Здраво форумџики, и јас конечно се решив да ја почнам диетава наредниве денови кога ке се вратам дома. Можете ли да ми кажете со што би можела да го заменам телешкото месо? Од месо јадам само пилешко и тоа исто многу ретко и затоа би би било тешко да бидам 6 дена само на месо Што е со кафе со млеко? Дали е дозволено и во колку количини? Би било супер доколку некоја од вас сподели искуството и некои предлози, трикови? Благодарам однапред
од денес почнувам повторно со диетава.Ја држев пред некое време ама правев мнооогу одстапки.Како и да е ослабев 3кг.Сега сакам уште 3.Па ќе пишам како оди.Обично се опседнувам со вагата ама еве ќе издржам и нема да се мерам бар 10 дена.Таман на пола да видам како ми иде. Ден 1 Макарони варени со сирење
Јас ја почнав во понеделникот сега за сега добро ми оди па ќе видиме, ќе ви кажам резултати, ако издржам
super e dietava probajte devojki jas okolu 3 do 5 kilca sum smalilaa znaci i mislam deka ne e stetna pri zdrvje zosto jas i ovsje vnesuvav a i salataa taka da super samo znaci jas sum jaa zavrsila posle kolku vreme pauza modzam pak da ja poftoram pozzz nekoj sto znaee da mi piss
Јас лани ја држев диетава.. но, не би рекла дека ја додржив До 5тиот ден и не можев да издржам, бидејќи имав многу голем апетит (исто е и сега ) стомакот веднаш ми го снема, ептен ефикасна диета.. Од утре ќе ја почнам и се надевам дека нема да се откажам така бргу, сакам само 3 кила да ослабнам за да бидам 52 кг. Ноо.. одам на училиште во 07 часот, а треба да јадам 2 пати на ден.. Може да појадувам јаболко наутро или некое др овошје?
Дали некој од вас што веќе сте искусни со диетава може да ми одговорите: има ли ефект ако од сабајле се земе овошје? и дали ќе се ослабне 8кг со комбинација од овошје од сабајле? Благодарам
Јас ја почнав диетава од денес. Сабаље бидејќи бев прва смена на училиште, значи станувам во 06:30 пред да одам на училиште изедов една банана, за да не се онесвестам за на училиште си зедов едно мало јаболче и кога имавме пауза го изедов, бидејќи ми кркореа цревата. Кога си дојдов дома во 14:00 си зготвив макарони. Си ја наполнив чинијата и метла Имам мн голем апетит.. Испив до сега околу 1 л вода, па планирам да спијам. Вечер кога ќе станам ќе изедам уште една чинија макарони и ќе направам некоја вежба и онака ги обожавам вежбите Целта ми беше да ти кажам дека јадам овошје, а за резултати ќе видиме рано е. Ќе ти пишам Но, сепак мислам дека делува али по 1-2 овошја на ден. Жално е што нема да каснам благо денес Ајде почни ја, да ми правиш друштво
2 ден - ориз! јадам 5-6 лешници на работа од сабајле и се напив лимонада од Апче (слабост) останатото е ориз со зелка салата во 6 саат, после што испешачив 10км! совеста ми е чиста
И мене ми е втора ден. А мислиш ако пешачиш многу трошиш? Јас мислам дека тоа е - НИШТО. Нема никакви резултати од пешачење..
Па што знам.. Јас на диета сум и трчам скоро секој ден, правам вежби па слабо резултати. Можеби има од пешачење резултати али ќе ти треба мн време за да ги забележиш. Незнам, можеби и до организмот е.
JAS SAKAM PAK I POCNAV VO USTE EDEN CIKLUS DA JA DRSZAM DIETAVA I SE NADEVAM NA PODOBRI REZULTATI AMA SEGA TOPLO ME MRAZI DA GOTVAM ZA MENE SAMO POZ I SUM NA ORIZCE POZDRVCE
Ја имам држено диетава пред едно добри 6 години, и имаше резултати. За 16 дена, колку што издржав, зошто беше нова година, ослабев 8 кг. Но, за многу бргу ги вратив, и тоа повеќе од 8, за жал. Е сега, можда и моја грешка беше зошто празници почнаа, едно друго, па си се опуштив