Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета 21 ден

Дискусија во 'Диети' започната од Ејприл, 25 јануари 2017.

  1. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Луѓенцаа ајде со вас сумм,ме приматее?
     
    На lilo, Оленка*, Ејприл и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    Ti pisav vo poraka izvini ne vidov deka ne si vo moznost da bides fizicki aktivna pesaci kolku mozes ili planinari ili vezbaj joga seto toa so nacinot na ishrana koj ti go napisav :*
     
  3. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Liu пишувај овде сите да прочитаме
    Olitomboy12 те примаме:)
     
    На Olitomboy12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Ја почна диетата?
     
  5. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Сакав да ја почнам ама ме предомисли тоа што секој ден имам тренинг кошарка од 2 саати а вака не можам да се снабдам со доволно енергија,па се решив за една друга која трае 90 дена,мајка ми ја има држено и има ослабено за 48 дена 12 кила..:) Со среќа на сите<3
     
  6. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Јас ја држам диетата и ме мотивира што е 21 ден. А после тоа планирам да сум пак на некој поздрав режим. Инаку слична е на УН само што таму секое утро јадеш 2 овошки а овде тоа го нема. Ручекот и вечерата се овде пр. стек и салата или млеко и банани а таму ситење. Или овошен ден има и овде. Само што нема во оваа диета ЈХ. Сепак затоа се држи 21 ден.
    Инаку да си кажам кафе со млеко пијам од тоа нема да се откажам.
    А денес честеа на работа за именден и едно колаче каснав а сокот го одбив. Не ми беше пријатно да го игнорирам славеникот нели тој ми прави чест ме поканува на колачи.
    Ама во главно нема да правам некои тешки прекршоци.

    Ти Ејприл дали вака правеше или скроз беше безгрешна?
    Денес ми е трет ден на работа ќе јадам овошје а за ручек нешто зеленчук ама незнам што? Ајде кажете некоја идеа. Вчера јадев компири печени и салати зелка морков карфиол...
     
  7. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Јас кафето го пијам со шекер кафеав ништо страшно за бомбона еднаш, но искрено многу се придржувам и сум, - 4 кг за една недела но јасно е дека првата недела се намалува повеќе.
    За ручек може грашок манџа леќа златна та мешавина со ориз или ориз и печурки
     
  8. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Мене оваа диета ми е видена од интернет но ништо конкретно објаснето секаков вид овошје и зеленчук само без запршка без масло варено или печено месо.
    Но ете има резултати со тоа што не се меша храната :? :)))
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Значи да варам ориз (fingers)(hollest)(hollest)
    Браво за ослабеноста. Да се бодриме. Вака можеме и 4 недели да тераме
     
  10. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Ајде девојки каде сте. Денес ми е 4 ден банани и млеко или јогурт уште немам одлучено.:)
     
  11. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Девојки нешто ве нема? Каде ви е мотивацијата? Јас денес почнав втор круг.
    Само да си кажам грешив кога имав пилешко месо правев кифли и јадев 2 со 2 коцки фета. Ама не се откажувам продолжувам понатаму.
    За една недела ми потпопуштија малце панталониве :)
     
  12. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    За џабе ти е ако јадеш кифли или др работи што не смееш. Ова ти е 21ден прочистување на организмот па потоа постепено да си имаш еден здрав режим на исхрана. Повеќе ти треба да психички ебидеш спремна и одлучна да ослабеш на овој начин ќе го забрзаш метаболизмот. Но ти само се мачиш и се оправдуваш дека е во ред да каснеш бомбона кифли.... Или пак си на гости, роденден
    Искрено ниту помислувам на храната што ме дебели подоцна постепено ке јадеш од се по малку но не на сам почеток. Тоа јС го имам замислено како еден кој е зависник од алкохол а сака да се одвикне си вели па ок е една ракија што ке ми се случи тојникогаш нема да се одвикне.
    Ако сакаш да ослабеш тоа бара жртва и откажување од нездрава храна но пред се ти треба мотив и јасна цел во спротивно не си го мачи организмот 2 ке ослабиш 5 потоа ке вратиш.
    Ова ти е мој совет и мое мислење но ти како сакаш ти одлучуваш. :)))
     
  13. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Во право си Ејприл. Но сепак добро е и вака. Не се ептен некој тешки грешки.
    Кога ја држев УН ќе грешев и после скроз се откажував. Но сега нема да се откажам поради ситници.
    Битна ми е мотивацијата 21 ден. Го бројам секој ден по ден за разлика од УН што таму се 90 дена8-| до недоглед:).
    Така да кога ќе поминат тие 21 можам и да продолжам со оваа или слична некоја диета.:hai:
    Ти до кај си? Имаш резултати?(hollest)
     
  14. eminik

    eminik Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Kako e? Jac camo 1kg :((((
     
  15. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Не се откажувај но знаеш како е ко ке касниш едно после цело време мозокот таму ти работи затоа имај си план што ке јадеш и тоа да ти е пред очи само.
    Јас сум таков карактер што ко ке зацртам некоја цел се придржувам кон неа и нема свесно грешење.
    Пијам и вода со сода и тоа ми помогна многу и сум-6 кг за13 ДЕНА. Првата недела 4 и втората 2 :))) се осеќам многу полесно и со повеќе сила и мотивација и искрено тоа ми требаше.
    Вчера бев на роденден и пиев само вода и сум многу срекна што не паднав во искушение ни за торта.
     
    На Apina и lilo им се допаѓа ова.
  16. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Каде ли грешиш? Првата недела се слабее најповеќе повеќе е течност но сепак.
    Да не се прејадуваш? Ајде повеќе салати и само по еден оброк скроб еден компир не повеќе и повеќе пати во текот на денот да се јаде по помалку.
    Но и тоа едно кг е добро тоа значи дека сепК слабееш и не се откаживај втората недела ке намалиш повеќе секој организМ е различен имаш помалку вода ти
     
  17. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    eminik јас не сум мерена но широки ми се пантолите. Да помине некое време мислам цели 21 дена па тогаш сакам да се мерам.
    А сега вториов циклус го гледам ова.
    Ти не се откажувај мислам дека барем 10 дена не се гледа тоа. Кој ден ти е?
     
  18. Apina

    Apina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Се мислам да ја почнам и јас од утре диетава!?!
    @Ејприл прочитав пиеш вода со сода? Без лимон? Колку количински? И само на сабајле или како?
     
  19. Ејприл

    Ејприл Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Во деновите кога има овошје пијам еден лимон пола пакетче сода во еден литар вода го пијам во текот на денот. А коха е зеленчук наместо лимон рендам малку ѓумбир. И измеѓу еден ден во неделата пауза.
     
    На Apina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lejla-86

    Lejla-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некој ја има држено оваа диета за 21 ден?
    1-2-3 ден макарони и јогурт или кечап,
    4-5-6 ден варено пилешко со салата,
    7-8-9 ден варено телешко со салата,
    10-11-12 ден риба, варена или печена со салата,
    13-14-15 ден варен зрнест зеленчук(ориз, грав, грашок) со јогурт,
    наредните 5 дена се повторува редоследно секој од претходните и 21 ден благо.
    Ве молам искуства.