Јас ја почнав диетава, денсека ми е втор ден т.е. ОРИЗ ден. Одлично се осеќам, пијам и по 2 литра чај дневно и плус вода и кафе. Малце гладничка сум, ама сигурна сум дека ќе има убави ефекти. Иако немав потреба од слабеење, сепак од бременоста ми остана малце меше,па да го симнам и после да го вежбаме Ќе ви кажам резултати на крај, стартував со 66 кг, па ќе видам со колку ќе завршам.Поздрав
Јас сум 17 ден денеска од втората варијанта http://stipka.com.mk/moderna/sex/9045-d ... za-20-dena !Презадоволна сум од резултатите...Почнав со 83-84 кг, денеска се мерев 76 ....се надевам до крај на диетава ќе дојдам до 75, (висока сум 180)..Инаку у мегувреме пиев и алкохол и пак слабеам
^ Да да стварно е добра диетава, ги прочитав и тие диети што ги има на линкот,сите ссе слични и одлични се. Јас за 4 дена ослабев 3 кила, и сум презадоволна.
Има некој што ја држел диетава но наместо месо јадел нешто друго? Не јадам месо, со што да го заменам?
Јас само телешко дека не јадам тие денови јадев соја. Ја приготувам на мој начин: земам од тие најситните што се ги варам околу 15 минути и потоа на МНОГУ МАЛКУ зеитин ги пропржувам, треба цело време да ги мешаш со дрвена лажица и тоа околу 15 мин и толку, мене многу ми се вкусни. Меѓутоа ти доколку не јадеш никакво месо мислам дека подобро би ти било да си најдеш диета без месо, мое мислење, сепак се надевам ти помогнав good luck
Силк мила оваа ли диета за 20 дена ја држиш и ослабе 4 кг? Лелелее и јас сакаааааммммм, само по диети гледам и не знам од кај да поцнам сакам едно 7,8 кг да симнам уште не ме збираат панталоните и ми е мака знаеш ли колку? Сакам бар за летово да ослабнам малку да си купам убави купачи за на море
Да Калиас оваа диета ја држам, и за 4 дена симнав 3 кила, и ептен сум задоволна. До 20-тиот ден којзнае какви резултати ќе имам. Ти предлагам да си ја почнеш и ти, ние двете сме во исто време породени и со исти проблеми сега со килажава...Морам да ти кажам дека од бременоста ми остана малце меше, ама за овие 5 дена речиси и да го снема. Добро е што можеш да јадеш колку сакаш па нема баш гладна да се осеќаш. Јас пијам и доста чаеви (а и кафиња) и сега за сега сум презадоволна.Сигурна сум дека ќе симнеш најмалце 7-8 кила, па после ако сакаш и прекинија на саканата килажа. И за на море ќе бидеш згодна мамица.
Лелел силк сега ептен ме настрви со килограмите , јас имам уште 8 кг кои сакам да ги симнам, синоќа се мерев и за 1 недела што пешачам и брзо одам секој ден, сум симнала 1 кило и многу се израдував, ама сакам и со оваа диета да почнам и да видам брзи резултати, меше и јас имам, ми остана од бременоста и гевречињата околу кои не можам и не сакам да ги гледам Се надевам ако почнам да ја држам оваа диета ќе симнам бар 5 кг леле едвај чекам па да бидам згодна мамица како што викаш и ти, затоа што цело лето на море ќе бидам и мора да имам супер форма Од понеделник почнувам па ќе пишам резултати
Da znaete deka me nateravte od utre da pocnam i jas so dietava. Mi trebaat a za simnuvanje 10 kilogrami. Pa so sreka neka mi e
Znaci tuka nekade sme, ako ne so denovi barem so posakuvanata cel za slabeenje taman ke se podrzuvame
ахх се сеќавам кога ја држев диетава пред едно 4 години ...мислам дека за 20 дена ослабев накај 10 кила,само јас сум малце чукната за диети и се придржувам до ронче...ми се случуваше ако пр. денес имав туна за јадење,за вечера морав да си купам од истата туна за да јадам(зошто нели ако е друга амбалажа туна,нема да ослабам ) паралелно и вежбав,до 5 пати неделно...Ептен се слабее со диетава ама после е всушност тешкото.Јас после ко невидена фатив да јадам што ми дојде пред мене и нормално ги качив килата..така што девојки,ако ја држите диетава ви гарантирам ќе ослабете ама откако ќе ја прекинете диетава подгответе се на комплетна промена на навиките бидејќи за џабе ќе ви бидат само изгубени деновите.
Jas odam dva pati nedelno vo fitnes klub po saat vreme.Koga ke se vratam doma sum gladna i mnogu jadam, taka od septemvri do sega izgubiv samo 2 kg.Imam 85 kg sega i denes izdrzav da jadam samo integralni makaroni.Pijam voda koga ke pocustvuvam glad i pijam zelen caj vikaat deka go zabrzuva metabolizmot.Pa ke vidam utre kako ke bide
Јас се приклучвам кон оваа тема Од вчера ја почнав диетата,денес ми е 2 ден,засега супер е,не се осеќам воопшто гладна Ќе видиме понатаму Јас се надевам на успех,планирам да возам и точак и стомачни да правам Па со среќа на сите кои ја почнавте диетата
Denes me e tret den.Dobro izdrzuvam samo navecer me faka kriza za cokolado.Se merev sabajlevo i imam pomalku edno kilo Sega sum 84 kg Popladnevo ke odam eden saat vo fitnes klub. Pozdrav do site
Јас ја почнувам од понеделник,само што во мојата варијанта се 24 дена...неделава да ја завршам ЖМ и почнуваме...Само имам едно прашање...поради лекарства морам да доручкувам...дали смеам, пример скоро секој ден има месо и салата јас доручек да јадам само салата и другите два оброци како што е препорачано?
Јас ја држев оваа диета минатата година, додуша мојата беше 24 дена, и да ви кажам стварно ослабев едно 7-8 кила ама за 4-5 месеци пак јадење по старо си ги вратив... Сега на неколку пати се наканувам пак да ја држам и све ја прекинувам на почеток.. Значи се слабее, ама после тоа пазете да не се вратите на стариот начин на исхрана..