Веќе неколку пати ја имам сретнато оваа диета и ми изгледа ваш ОК, барем за мене бидејќи сум пробирлива околу исхраната т.е. не јадам се. @Ејприл би те замолила да споделиш за секој ден што јадеш. Јас сум 167цм висока и имам 60кг и неколку пати сум се обидувала да ја започнам диетава ама ми треба подршка и друштво бидејќи на 3тиот ден се откажам. Исто така и јас немам време за физичка активност па @Ејприл би ти била благодарна ако го споделиш твоето мени. Благодарам.
Девојки 76 кг. Ослабев 6 кг. Одам понатаму уште ова недела сигурно освен за прочка дента нема да држам диета.. Уште 10 кг мора да ослабам само ќе видам со која диета понатаму.
Па да ви кажам што јадев. 1. ден нели овошен. Се јадев од свежо овошје а и до 100 грама лешник 2. ден На работа за доручек јадев моркови а после за ручек (Печени компири со грашок. Или само компири со кари, сол, бибер. Или ориз. И тоа што го јадев за ручек го јадев и за вечера и со многу салата зелка, цвекло, морков. 3. ден На работа за доручек јадев портокал или јаболки а за ручек ова погоре зеленчуков 4. ден 5 банани и 3 чаши битолско млеко. Ама јас 4 банани јадев- ова ми беше најдосаден ден. (Доручек 2 банани, Ручек 2 чаши млеко и 1 банана а вечера 1 банана и 1 чаша млеко). 5 ден Или варени телешки шницли со вегета и јас водата ја сркав како супа за ручек и вечера или ги динстав во рерна со кромид и морков. И тоа го јадев пак со морков за доручек дека на работа а за ручек со пошарена салата.Па за доручек и ручек по 2 шницли а за вечера 1. 6 Ден пилето го печев или варев бутчиња со салата 7 ден рибата ослич јас ја пржев бидејќи така можам да ја јадам. Неможам варена. А за вечера некогаш ако не ми се јадеше месо јадев само салата. Ама имав и 3 прекршоци во диетава. Првата недела 2 кифли и фета. И еднаш се напив сок и колаче визитарско. А кафе со млеко нон стоп пијам. Сега ми е 4 недела
Дали е оваа диета со супа од зелка , кромид , целер ( плус режимов на исхрана ) ? Бидејки на таа диета ме потсека
Се извинувам не бев во можност да пишувам повеќе време. Да, има резултат јас за 21ден - 7кг но не е здраво повеќе да се држи и јас се префрлив на хроно и уште - 3 кг и планирам да продолжам со хроно
Девојки јас денес почнувам пак со диетава. Сака некој да ми прави друштво? Морам да ослабам за по гости за матуриве.
Не целосно ама и тоа што сум поправена е од многу благо. Уште не дозавршен ручекот умот ми е во торта. Неможам да се контролирам. А за јо-јо ефект мислам нема врска конкретно за диетава бидејќи јадеш здраво и да се најадеш.
Ми се свиѓа. Дури денес ја приметив, оти Лило имаше пишано за диетава во морална поддршка.. Денес ми се во план тиквички, така што, официјално од утре ќе се рачуна - прв ден. Денес ќе си набавам овошје.
Да, во план ми е Алиса. Од прошла недела се силам,ама... ништо. Повеќе од пола година на витамини бев...лечев едно, сега со диета да го лечам вишоков Плус и апетитот да ми се нормализира, оти ова, чувство ко нон-стоп да имам дупка во стомакот... не личи на мене. Ако те бендисува оваа,ајде. Јас тука ќе бидам.
не е лоша и тешка ама кај мене мислам дека нема да има ефект знаеш дека мене редко која диета ми е ок обично држам а не симнувам се мислам за аткинсон или протеинска да почнам
Јас ја почнав, денес ми е 7 ми ден и сум -2кг. Имав прекршок, изедов 2 кифлички пред некој ден и еднаш 10 тина кикирики пржени. Во денот со банани и со млеко, не можам да пијам обично па пијам чоколадно Ќе видиме на крај што ќе биде.
И јас ќе ја почнам од утре оваа диета ми изгледаа леснаа, а и од вашите коментари се мотивираав плус, само сакам да прашам најдов некој рецепт како напивка со чиа семе, лимун мед за побрзо слабеење дали смеам да ја пијам ?
Пробај тоа што мислиш дека ќе ти одговара. Удри и повеќе на активност, ако можеш. Оти,јас..ко што стареам,помалку можам да си дозволам хард кор аеробик и слични глупости. Тука сум за поддршка Не сум креатор на диетава ама, не гледам причина оти да не го пиете тоа. Јас свеж ѓумбир планирам да јадам, пример, наутро. Гуд лак. Од утре јас Се надевам успешно ќе почнам и завршам