Мене ми здосади пошто цел месец тоа јадев, синоќа јадев телешко на апреа, превкусно ми беше.Како бе незнаш колку си бил.Сега памти, па ќе споделите резултати. @Nanna83 Браво држи ја, каков чај пиеш, кафето со шеќер ли или натрен.Јас во овие 8 дена само 2 пати се напив нес кафе, без шеќер.Вода и чај вкупно пиев 1,5 кг, за разлика од минатиот пат кога не верувам од 700 мл повеќе да пиев вода.И чај не пиев. Мене сега 4 дена ми се вртеше во глава,а не се изгладнував.Заради тоа најмногу ја прекинав.
Пијам секаков чај - нане, мајчина душичка, камилица, липа, јаболко цимет, портокал, се што ќе ми се најде дома. Повкусен ми е со мед, па на пола литар вода ставам две кесички чај и лажичка мед, и во термос, за да ми биде нон стоп топол, зошто кога ќе се излади не го пијам. Кафиња пијам турски 3-4 во текот на денот со натрен. Туку криза сега ме фаќа после 8 дена за чоколадо, не знам како ќе издржам, можно е какао да си наравам наместо кафе...
Врска нема. Мене ме дуеше и ми правеше киселини. Три дена умрев од глад и 2,5кг плус. Почнав нормално да јадам одма ги симнав.
И јас да ти кажам оти и мене ме дуеше овој пат.Претходниот беше супер, ама во обем само 3 цм помалку.Киселини немав, ама ми здосади месото, иак требаше да продолжам со риба, јас ја прекинав.А за повеќе не ме покажуваше туку само 500 гр помалку.Да не си била пред циклус ?
@Winter Lady на риба сум и топ ми е.Денес од работа частеа у кафана ама не појдов да не ја уништам диетата и да гледам скара пред мене. Благо не јадам и така. Тешко ми беше со телешкото.Риба вчера у фолија јадев,Денес од сабајле туна и така. Леб залак не сум каснал
Како не ти се погодило да частат скара баш кога беше на стек. јАС БЕЗ ЛЕБ МОЖЕВ, Без благо не. Ајде ќе издржиш, во обем примеќаш ли ?
Мамев... Му направив торта на маж ми за роденден и не можев да одолеам, така да оваа недела само 0.5 килце. Денес почнувам со варива, па ќе сум на гравче и леќа цел викенд.
Прашање: Дали кога има варива (грав, грашок, леќа, боранија) може да се јаде друг зеленчук во диетава, на пример, брокула или зелка пак како вариво? Мислев дека нема да ми направи проблем, но поради тоа што немам жолчка (ја оперирав), многу проблем ми направи гравчето денес. Цел ден желудник ме боли, а треба уште еднаш да јадам грав. Дајте алтернатива ако има.
Ова мамењето не убива Ајде терајте јас малку се каам што ја прекинав може на крај ќе почнав да симнувам, ама веќе бидна тоа.Инаку @Nanna83 незнам за тоа види наназад во темата, ама ако не можеш свари си супа од зеленчук, од брокула, моркови и се што сакаш.После или само водата ја пиј, или изблендирај.Мислам дека може и така.Или само обична супа од коцка свари си, без тестенините пошто се јаглехидрати тие.
Шо знам вчера облеков една маица што ми ја дадоа за роденден и глеам не ми се приметува стомакот многу а други пати ми беше поприпиена и свакам дека има ефект диетава,не очекував чуда. Имам уште една недела до крај па можда ке падне уште некое килце. Иначе до сега од диетава најкризен ми беше вториот и третиот ден со телешкото и воедно најгадно. Благо и не ми фали до тој степен колку што ми фали леб. Да не се лажеме,диета си бара многу труд и волја. Да мислам еден ден унапред што ке јадам за утре,да носам јадење од дома и за ручекот зашто сум сакал да излезам низ град и да те викаат у кафана а ти да ги одбиваш зашто не можеш да одолееш на скарата се напори кои се преживуваат стресно
Овошје цел ден ми беше најтешко вчера.Станав нервозен,раздразлив така да денес на макарони ке се препородам. Иам уште три дена и мислам дека е доста. Би ја држел пак ама треба да помине некое време да видам како ке реагира организмот.
Ај со лесно чекаме резултати.Направи пауза од месец дена зошто организмот ти се навикнува на таа храна и нема ефект во случаот со мене. А баш ке си ослабнев
Толку денес ја завршив,не се измерив сеуште ама сум задоволен. Се приметува разлика. Забораив леб како изгледа сабајле прв пат леб каснав. Иначе напорно ми стана малце при крај. Би сакал да ја држам пак ама нека помине месец дена па ке пишам
абе метρо имам κе ти го поз ајмев да се измеρиш што не κсжс ај може и јас да ја дρжам во јули планиρам
А бе се гледа дека ми се точни алишта што пред тоа не можев да помислам. Сеа не биднав коска и кожа али да удрам уште една ваква диета мислам дека ќе биде тоа што треба. Ако се измерам ќе пишам секако иако се мерев на четврти ден пред тоа и бев 98 кила а висок сум 178. Да удрам една фотка после пред свадба