Јас не сум многу љубител на вакви диети, ама оваа од денес ја почнувам. Пред некој месец ставив некое кило, и сега сите алишта пукаат на мене. До сега сум ја држела само УН диетата во повеќе наврати, и навистина има резултати, ама тоа што секој четврти ден е овошен страшно ме убива. Кај оваа гледам деновите со вареното телешко ќе ме убијат, ама 20 дена се, ќе се издржи. Многу ми одговара и ритамот на јадење, секако јадам тоа време кога се препорачува во диетава. Ај па ќе ви пишам. Ако има некој идеја како да го спремам телешкото да не биде многу грдо, ќе му бидам многу благодарна. Да не се разбереме погрешно, немам јас ништо против телешко, ама со масло, морковче, печурки, сенф, лук, вино... мх, мх Смеам ли барем сенф, лук и моркови да му ставам???
И уште нешто, салата смее да се јаде само кога има месо???? Другите денови не смее - со ориз, компир, зрна и макарони?
Mислам дека ништо нема да и биде од една салата сега нека не става зејтин сол... јас кога сум на диета само патлиџан и краставица без зејтин и без сол со се јадам, и пак слабеам
Не ги одобрувам диетите, се знае ако сакаш да намалиш од тежината намали го благото и лебот. Јас после бременоста имав вишок од 15 кг и само со постепено намалување на лебот и благото за 4 мес. се вратив на старата тежина од 52 кг. Диетите според мене го уништуваат организмот. Се знае треба да се јаде здрава храна - овошје, зеленчук, житарки...
Денес ми е трет ден со пилешко. Преку глава ми е од пилешко, а после 3 дена телешко, па 3 дена риба. Рибата ќе ја издржам, ама ова пилешкото и телешкото ќе ме уништат! Фор д рекорд, јадам и салата, многу салата, и пијам кафе со малку млеко. Од салата и кафе со млеко не се откажувам за ништо на светов. Е каснав и едно парче торта на роденден. Други зулуми не сум правела. Освен диетава, вежбам на орбитрек. До сега имам ослабено 1 кило. Не е многу, ама задоволна сум. И онака сакам да ослабам 5, но и да стекнам навика за редовно вежбање. Многу ми фали овошје, особено кога ќе видам јагоди и цреши, ама ајде, 20 дена се...
Другарка ми ја држеже оваа диета и ослабе 8 кг, ама она јадеше кога сака и колку сака . Јас почнав од вчера да ја држам и се надевам дека ке ослабам 5 кг колку сто ми треба
devojki denes mi e prv den od dietata ja pocnavme zaedno so edna drugarka ke vi gi kazam rezultatite naskoro kaj nea i kaj mene...za sega dobro izdrzuvam...pozz
Диетата ја држев една недела, и ослабев 2 кила. После тоа се разболев, па морав да ја прекинам. Веројатно ми падна имунитетот - ова многу често ми се случува кога држам диета. Задоволна сум од резултатите, и не беше воопшто тешко, освен што ми дојде преку глава од месо, кое и онака не го сакам. Како и да е, сега 2-3 дена ќе бидам на двопек и чај од нане, а после ќе продолжам со повеќе салати и овошје, без некој посебен режим.
zdravo imam 16 god imam 74 kila a sum visoka 166 ako moze za pomos kako da oslabnm zosto ide leto????
со оглед на тоа сто имаш само 16 години јас би ти препорачала пилатес или аеробик и секако повеќе овошје и зеленчук и без некои строги диети и гладување
dali imate nekoj predlog za dijeta jas stvarno neznam osto ali koga sum doma sekad nesto moram da jadam dali blago ili soleno ne jadam meso ne jadam mn leb ali za taa cel jadam previse blago neznam sto da pravam a sakam da oslabnam bar da imam 60 kila ve molam za pomos????
намали со благото, а диети има еден куп на форумов ама не би ти препорачала од проста причина ..ШТО ПОТОА ???... откако ќе заврши диетата пак по старо, ти кажувам од искуство не постои диета што ја немам пробано и тоа уште од 14 годишна возраст почнав со тие глупости и пак немаше резултати се додека комплетно не го сменив начинот на исхрана и се разбира физичка активност.
neznam stvarno jas sekogas vo sekoj moment moram da imam nesto vo ustata da jadam da grickam,no me zanima i oaa svar,dali e mozno da se debelam zaso pijam preterano mnogu voda i sokovi????
од вода не е сигурно , вода и треба да се пие повеќе особено ако сакаш да намалиш тежина, а соковите избегнувај ги особено газирано никако јас лично сок во уста не ставам како замена за тоа можеш да пиеш цеден лимон разреден со вода
денес ми е 2 ден од диетава од 20 дена и се чуствувам одлично.Науто кога се мерев бев полесна за 1 кило и 400 грама премногу сум задоволна....ќе ви пишам деновиве пак за да ви кажам до каде сум со килограмите