Конкретно мислење, околу трчањето, не се декларирам ко експерт, туку имам пасија и симпатии кон спортувањето. Како начин на кардио јас секогаш викам дека трчањето е најлоша опција и треба последна да се избере од сите можни. Особено по дебелите луѓе, поради можни повреди. Исто така и за девојките не е препорачливо трчање, поради нивната градба на тело односно, поголеми гради, широки колкови, и не само искривување на нозете, тоа води кон повреда ма карличниот дел и искривување на кичмата. Подобар начин на кардио е велосипед или орбитрек. Кардиото е најнеефикасен начин на слабеење. Најоптимално е тежински тренинг во теретана. Секое тело различно функционира, да, но процесите секаде исто функционираат. Зависи за што е различно, за што исто.
Браво супер резултати, и јас сум ја држела ун ама некако многу слаби резултати имав и ја прекинав и многу тежок ми беше витаминскиот ден
Јас ја држав 15 дена и прекинав Од денес почнувам пак Инаку за тие 15 кг ослабнав 5 кг и стомакот целосно ми го снема сега со нозете и задникот мачам мака
Zdravo , jas ja pocnav dietata ,3 den ama nemam namaleno nisto , posle kolku dena pocnavte da imate rezultati ? Da ne se razocaruvam
Со цел памет мислиш дека за 20 дена ке намалиш 8кг? И што очекуваш од трет ден да постигниш. После 8 недели очекувај резултати.
Hahahah ne mi trebaat 8 za 20 dena , ama dali voopsto ke namalam nesto ili da ne se lazam Hahaha barem 2 da namalam ke bidam srekna
Полека, резултати видливи може да има тек за месец дена. Кај мене имаше по три недели ама мали ама сепак ме мотивираше да продолжам. Здраво слабеење оди споро. За 20тина дена најмногу би можела не знам 2 кила. 2 кила изгубени од сало за месец е пореална бројка него не знам, 7 на пример
Може мало објаснување околу ова? Сега го видов дека си пишал па ме интересира. Зашто и кај мене имам приметено. Лани еден период вежбав кардио само и пазев на исхрана и ослабев ама...изгледав лошо. Градите ми се намалија и свиснаа, имав намалено во обем на нозе ама не ми беа затегнати, на изглед исти само послаби, како мускул да сум намалила само, сало не. Сега вежбам по мускулни групи, со и без тежини, повремено кардио и многу подобро е. Иако сум на калориски дефицит, имам ставено мускул на нозе. А и кардио баш многу не обожавам
Чисто информативно Мартин Вучиќ ја има држено диетава 2 месеци , секојдневно хард спортовање, и ослабел 20 кг Ништо не е недостижно ако се тренира секојдневно