1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета сo краставички!

Дискусија во 'Диети' започната од RedWine, 9 септември 2012.

  1. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Основниот принцип на диетата со краставички е многу едноставен – конзумација на свежи краставици во големи количини. Овој зеленчук е составен од вода (95%) и останатите 5% се растителни влакна. 2 килограми дневно ви даваат 1,9 кг вода, но не чувствувате глад во меѓувреме. Стомакот и цревата започнуваат подобро да работат. Сето тоа допринесува за подобрување на размената на материи, бидејќи во спротивно нарушувањето на овој процес води до излишни килограми.

    Има неколку варијанти на диетата со краставички. Основна задача е зголемување на количината краставици, во идеалниот случај – 2 кг дневно. Можете да ги приготвите и како салати. Обидете се да не ги посолувате салатите, или пак многу малку и додавајте лимонов сок за подобар вкус. Освен тоа лимоновиот сок го активира процесот на разградување на мастите.

    Можете да си направите и салата од краставици и домати. За ручек е дозволено парче варено пилешко месо 150 гр или пак риба на скара.

    Навечер чаша кисело млеко. Во текот на денот можете да пиете чај и кафе без шеќер. Овошјето е исклучено освен лубеница.

    Ова е екстремна диета, навистина многу брзо се слабее и затоа не смее да трае повеќе од 7 дена. Ако вашата цел е да намалите повеќе од 5 кг, тогаш направете пауза од една седмица и повторете го процесот. Се препорачува употреба на минерално-витамински додаток додека трае диетата.
    Девојки ја прочитав диетава на интернет,па сакав да ја споделам со Вас!
    Ако некоја има искуство со оваа диета,нека сподели овде слободно!
    Среќно :)
     
  2. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Дали ја држеше оваа диета? Ако ја држеше кажи искуство и резултати и дали применуваше физичка активност?