Абе се е во ред тоа, уште да знаев кој крвна група сум... Инаку и јас имам слушнато за ваква диета, и кога би се решила некогаш да држам диета, тогаш би била ваква
Имам слушнато дека оваа диета била доста ефикасна. Јас сум 0+ и за оваа група се препорачувало најмногу месо, со исклучок на некој вид и многу зеленчук. Ама сепак и јас сум за тоа да не се мешаат продукти од различен вид дека полесно се варат и полесно му е на организмот, не се оптоварува и полесно е да се симнат килограмите така. Си знам и по мене, некое време така да направам и да не вечерам одма ке ослабам, ама...
епа и ја сум 0+ па со протеинска диета премногу ослабев месо јајца јогурт, салати сиренце кисело млеко виршли тоа јадев 2 месеца и 1-2 недели не памтам баш оддамнаааааааааааааа беше, ама 20 и нешо симнав, ама и 15 бев побрзо се слабее тогаш дете си уште
Не знам скептик сум...некои тврдат дека има ефекти,некои тврдат дека не...научно сеуште не е докажано... За диета може нема да има ефекти,зошто сепак повеќе е до количината отколку до храната,можеш и по крвна група да се храниш,ама ако лапнеш 3000 калории братко,тешко,ама како здрав начин на живот,сигурно има нешто.Сепак да немаше,немаше и да има различни крвни групи,она што тебе ти прија,на другите не и обратно. Јас сум а крвна група,се препорачува повеќе зеленчук,житарки и морска храна и тоа не секоја,а јас не можам да поднесам риба и морски плодови...така да...нема шанси да издржам така да се хранам,ќе треба на трева и житарки да бидам.Но,сепак и онака не јадам ни месо нешто особено,само пилешко,млечни производи поретко,само јогурт почесто.
Точно, многу нормално е дека дури и со еднолична храна наменета за крвната група, ако изедеш премногу нема да има ефект. Работата е да се контролираат оброците и нивната големина, како и мешањето со други групи на храна. На пр. моја најголема грешка е ручек кој содржи компири и месо = убиство, а јас обожавам сирење, го додавам скоро во се', па згора на тоа и сиренце = самоубиство, а сме јаделе претходно и супа и салата со тоа. Значи цврсто верувам дека немешање на храна од различни групи може да донесе позитивни резултати во диета. Познавам пријател кој не се храни според крвна група, но стриктно јаде секојдневно еднолична храна. Ако се решил за пилешко, ќе си мавне две коковчиња во текот на денот. Ако утредента јаде тестенини, си купува гевречиња, симид, си вари тестенини, наредниот цел ден овошје, или зеленчук, некој ден само мешунки - грав, боранија, грашок итн. Човекот за 6 месеци со ваква исхрана ослабе повеќе од 25 кг. Малку е монотоно, да, меѓутоа ефекти има, и што е најважно - глад нема да се почувствува. И нормално отстапки се потребни, верувам дека еден ден во неделата може да си се почестите со нешто по ваша желба.
Што знам... од една страна има некое објаснување за настанокот на крвните групи што делува логично, ама од друга страна верувам дека сите треба да јадеме се'. Знам луѓе што се хранеле според крвни групи и тоа позитивно им се одразило на здравјето - не зборувам за слабеење, туку воопшто се чувствувале подобро. И јас не сум нешто многу по месото - што е во согласност со мојата крвна група А, ама тоа овие житарки може - оние не може - ме вади од кожа. А мислам и дека млечни производи мојата крвна група не мирисаше многу, а јас без млеко не можам да живеам. Затоа до сега и не сум ја пробала. А башка што дома сме со различни групи, па или ќе треба дупло да се готви, или некој ќе треба да смени крвна група
Јас не знам која група сум. Бев до Скопје, пола саат ми ја бараа вената и ми зедоја примерок. Се испитале само крвна група не А не би било лоша да знаеш која храна е штетна и да избегнуваш да јадеш од истата.
