1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета 20 дена - 8 килограми

Дискусија во 'Диети' започната од ludoto19, 1 март 2010.

  1. majaaa

    majaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    Диета „9 кг“ – мени по денови

    Во оваа диета појадокот е „убиствен“ т.е. кафе, кафе и само кафе секој ден. И тоа без шеќер. Доколку сте навикнати на слаткиот вкус на кафето можете да користите засладувач. Исклучително е важно да конзумирате многу вода (од 1.5 до 2л. на ден) и многу би било поволно за вас, во овие две недели да вклучите некоја минерално-витаминска формула која ви одговара.

    Понеделник

    Појадок:
    Црно кафе без шеќер
    Ручек :
    2 варени јајца
    Спанаќ сварен во солена вода
    Вечера :
    1 голем бифтек, печен на малку масло
    Зелена салата

    Вторник

    Појадок :
    Црно кафе без шеќер
    Ручек :
    1 голем бифтек на жар
    Зелена салата
    Овошје по желба
    Вечера :
    Варена шунка (количината е неважна)

    Среда

    Појадок :
    Црно кафе без шеќер
    Ручек :
    2 варени јајца
    Зелена салата
    1 домат
    Вечера :
    Варена шунка
    Зелена салата

    Четврток

    Појадок :
    Црно кафе без шеќер
    Ручек :
    1 варено јајце
    Варен морков
    100гр свежо сирење
    Вечера :
    Сезонско овошје
    Овошен јогурт (количината си ја определувате сами)

    Петок

    Појадок:
    Црно кафе без шеќер
    Изрендан морков или пашканат со сок од лимон
    Ручек :
    1 голема печена риба
    1 домат
    Вечера :
    1 голем стек на жар
    Зелена салата

    Сабота

    Појадок :
    Црно кафе без шеќер
    Ручек :
    Пиле на жар
    Вечера :
    2 варени јајца
    Свеж морков или пашканат

    Недела

    Појадок :
    чај со лимон (без шеќер)
    Ручек :
    1 голем стек, печен на 1-2 лажички масло
    Салата по избор
    Овошје по избор
    Вечера:
    Честете се нешто по желба

    Диета „9 кг“ се состои од два циклуса од по 7 дена, што значи дека после недела почнувате со другиот круг – пратејќи го менито за понеделник
    Салатата можете да ја зачините со лимон и сол
    Овошјето, салатата и морковот или пашканатот можете да ги јадете во неограничена количина кога се на менито
    Стекот можете да го зачините со сол и зачини. А стекот, кој во менито цело време се напоменува дека е голем, е па не треба да биде поголем од 300 грама.
     
  2. Mercimek

    Mercimek Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2

    Е па јас можам да се пофалам дека ослабнав цели 11кг со диетава. Со тоа што секојдневно вежбав секодневно на орбитрек минимум 45мин или пешачев по 90 мин. Секое утро пиев сок од цеден портокал и лимун. А навечер пред спиенје пиев чај од цимет со медче (што е многу здраво да се пие и ги топи маснотиите). А пошто бев долго време на факултет скоро 9 часа дневно јадев соленки или интегрални грисини...Па со среќа. Чекам да се пофалиш :lol: :rofl:
     
    На Ma4u64ence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    А за колку време ги симна тие 11 кг? :)
     
  4. amy-ame

    amy-ame Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    да, ако може да ни кажеше за колку време ослабна ии дали правеше по некои отстапувања од диетата? фала однапред :)
     
  5. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Јас диетава ја држев 10 дена пред нова година и ослабев 5 кила, и после празниците си вратив само две килца....еве се спремам деновиве пак да ја почнам, но и ќе си вежбам, па ќе видиме какви резултати ќе покаже :)
     
  6. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Од денес ја почнувам :)
    Денес значи јадам макарончиња :D
    Феминки ќе ве обавестам како оди диетава, реков барем 10 дена мора да ги издржам ]:) Па ќе ви пишам како напредувам.... И плус ќе пијам чај зелен без шеќер и таблети за слабеење на база на ананас
     
    На Ellena07 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. m.tr

    m.tr Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    jas ja imam drzeno ovaa dieta no bez blago i so po 3 obroka na den a po nekogash i 2 . inaku mnogu e efikasna jas za 1 mesec oslabev 14 kg iako bese malce tesko no izdrzav i do sea samo 2 kg imam vrateno iako veke ne drzam ali ne jadam seuste blago ni cipsovi i takvi gluposti :)
     
  8. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    потешко е да се одржи килажата, мора секој ден да внимавам на секој оброк а се опуштам а си ставам килограми
     
  9. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    диета, заблуди на жените!
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не мислите дека организмот ќе го направите ренде од тоа појадокот да ви биде само една ебана чаша кафе -.- ?
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  11. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    јас мислам дека со диетава после, кој ќе почнете со нормална исхрана мислам да се јаде умерено, без претерување , пак ќе се вратат килограмите...какво искуство имавте со тоа вие што сте ја држеле диетава? :)
     
  12. femina.girl

    femina.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    A kakvo kafe,moze nes
     
  13. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Од денеска ја почнувам оваа диета, а тие што ја имат држано ако сакат да кажат телешкото месо како го приготвувавте и убаво ли е :)
     
  14. budal4e

    budal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
     
  15. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    bubal4e и јас ќе ја почнам од денеска затоа што вчера ми искрсна нешто и неможев. Ќе се дружеме :D
     
  16. budal4e

    budal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    да да ќе се дружиме па ќе видиме дали ќе ослабнеме :tmi:
     
  17. Buterfly-girl

    Buterfly-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    се ослабнува од оваа диета... ја имам држено и мислам дека ослабнав 5-6 кг. првите денови нема никаков резултат, ама не губете надеж, оти после килограмите наеднаш заминуваат. малку е грдо тоа што за вас треба посебно да готват... треба само упорност. од кога ќе завршиш со диетата ако не претеруваш со јадење не се враќаат килограмите, затоа што оваа диета трае подолго, тоа обично се случува со оние што се 4-5 дена... позз и со среќа budal4e i Sunshine.love, pa па кажете што сте направиле
     
  18. dbamrinovska

    dbamrinovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Jas ja ima drzeno ovaa dieta i e efikasna.Jas duri oslabev i poveke od 8 kg.So bremenosta kaciv mnogu kilogrami i nemozam da gi simnam odamna.Dobro e sto ja najdov ovaa dieta i ke ja drzam zasto znam deka e efikasna.Pozdrav
     
  19. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Пред се сакам да ви посакам приатен ден.Нова сум на фемина и би сакала да ме известите за диетава или да ми дадете совет за некоја нова.Во моментов имам 68кг и поради здравствени проблеми морам да намалам 7 до 8 кг,но тие да не бидат вратени во брз временски период.Бидејќи имав сообрајќајна несрејќа повредени ми беа двете нозе и изгубив секаква активност,бидејќи ми смета тежината но и поради повредите треба да ја намалам.Молам за совет
     
  20. OnlyGirl1

    OnlyGirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    9
    И јас така мислам...Можеби ќе ослабнеш 8 килограми но за кратко време двојно ќе се вратат килограмите..Некаде на форумот имам прочитано дека најдобро било за 1 месец-4 килограми,со секојдневно јадење овошје(освен банана)зеленчук,месо(но само бело месо и тоа да биде варено)и пиење мноооооогу вода(тоа според мене е многу важно) ;)