1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета 20 дена - 8 килограми

Дискусија во 'Диети' започната од ludoto19, 1 март 2010.

  1. onelove28

    onelove28 Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Мене денеска 2 ден добро ми беше, ја со ориз јадев и малку зелка две три вилушки затоа што ориз и сирење или јогурт ич не ми е оди :lol:

    Ја немам вага моментално ама додека не дојде до 64 нема да престанам да ја држам, сега сум 68, се надевам ке успеам до крај
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    137.664
    Втората недела од диетата ме утепа. Цееееела недела вагата нема мрднато од место. Значи една недела ни грам немам ослабено. Вообичаено стагнирам во текот на втората недела, ама пак сум слабеела барем по половина килограм или килограм. Ова не ми е случило до сега, да нема апсолутно никаков резултат.
    А не сум грешела за време на диетата, се е по пропис, освен што кафето го пијам со млеко, ама по малку ставам.

    Е сега има и еден друг момент, секоја година килограмите се симнуваат се потешко. И плус друг пат секогаш сум ги комбинирала диетите со физичка активност, а сега немам никаква физичка активност. Здравје, после диетата планирам да му се вратам на пливањето.

    Нејсе, продолжуваме понатаму, со големи очекувања :D Имам уште една недела, поточно 6 дена, ама ќе ги продолжам за уште еден ден плус, затоа што сакам да го поместам денот за благо за еден ден подоцна, да ми се преклопи со еден роденден на кој треба да одам.
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    137.664
    Вчера конечно ја завршив диетата.
    Конечниот резултат е 4.6 кг.
    Првата недела 3.4 кг.
    Втората недела 0.
    Третата 1.2 кг.

    Не сум многу задоволна, затоа што јас обично брзо слабеам. Ова ми е најлош резултат до сега постигнат во рок од 3 недели. За 3 недели најчесто слабеам 5-7 кг. А не ја прекршив ниту еднаш, освен кафето што го пијам со малку млеко. Ама со оглед на тоа што секако протеини се внесуваат, мисам дека млекото во кафето не беше некое големо злодело.

    Мачно ми беше што секој ден требаше да готвам посебно, јадев нели по 3 дена исто, а и на работа морав да носам. Грдо е малку да јадеш готвени јадења на работа, мириса на менза.

    Инаку лесно се издржуваше. Јас не јадев 2 пати дневно, туку на почеток 3 пати, на околу 4-5 саати. После не ми се јадеше толку, па јадев 2 пати дневно. Гладна не останував, во секој случај.

    И да не се жалам многу, сепак имам 4.6 кг помалку. Кој ти ги дава :D
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^Ама ако е за давање ја ќе ти ги даам,не е проблем,ти радувај се што ги немаш :D

    Јас од понеделник ја почнувам.Wish me luck :)
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    5.885
    тоа со телешкото,пилешкото и рибата..како ќе ги издржам,телешко не можам да јадам... :envy:
    замена,претпоставувам не може
     
  6. Schmetterling01

    Schmetterling01 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    19
    Znaci dietava ja doznav preku edna drugarka koja sto mi garantirashe deka dokolku se drzis do pravilata deka -8kg. se zagarantirani. Istata dieta e samo sto ne se jade samo 2 pati, tuku se jade od min. 3 pati do max. 5pati. Ne se dozvoleni gazirani gusti pijaloci, a merudii i zacini se sto sakas mozes da si dozvolish. Dietata mi e poznata kako 23 dena dieta. i rasporedot e malce razlicen bidejki vo dietata jas sto ja imam posle 2 dena od makaroni ide 3 dena telesko so salata, pa 3 dena pilesko so salata... Dokolku e nekoj zainteresen posle mozam da ja prepratam taa dieta koja sto JAS vsusnost ja imam.. Pisete :) Jas od utre pocnuvam da ja pravam, pa ke ve izvestam kako ke ide. Taman 01.04.2014. NOV MESEC, NOVI PROMENI... a najdobra motivacija mi e BIKINIIIIII!!!! Leto se blizi mora da se stegneme zenskiiii :P Ajde srekno na tie sto veke se na dietava i ajde zaednicki veke ednas da ja postigneme posakuvanata linija i tezina!!!
     
