви даде добри резултати, а организмот нема да гладува.

    Мени:

    Јадете по 5 грејпфрути на ден комбинирајќи ги со 5-9 белки. Во идеалниот случај треба да има 10 порци дневно по ½ грејпфрут и една белка од јајце на секој час. Уверете се дека пиете многу вода и треба да останете умерено активни, например пешачење по 45 минути секој ден.

    Како што гледате оваа диета ги исклучува 100% мастите од искраната. Содржи само белковини и прости шеќери од грејпфрутот, па затоа резултатите се гарантирани.

    Мој совет е наутро да пиете чаша зелен чај без шеќер и навечер непосредно пред легнување уште една, за да се исчисти организмот од токсини и да ги искористите ползите од зелениот чај кои не се малку, особено моќните антиоксиданси и ефектот за намалување килограми.

    Ви посакувам успех!
     
    На dankadani му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    ДАЛИ ЈА ПРОБАЛ НЕКОЈ ОВАА ДИЕТА?ЗНАМ ДЕКА СПАГА ВО ЛОШИТЕ ДИЕТИ АМА АКО ИМА РЕЗУЛТАТИ ВРЕДИ ДА СЕ ПРОБА....
     
  3. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    50
    Ја би да ја пробам..и онака сум фан на брзи диети (што најчесто се нездрави) :)
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.062
    Пол:
    Женски
    Вие не сте точни со единици мерки за килограми и време. Имате појма колку се 10 кг, и колку краток е периодот предложен за да се изгубат истите ?! Невозможно, од логика гарантирам. Башка гарант има бумеранг ефект и ја ремети секоја функција на организмот. Не е здраво ова.
    Не би пробала ни под разно, ваквите диети се штетни. Не е изводливо да функционираме нормално само со јајца и грејпфрут, имаме потреби од разни витамини и други хранливи состојки кои овие два продукти не ги нудат.
    Свесно самоубиство. Кој и да ги измислува овие диети, е будала. Со навреда да. Будала е.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Little.Star

    Little.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Dali nekoj ja ima probano ovaa dietta?? Jas citav i po drugi stranici deka e efikasna ali pisuvase 10 pounds, a ne kila, taka da toa e 5 kila,valjda :^) Eve denes mi e 1vi deni odlucno izdrzuvam, nemam oseteno nikakov glad. Sum slusnala i drugi komplimenti za dietava pa mislam deka vredi da se proba :D Pozz :D
     
  6. ivanchhe96

    ivanchhe96 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    znae li nekoj dali dietava ima jo-jo efekt?
     
  7. Cuce1712

    Cuce1712 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Jas ja imam drzano dietava i da vi kazam ima efekt.Za 5 dena oslabev 5 kilogrami,vo tekot na dietava sekojdnevno piev po 2 litri voda i spotruvav okolu polovina cas .Otkako ja zavrsiv vednas pocnav so UN dieta pa ne znam dali ima jo-jo efekt.
     
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.983
    Брзите диети по дифолт имаат кракткороен ефект,така да слабеење за 5 дена во нормални услови е просто неизводливо,затоа што му доаѓа како шок на организмот.
    Јас не би можела да живеам само на јајца и грејпфрут. :!:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.332
    Ако на некој му е толку итно и битно да ослабе,што да не..Ама да не премине во навика.
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.737
    Девојки јас пробував многу диети и се откажав од сите,а вчера видов дека морам да слабеам и се решив за диетава оти е кратка.
    Е сега сакам да ја почнам од утре но несватив : се работи за ВАРЕНИ јајца нели??
     
  11. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    63
    а можи портокали???
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    54.477
    Пол:
    Женски
    По 5 дена идете на клиника со такси или пешки, не е наведено. Знаете што се 5 дена само на грејпфрут и јајца? Прво, цревата ќе ви се продупчат од таа киселина, цитрусите се опасни за варењето, мене од еден цитрус ми се случува да има дијареа а камоли 5 во текот на денот, и јајца, мислам ве молам, името на диеатата е јајца и грејпфрут, има наведено само да се јаде јајца и грејпфрут, и да се спортува по 45 минути, а извини од каде таа енергија за спортување? Абе не си играјте мајтап со организмот, ќе изгубите 10 кила ама после ќе качите 15, тоа ти е така. Инаку, временсиве рокови, не знам дали сте знаеле ама на организмот му треба најмалку 4 дена за да се научи на некој режим, да сфати дека е на диета и дека треба да почне да гори од мастите, бидејќи ние нели нормално ги напаѓаме мастите, е како бе мили мои после 4 дена, за само еден де ќе се изгубат 10 кила?
    Значи немојте да се занесувате дека за 5 дена ќе бидете манекенки и после ќе си се фрлите на пиците и кокаколите, тоа само на сон. Седнете, прочитајте малку на интернет пред да влезете во оваа авантура, видете што добивате а што губите,кога веќе се фаќате на орото научете ги барем чекорите правилно. Цела година читав за УН пред да ја почнам, а можев, со грешките кои сигурно ќе ги правев да започнам веднаш и штом ја завршам да си ги вратам килцата, да се опуштам, да се раскомотам, што ми е гајле, јас битно ќе си ослабев. Значи здравјето пред се, сфатете дека и без тие 10 кила треба да продолжите да живеете здрав живот, а не да окапете на гастро ;)