Јас од утре почнувам со диетава ... Сепак има овошје , зеленчук и сл. Дали во овошниот ден се јаде колку сакаш овошје ??? И дали смее суво овошје?
Ајде девојки иде лето . Да стегнеме заби ќе успееме. Имам преголема мотивација ништо нема да ме спречи да ослабам. Не сум мерена ама супер изгледам но сепак уште ќе продолжам со слабеење. Иако мама ми викат
Сабајле мислам пишав, мислам испратив Хмхмхм. Изгледа не. Прв ден - овошен (јаболки). Подоцна компот јаболки+ореви. Ќе се истурка.
И јас почнав денес. Прв ден - 5 јабокла и 3 портокали цел ден и за пиење имам лимонада со чиа семе и зелен чај 2 шолји
Втор ден - зеленчук-ов. Домати, пиперки, краставичка - салата, моркови за грицкане. Семки од тиква и сончоглед..додаток.
Moжеш во оваа диета да јадеш зеленчук занемарувајќи го скробот како во УН. Значи може ориз, грав, компир зеленчук-школски
Фала ти за препораката Сакав бар првите 7 дена да ги избегнам оризот, гравот и компирот, за да ми се прочисти телово и плус да ми се намали/стабилизира апетитот. И, овие први два дена - овошен и зеленчуков, да имам само плус некакви јатки, ради протеини да внесувам. Само ќеа избегавам пржени некои како кикирики и сл. оти ме дујат пред се'. Кај тебе како иде? Те читав баш за диетава и ради тоа решив за оваа. Иначе, една друга држев обично, исто од тука. Оваа ми се виде по ок ради протеините
Втор ден - домат и караставица за доручек, за ручек правам крем супа од брокула и за вечера планирам зелка салата со морков и ротквица
Трет ден! Вчера полесно ми беше да се справам со апетитот Ќе се истера овој пат,дефинитивно Овошје и зеленчук Ќе направам некој микс од печени зеленчуци со лукче за ручек Вечера салата, доручек овошје и јатки
и мене ми е 3 ден добро се справувам 1 ден - 1 јаболко, јагоди и 5 суви сливи 2 ден- 2 компири, 1 краставица, 1 домат и мешана салата за вечера (зелка, рокула, марула, морков) 3-ден- 1 портокал,1 круша, зелка, пола корнишонче, 1 компир
5ти ќе му дојде? Вчера.. место банани, јогурт, овес и корнфлекс. Денес... телешко и салата. Не ќе е телешко ама, протеин ќе е
И јас сум 5ти ден, за доручек јадев само салата заошто не знаев како да го спремам телешкото... Некој рецепт ве молам
Држте се! Шести - пилешко и салата од домати и пиперки. Вчера направив грев со сладолед затоа, утре ќе ми е јогурт ден (течности и овошје), место риба ден.
Здраво...сакам од утре да ви се придружам и јас ама овој денот со телешко можи некое друго месо да се јади или само со салата да го терам ...некако не можам да го јадам телешкото И дали можи во првиот ден овошен и банани да се јадат?