  7. frangipani

    frangipani Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Девојки ја држи ли некој диеткава? :)
     
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    Диетава е ужас,проверено.
    Ненормална глупа и безпотребна диета,јас два дена дал ја држев и прекинав,се освестив што всушност правам јас.И замислете два оброка се дневно внесување,безразлика дали се големи човек неможе да издржи.Јас би препорачала најпрвин по 3 залчиња од нешто да јадете на саат време отколку еднаш да изедете два тањира.Зошто?Бидејќи вишокот храна во организмот се претвора во сало.

    Поздрав. :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliMari

    LiliMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    18
    Јас ја држев до 15 ден и ништо несимнав само чекав да се најадам многу. Метаболизмот ми се смени на полошо ми се успори неможев во тоалет да одам 7 дена ке пукнев. Плус 3 дена само исто јадев
     
  10. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Јас ја почнав диетава веќе ми е 4ти ден убаво се чувствувам со тоа што сабајле јадам по две или едно овошје бидејќи вежбам секое утро, само ме интересира дали се дозволени малку маслиново масло и оцет во салатата?
     
  11. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Некој љубезен да одговори? :D
     
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Иако сум против диети,маслиново масло е сосека ОК во салата,а за оцет,ставај јаболков.
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    5.885
    Има резултати?

    Сакам да ослабам....ооох :)
     
  14. Kroes

    Kroes Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Здраво девојки, јас денеска ја започнав третата недела од диетата на Жан Митрев ама немам ослабено ни 1кг Ч( а ја држев ептен строго. се мислам дали да проголжам со оваа?од една страна не ми изгледа страшна дека јас сум љубител на месо но некако воопшто нема овошје, а навикната сум секој ден денот да го почнам со овошјеЧ(
     
  15. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Здраво пак од мене :)

    Пак ја држам диетава , па обавезно овде. Значи се повеќе станувам експерт за диетава дали дека милион пати ја држев до сега...Ве читав за дилемата со телешкото...Јас сите пати до сега си зимам месо ќе ми го сомелат и си јадам со салатка проблем нема никаков.
    Минатиот пат ослабев 8-9 кила, и тоа шљокав алкохол бајаги.Инаку изгубените кг не ги вратив во целост туку после 6-7 месеци некои 2-3 кг ,кои ако ја намалев храната ќе дојдев пак до 76 ( сега имам 78). Значи овие кг ги одржувам бидејки сум доста физички активна, но бидејки јадев многу не можев да слабеам туку се одржував .Па така сега планирам да дојдам до кај 70 кг и да си ги одржувам со трчање и возње точак. 8)
    Ми беше прашањето како бе вежбате со диетава , јас не можам - немам сила!?
     
    На 1mama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Денес ја почнав па да видиме, ќе пробам да ја издржам до крај и по сите прописи.
    Инаку имам 60,5 кг па сакам да намала барем 3-4кг но не е на одмет и повеќе, па ќе видиме. После секоја измината недела ќе Ви пишувам резултати. Ви стискам палци на сите оние кои ја почнале и Ви посакувам успешни реултати.
     
    На okcenzi, trtla и 1mama им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.681
    Пол:
    Женски
    И јас ја почнувам диетава од денес, некако најлесна ми делува, инаку со потешка одма ќе се откажам.
    Ми требаат 5-6 кила, па ќе пишам како резултатите.
     
    На 1mama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 1mama

    1mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    RainBow Пиши за една недела колку ке симнеш и мене ми требаат едно 6кг да ги снема :D
     
  19. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Пак да ве охрабрам дека и доколку варирате во тежина дека не е страшно, сепак на крајот ќе ослабете само бидете издржливи до крај..мене сега ми покажува ко да сум вратила 2-3 кила, но знам дека не е така бидејки сум во ПМС! И минатиот пат така беше ,па на крајот сепак ослабев :) Само напред!!
     
    На bojana.pec му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.681
    Пол:
    Женски
    Немам вага, ми се расипа. Од око и по фармерки се мерам. :rofl:
    6ти ден ми е денес, пак пилешко, ми се стужи веќе. Варено јадам само, ама денес повеќе на салата се префрлив. Од утре три дена телешко треба, ама мислам дека не можам пак месо да јадам, многу ми е. Никогаш не јадам повеќе од еднаш до два пати неделно месо.
    Можам ли да ги изротирам деновите со зеленчукот? :wasntme:
    Всушност, што прашувам, секако не можам да јадам уште три дена месо. И така ќе си направам.
     
    На 1mama му/ѝ се допаѓа ова.