Јас веке ја почнав Минус 3 кг за една недела и тоа со некои отстапки од исхраната бидејки знам да останам на работа до покасно и слично, па за да не се онесвестам знам да каснам јаболко, житарица или црно чоколадо, но од друга страна и одам по минимум пет пати неделно на фитнес...
Сега ја држам првата варијанта...се слабее еве денеска сум 11 ден..Се мерев 8 ми ден имав -3 кг (стандард) Најбоља диета на свету..Него се мислам дали после 20 тиот ден да ја почнам одново за уште поише кг минус?!
jas si prodolzuvam so mojata dieta(jadam sto mi se jade ama bez preteruvanje)vcera mi bese 2 den za pojadok piev svezo isceden sok od 2 portokali i eden limon,vo tekot na denot do 4 cas.popladne izedov 6 jabolki,za uzina cinija pukanki a za vecera zel.salata............76.0..........rezultat 2 kg za 2 dena
Ја правев оваа диета 2 пати мислам пред 2-3 години и згадено ми се од се ! Мн ретко јада риба скоро ич,телешко месо несакам ни да помирисам,ориз никако....мн ми е гадно тоа месото бее А тие што ја издржувате ви посакувам да имате видливи резултати
Јас од утре ја сефтосувам диетава. Нека ми е со среќа, или со лесно, како и да е. Не сум ја држела никогаш, а не ми ни беше во план, ама на работа има некоја групна иницијатива, па ќе се приклучам. Ми се допаѓа распоредот на оброците, јас секако тоа време јадам. Ај што ќе ме убие монотонија, ваљда ќе издржам, туку што се јаглехидатите многу ограничени, тоа не ми прави мерак. Ќе биде трауматично не само за мене, туку и за околината. Ама ајде, така се слабее, со трауми Едит: сега си најдов мислења по темава дека уствари сум ја држела пред 3 години. Ич не се сеќавам, ама ич! Веројатно не сум ја издржала до крај, инаку ќе се сеќавав
Втор ден на диетава, уште сум на јаглехидрати, а веќе се чувствувам така да кажам измрцварено. Како и секогаш кога сум на вакви еднолични диети ми се спие уште во 9. А како да спијам кога имам домашна по германски, и плус динстам месо за утре. Ме плашат следните 9 дена со месо, знам дека ќе бидат тешки, ама ќе издржам за атер на цела гардероба што ми стои, а јас одам цело време во тие неколку парчиња што ме собираат. Прво ќе јадам телешко, после пилешко. Овие кај мене на работа така ја прават, а и повеќе ми одговара. Телешкото се динста цела вечност, па барем два дена од телешкото ми се паѓаат за викенд, ќе бидам дома и ќе можам да си динстам цеееел ден. И вчера и денес јадев три пати, а веројатно така ќе продолжам до крај, или барем две од трите недели. Денес до душа количински изедов помалку од вчера, и еве, во 9.30 веќе сум мртва гладна. Ориз веќе немам и не ни планирам сега да правам, ќе пробам да се подлажам со вода, или евентуално со цвеклото планирано за утре, а ако не ми оди - ќе си легнам. Ќе му го оставам месото во надлежност на муж ми, знае дека кога сум на диета не треба да се закача со мене
^ Јас на некој сајт најдов и опција со свинско, иако малку чудно ми се гледа. Мислам дека не е страшно да го замениш со друго месо, важно исхраната да ти се базира на протеини, бидејќи така најлесно се слабее. Од друга страна, нема поента да јадеш со сила нешто што не поднесуваш. Свинското не сум сигурна колку добар избор е, јас телешкото би го заменила со мисиркино, или повторно пилешко. Само наместо 6 дена по ред пилешко, мислам дека е подобро да јадеш 3 дена пилешко, 3 дена риба, и пак 3 дена пилешко. Инаку 6 дена истото по 2-3 пати на ден, многу е. И 3 дена исто е многу, ама ај да не плачам сега пред време, не ми личи на годините
^ Јас ја имам држено, ама одамна, пред некои си три/четири години можеби, ја најдов во една книга со диети и слични режими. Се слабее со диетава - можеби не многу како предвидените 8, јас лично за 20 дена симнав некои си 4,5 кила ми се чини, со оглед на тоа дека во континуитет неколку дена се ограничуваш на еден вид јадење, па потоа на друг, и му ствараш шок на организмот. Башка, тогаш, имајте во превид дека во најповеќето ситуации не ја ограничував количината на храна што ја внесував во теков на диетава, јадев од се по прилично многу. Плус, мајка ми ја држеше во континуитет ми текнува многу добро, околу месец дена, она симна мнооогу, околу 20-тина кила, се преполови жената.
