Јас ја држев првата варијанта во април месец и ослабев 5 kg сигурно затоа што само првите 10 дена се придржував ептен кон диетата, после ми беше роденден па си лапнав тортичка и после така на 2-3 дена ќе си земев по некое мини чоколатце, а ако ептен се придржуваш сигурно може и повише да се ослабне 8 kg како што си е диетава. Инаку јас наеднаш ослабнав третата недела предходно се мерев и речиси ич затоа почни си ја и не се мери до 3 недела, а и после тоа се припазував и ослабнав уште 2 kg така да до сега ги немам вратено за понатаму ќе видиме. Со среќичка
Дали во текот на диетата може да се јаде супа? Ама бистра, без фиде, само со зеленчук. И дали може со месото да се јаде шопска?
Мене единствено што ме мачи со диетава е телешкото месо...Ич не можам да го јадам, пак уште варено.. Ако има некој предлог со што да го заменам супер би било! ?
Daisy.E јас пијам насабајле таблета за тироидната и после пола саат треба да доручкувам, па јас на почетокот си јадев салатка, ама со тек на време си го јадев првиот оброк сабајле околу 9 и следниот таму околу 18. Ам треба време да се навикнеш така да гледуваш по цел ден.Иако си јадев вака по моја шема за 10 дена (до сега) ослабев 6 кила. И јас неможам телешко.Го заменив со пилешко,ама се зезнав,многу месо ми дојде. Читав низ темава некои со соја го заменувале, па тоа ти е супер варијанта. Ние со маж ми третиот ден од пилешкото си направивме супа со него, без фиде, со морковче и си ја кркнавме. Јас до сега сум 6 кила а он 10кг, а имаме уште 10 дена од диетава. Имесото со шопска си го јадевме.
^ Браво Силк,6кг не се малку богами Јас денес вака сабајлечки како да се разочарав Во понеделникот ја почнав диетата,стартував со 66кг и сега се качив на вага и имам 65 ептен се изнервирав ама не губам надеж и ке продолжам обавезно. Вчера требаше да јадам пилешко ама јас заборавив да си купам и го дојадов оризот од претходниот ден со јогурт сабајлето кај 9.30 и потоа кај 3 јадев шопска и то ми беше јадење за вчерашниот ден. Си викам да не ми дојде многу ориз јадење претходниот ден незнам Вие отприлика кога започнавте со губење на килограмите? Кога ја осетивте промената?Силк мила,дај утеши ме некако ептен сакам да ги снема тие 8кг Поздрав и само храбро сите,без откажување
Мене денес ми е 4 ден од диетата, уште не осеќам некоја промена вака во тежина, додуша и се немам ни измерено. Приметив дека не ми се јаде/грицка/пие ништо дополнително, освен оброците, кафе и многу вода, организмов не ми бара ништо друго. Денес пак имам пилешко, и утре, а после 3 дена телешко како ќе јадам не знам. тешко ми е телешкото, па може ќе го сменам со пилешко.
^ Јас веќе се одлучив на таа варијанта Babymama,телешкото да го заменам со пилешко А ако ми се здосади само пилешко варено,ќе го направам супа само без фиде,како што кажа Силк погоре Или можиш и соја исто така,не е лоша
Мајичка еве да те утешам...ние од 4-от ден почнавме интензивно со губење на килограмите.До тогаш и кај нас беше некако без промена.Ама и на организмот му треба време за да ги согори сите претходни калории кои се таложеле, па после неколку дена ,,гладување,,да почне да губи на тежина.Откако почнавме со месово почнавме да слабееме, а ќе си речеш месо нема шанси да те ослабе. И јас бев разочарана на почетокот ама еве сега ептен сум задоволна. За тоа со оризот не му ја мисли, таман работа да ти дошол многу, само си ја продолжила диетата за еден ден. И ти и babymama ако го замените телошкото со пилешко како ние што направивме, обавезно барем два дена да си направите како супа од него, со морковче,брокулче,магдоновче или со што си сакате, пошто од толку суво месо може запек да се добие, и ете ти проблем...А од оваа течност нема зијан. Само надеж и верба треба за да се издржи, стварно е тешка диетава ама ќе поминат тие 20 дена. Иначе и јас стартував со 66 кг.Поздрав
silk, супата само со морков ја правеше? морков, месо и коцка за супа претпоставувам. Ваљда може и целер и пашканат да додадам или не? А тиквичка/брокула нешто такво може да се стави? Синоќа не можев од вечер да си направам мевце за денес за на работа, па си земав неколку парчиња пилешко филе и салата. После дома за вечера ќе си направам супа со пилешко. сега прочитав дека можело брокулче
Фала ти Силк мила Пред 1 час само што доручкував бело варено месо и уз то си грицкав пиперка,краставица и доматче Сега сум таман После за ручек истите состојки и можи некое кафенце нормално без шеќер Фала ти Силк најмногу,ме охрабри и ми ја тргна грижата на совест шо ја имав поради оризот
Denes mi e tret den pilesko.Od utre pocnuvam so telesko.Do sega dobro mi odi, se nadevam ke izdrzam do kraj
5 ден, се осеќам супер и многу многу полесно од вчера. Освен хранава, пијам многу вода, може по 3л. дневно. Не знам дали имам симнато некое кило, ама се осеќам полесно. Мислам дека почнува да делува. Вчера си направив пилешка супа, со морковче, брокулче, целер, магдонос и месото исецкано ситно, како си се најадов...њам њам. За денес пак пилешко, па утре почнувам со телешко.
Поздрав диеталци Денес 5 ден и се осеќам супер Денес пилешко,какво ручече си кркам моментално шопска салата,со свежи доматчиња,пиперчиња,краставичка,луто пиперче за шмек и во сето тоа искинато на парченца варено копанче И на крај салатичката зачинета и со оригано мх.мх, шо би рекла Алачки Убав и успешен ден имајте
Дечки сите ли ја држите верзијата каде цел ден се јаде исто?Има ли некој што ја држи со појадок овесни снегулки верзијата?Почнувам и јас во понеделник ама не сум сигурна која верзија да ја држам
Ајде од понеделник заедно ке ја почнеме таман за друштво,а за доручек во ниедна варијанта нема тоа е и поентата цел ден еднолична исхрана...мојата варијанта е 24 дена
читам пофалби за диетава планирам да ја почнам ама после да не се враќаат одма килограмите па џабе да биди се има некој искуство со тоа?
Denes mi e tret den telesko, ama mesto telesko jadam pilesko.Do sega oslabev samo 2 kg...zosto ne slabeam
3 телешко, 8 ден, -2 кг. телешкото иако ми е тешко за јадење, посебно 3 дена само тоа, некако не ми идеше, па земав поголемо парче телешко месо, во месара ми го сомлеа, па од тоа си направив мали топчиња и си ги сварив со супа (морков, целер, брокула) и си јадев 2 дена чорбичка. вкусно и лесно. од утре сум на риба.