Трендафилче ако не ти е тешко постирај ја исхраната за сите крвни групи. Јас сум 0+ и знам дека за мојата група било добро да се јаде месо, ама јас месо ич не јадам, многу ретко, така да не знам дали би можела да се прилагодам на исхрана според крвната група. Ај ако ја имаш диетата за мојата група, постирај ја. Тенкс а лот
Еве вака, секаде се слични, меѓутоа на страната на ресторани на ФБ е прилично добро подредено http://sl-si.facebook.com/notes/wwwrest ... 3299976425 - 0 КРВНА ГРУПА http://sl-si.facebook.com/notes/wwwrest ... 3257446425 - А КРВНА ГРУПА http://sl-si.facebook.com/notes/wwwrest ... 3276276425 - Б КРВНА ГРУПА http://sl-si.facebook.com/notes/wwwrest ... 3295046425 - АБ КРВНА ГРУПА
Можеби има логика ова со исхрана според крвната група, некаде читав и за тоа како настанувале крвните групи во текот на еволуцијата, прва била О крвната група, а подоцна се појавиле останатите, со промена на начинот на живот. Како и да е, јас сум О крвна група - а без млечни производи не можам да функционирам. Ако ништо друго, барем пола литар јогурт во денот морам да испијам. Не сум толку по лебот и печивата... не дека не ги јадам ич, ама има денови кога леб не ставам во уста. И подобро ми е. Некогаш од печивата знае да ме заморува желудникот, па затоа и ги избегнувам. Дури и лекар ми кажа да не јадам печива замесени без квасец. Месо секакво јадам - обожавам месо - порано ич не го сакав, ама после една терапија со препарати на железо се разјадов како луда. И од тогаш барем секој втор ден имам месо за ручек. Задолжително. Риби сакам, меѓу омилените јадења ми се (нели Охриѓанка сум ) ама ги избегнувам помрсничките како амурот. А понекогаш и лигњи, октоподи и школки си каснувам, иако не ми се омилени. А сакам и луто, ептен Интензивните физички активности се одлични за луѓето кои припаѓаат на оваа крвна група. Интензивни физички активности? Е па, го погодиле човекот
И јас сум 0. Млечни производи премногу јадам. Јогурт обавезно пијам секој ден, а сирењето ми е омилен продукт. Без сирење никако не можам А пишува дека не треба да јадеме млечни производи И за месо не се совпаѓам со мојата група Месо ич не сакам, немам никаква желба за месо. А за луто хмммм ептен сакам лутооо
јас сум нулта,без литар млеко дневно нема шанси да ми помине денот,од месо скоро само пилешко јадам,и риби обожавам.тешко да се придржувам на начинов на исхрана
Ова повеќе ми личи на начин на исхрана отколку на диета за слабеење и донекаде го разбирам и има смисла.Мислам дека некое објаснување како што имам читано е дека припадниците на иста крвна група имале исти специфични ензими кои полесно ги разградувале одредени намирници,а други потешко.Го оправдувам и можам да го применам само ориентационо,а никако строго и децидно да се придржувам на ваков режим. Конкретно за мојата крвна група А се препорачува вегетаријанство,односно месо и месни производи се на врвот на забранети намирници.Тоа ептен ми одговара зашто јас воопшто не јадам месо,веќе не ни памтам од кога.Затоа пак,без риба и млечни производи не можам.Она што не го разбирам е како може пр.портокалот да е штетен и забранет за јадење,а грејпфрутот да се препорачува.Пиперка и домат штетни.....аааа каде вака,ептен ми е некако неприфатливо.Од друга страна леб и житарици можело колку сака да се јади,а пак мене лебот ме дебели и не дека нешто посебно ми прави мерак.Така да,ова дефинитивно не е за мене,а секоја чест за тие што можат да го применуваат ваквиот начин на исхрана.
Јас лично не сум ја испробала оваа диета според крвната група зашто не ни знам која крвна група сум а и мислам оти сега сум си таман 54 килограми, а за понатака не знам Меѓутоа една другарка што отсекогаш имаше проблеми со тежината, испробуваше секакви диети не ти знам што, важно немаше некои ептен забележливи резултати се додека не отиде на лекар и не и ја препиша оваа диета. Почна пред некој месец и сега има негде 15 килограми изгубено, стварно се примеќа и супер изгледа затоа девојки ако имате некои проблеми наместо да се изгладнувате и се друго мислам оти ова е најдобар начин да се симне непотребната тежина, барем е според твојот организам ...... поззз
ја сум АБ крвна група и посекако не ги јадам тие производи што не се препорачуваат за АБ,со мали исклучоци незнам колку би била ефикасна ваква диета...ја викам јади си се што сакаш ама не се прејадувај и секако спортување,со диетите секогаш се враќаат килограмите
Мене ми е ова четврта недела со храна според мојата крвна група, со тоа што напоменав дека не ги мешам продуктите, ако јадам јаглени хидрати - јадам цел ден тоа, или ако се одлучам за млечни производи - не ги мешам со друго. Изгубив скоро 8 кг и сум презадоволна. Не сум воопшто гладна, метаболизмот ми се среди, вреди да се проба, барем не се изгладнувате
штооооооооооооооооооооо??????????????????????????????????????? лелелелеллеле алал да ти е трендафилка, поштуем ова 8 кила за 4 недели??? а која крвна група си? бравооооооооо!!!!!!!!!!!!!! и уште нешто? дали ти се намали целулитот??
Што мислите за слабеење според својата ДНК ? Што мислите за слабеење според својата ДНК? Прв пат тоа го видов на форумот на фемина и стварно ме заинтересира, затоа што сум испробал 300 диети и начини на исхрана и ништо. Скромно речено, пак сум дебел, а и здравјето ми е заникаде. Премногу се замарам . Пробал ли некој ?
Што мислите за слабеење според својата ДНК ? Јас пробав и навистина многу ми помогна и дефинитивно ми се смени се, телото, размисливањето за правилна храна, онаа што ваш мене ми одговара.