Здраво и јас ја почнав од вчера диетава ама несто многу ме фати настинка и морав да пијам лимон исцеден и 2 портокали се надевам дека не направив никаква грешка шо велите вие
Tрет пат љубопитноста на маж ми ме прекинува во постов Денес ја почнав диетава. Среќа што меѓу омилените оброци ми се тестенините со сирење, за ручек изедов речиси полна чинија, остатокот го изеде маж ми на мое инсистирање. Гризнав од врвот на Витановата која му ја подарив заедно со остатоците Милка од вчера Далеку од видик ја држам непожелната храна. Испив цеден сок од лимон и портокал, кој не ми е баш искушение, без грижа на совест би ризикувала калории плус во име на такво задоволство. Пијам најмалку литар и пол вода и вежбам по половина час. Мене ми помага која храната ја јадам во присуство на храна која би сакала да ја јадам во моментот. На пример денес кечапот и ориганото ги ставив покрај чинијата со тестенини и ја изедов и без нив. Таквото однесување има сличен ефект како купувањето намирници кога сте сити. Визуелно задоволува, без негативни ефекти. Добро е и да се прави мала пауза меѓу залаците, додека џвакате оставете ја вилушката во чинијата не ја држете во рака. Сепак, потенцијалните изгубени килограми ми се најголема мотивација. Сеуште сум во потрага по идеалната алтернатива за телешкото, предлозите се добредојдени. Дали чадениот пилешки стек и бистрата супа се дозволени ?
Диетава според мене е прилично фина.Ја држев пред некои 4 години и имаше супер резултати.Може 6-7 кила ослабев,мислам и на мене многу се познаваше.Е сега ко секоја построгичка диета си има јојо ефект.После диетава навалив ко невидена и нормално си ги вратив килата(али зборам за јадење се и сешто,ваљда на секои саат време само лапав по нешто ).Моја препорака за тие што ќе ја држат:по 4-5 помали оброци на ден(нема да чувствувате така воопшто глад),насабајле свежо цеден сок(ако можете да си правите,ако не овошје свежо е секако супер),физичка активност барем 3 пати неделно и топ ќе сте.А да,не јадам телешко месо,многу ми е како гума некако и си направив мала измена во диетава,наместо 3+3+3 месни денови јас си направив 4+4 односно 4 дена пилешко со 4 риба(малце досадно ми стана од пилешко и риба ама што да правам )
Додека ја истуркам диетава досадна ќе станам. Срце јуначко не издржа, вчера мажот ми доби напад на глад додека бевме излезени и влеговме во сендвичара. Многу ми е жал што изборот падна на хамбургер. Дури ни ветувањето дека ќе изедам само половина не го одржав. Чинам потешко ќе е отколку што си замислував. Затоа денес се казнив со релативно мали оброци, да вежбам за да надохнадам неможам, премногу ме болат закржлавените мускули од скромниот тренинг вчера. Ќе го оставам вежбањето за утре, евентуално ќе направам стомачни и тоа е тоа Денес доручкував ориз со свежа зелена салата. Оризот беше печен во рерна, со фамозниот додаток за секоја храна на свекрва ми во што поголеми количини - масло. Па, гледав да се заситам со салатата. Не ручав, пред малку се напив чаша јогурт и не планирам ништо до крајот на денот. Овој пат ќе си легнам порано од обично. Грешки на денот се два залаци од кексот со варени јаболка и шлаг, добро е што мажот ми ме начека на дело. Толку го сакам што со вилушката шетав низ дома како зависник да барам каде го скриле. И, евентуално го најдов. И сега ми е жал. Две три лажици бистра домашна супа и тоа е тоа... Ако некому е од помош, истражував малку и дознав дека веројатно изборот би паднал на скуша и печено телешко. Најмалку калории има, додека сончогледовото масло е прилично калорично. Изненадувачи, лебот не е калоричен колку што замислував. Секогаш подобар избор е млеко и јогурт со низок процент масти. Јас го сакам Баланс. Подетално овде ! http://popara.mk/2012/zhivot/ishrana/ko ... kojdnevno/
Јас ја држев пред празниците и изгубив 5 кг.Исклучиво се држев до менито,значи строго.Се разочарав од резултатот а толку е досадна,времетраењето и е многу кратко ама здосдува набрзина. Барем на мен ми скисна од неа. И си ги вратив за празниците изгубените кг,очекувано
Резултатот на крајот на првата недела е -3,4 кг. Од една страна, не се стрвам којзнае колку на јадења кои не смеам да ги јадам и она што го јадам го јадам со уживање. Од друга страна, имам чувство дека којзнае од кога сум на диета, а се работи само за една недела. Како и да е, се радувам на деновите од утре натака. Многу сакам риба, а и варива исто така, иако не знам како ќе се снајдам со нив на работа, ама ќе биде.
Дечки мене денеска ми е прв ден од диетава, сега за сега ми е ок, инаку нема шанси да се откажам од кафе со шеќер, едноставно така сум си навикната и нема да прекинам, не би требало до толку да ми влијае. Во исто време почнав да пијам ѓумбир свеж рендан со половина лимон на сабајле и топла вода... Сум ја држела диетава порано,има резилтати, инаку кризирам на деновите со месо, многу ми здосадува 3 дена по ред иста храна, но ке се обидам овој пат да издржам
И јас се одлучив за диетата, многу луѓе се фалат со резултати па решив да ја пробам. Денес ми е прв ден па планирам секој 5ти ден да се мерам. Почнувам со 62кг па ќе ви пишам какви резултати ќе има кај мене