Имаше резултати, ама да ти дадам број да се чуете сега како е хахаха... Инаку како што гледаш претежно е зеленчуково смутито, има само една јаболка во него. Може само да стимулира слабеење и да направи дитокс. И јас ќе јадам само пилешко. Мислам дека различно е месото ради разнобразие, не дека има врска со успехот на диетата. Не можам друг тип на месо да јадам.
Ти имаш пишано сигурно има 2-3 години тоа.Нормално е дека ќе качи.Терај го да држите заедно. Да гледам за смутито ама мене не ми е јасно зошто нели еднолична е исхраната.Ајде па ќе кажеш резултати.Ја овојпат сум разочарана искрено, сега се прејадов малку.Не јадев којзнае колку ама тешко ми е многу.сЕГА БЕЗ ГРЕШКИ СУМ -1 КГ, а претходниот пат бев -2,5 за 5 дена СО СКОРО СЕКОЈДНЕВНИ ГРЕШКИ.
Od edna strana vo pravo si, se demotiviram, ama pak i poveke pazev taka. Samo sinoka ne izdrzav, neznam sto mi bese, pa izedov 5 kocki crna cokolada, i 12-3 biskviti i toa vo 3 casot Nekako odma mi zdosadi dietava, ke vidime do posle sto ke se jade, i sto ke bide
Искрено да ти кажам вчера многупати го помислив тоа, ама нема шанси, воопшто не ми е тешко.Поготово што со диетава сватив дека не морам да пијам сокови ко што пиев, по 2-3 кг на ден, и сега си пијам вода и чај.Има шумливи таблети, можеш цедени сокови, добро во диетава не е дозволено сега, ама цедени лимони, цитрони сетоа тоа може. сЕ Е ПОДОБРО ОД СОКОВИТЕ ШТО МИСЛЕВ ДЕКА СУМ ЗАВИСНА ОД НИВ. Диетава ми е добра денес ке јадам пак пилешко наместо телешко, и веќе таква грешка не правам ДА јадам кога не ми се јаде. Вчера не ми се вечераше, ама нели да не ми се прејаде па се прејадов. Некни исто.Сега додека не осетам голема потреба да јадам не јадам. Малку се разочарав, ама не ја прекинувам. Само зошто ми е слабо железово и губам концентрација ми бараше душава благо. Бонбони од сега натака, не благо. Ти стекот како го јадеш денес ? Можеш на тостер убав е и така без масло.
Варен не ми е мене вкусен. утре или на тостер испечи си го, повкусен е, или испечи го со зачини и вода, без масло. И мило ми е што 4 ја држиме засега ова диета, и што е колку толку активна темава.
Втор ден. Ама јадев и салата. Немаше рижото таму каде што седнав. Инаку јадев сабајле и прееска по една шоља рижото и кефир.
Еј каде може ние без грешки ? Јас во април кога ја држев се скоро секојдневни грешки, повеќе ефект имав.Сака и отсега да почнам да прекршувам ами што кога не симнувам Мене стекот ми здосади искрено, утре сабајле ако сум гладна ќе го јадам, и после телешко.8 ден јајца ќе јадам, ете така
А бе не е мачен стекот,да речеш гладен сум нон-стоп тоа да ама па не сме робови на храната...се убедуваш дека тоа е тоа за денес и нема мрдање. Сабајле земав тегла цвекло,можда не смеам дека е конзервирана и има шекер ама па убаво му се најадов.
мене ми здосади деκа и со диетава и не јадев овој месец често стеκ.сκаρи маρии затоа. инаκу вагата стои во место. јадев ептρн малκу стеκ вчеρа и салата и сρ осеκав пρејадено, а после 3 часа сум ептен гладна. демеκ се слабеело κога 6 часа не јадеш ништо, ма бе ме интеρесиρа денес κе јадан залче по залче само да не ми е тешκо. вие κаκо се осρκате полесни или ?
Диетата трае 20 дена и не очекувам резултати одма.Таложеното сало треба време да се топи.Нешто што е Таложеното три дена не очекувам преку нок да го снема.Трпение
Здраво девојки. Темава ме натера да го реактивирам акаунтот... Вие ми дадовте инспирација да ја пробам оваа диета, иако и порано луѓе се фалеле од неа. Мојот резултат 2,5 kg помалку од понеделникот навака. Сега знам дека ќе има стагнација наредната недела, но се надевам нема да изгубам воља. Инаку готвам со маслинов зејтин, наместо шеќер користам натрен, досега кризи за благо немам но затоа што кога ќе осетам криза џвакам овошен орбит. Прелив за салати си правам сама со маслиново масло, ацето оцет, малце сенф, сол и пипер. Пилешкото исто го печев со сенф. Мислам дека клучно што досега не се откажав е тоа што пијам скоро 1л чај дневно, плус вода и кафе. Сепак толку течност во организмот ми дава чувство на ситост. Поздрав и со среќа.
Мене последен ден со пилешково,не ми беше грозно или гадно како што се жалат повеќето,денес купувам телешко па тоа ќе јадам. Денес се мерев случајно ама не знам колку бев првиот ден така да ќе се измерам еднаш на крајов од диетава.
@Winter Lady до кај си со диетава?? или се префрли на другата диета??? п.с Не ми работи чатот на фб , не можам да ја отворам пораката
@anakonda88 Ја прекинав, нема ефект, веројатно организмот ми е навикнат на салати и стекови, пошто овој месец скоро само тоа јадев. Денес ќе излегувам во ресторан, ќе си јадам што ми душа сака.Ми се јаде вегетаријанска пица, и равиоли ммм.Хаха. Првиот пат имав ногу ефект со прекршоци, а сега само 2 пати прекршив, салати јадев без масло, готвев без масло.Ефект само - 500 гр. за 8 дена. Многу е малку, ќе ја почнам од понеделник 8 дневната, или ќе терам со салати, јајца и јогурт. ДИЕТАВА Е СУПЕР, НЕ МИ СЕ ПОВРАТИЈА КГ ПРВИОТ ПАТ, ама ќе ја држам понатаму малку да сменам храна. Ти денес 4 ден ти е мислам, како си ?