Мислам дека можеш да избереш друго месо. Битно е да внесеш протеини тој ден; да не е некое мрсно или пржено во многу маснотија. Плус и да не го мешаш месото со работи како компири, пример. Она ден за телешко, пилешко, „рибешко“ е повеќе со намера да не се повторува едно исто месо - демек, разнообразие. Од овошје.... јади банани, слободно,. Само помалку банани повеќе други овошки. Внесувај цитрусни и јаболки пошто ти го прочистуваат организмот.
Ма, јок. Не ја истерав. Апетитот ми се намали овие три, речиси четири недели како не пијам витамини па.. решив да не се замарам/измачувам со диета. Пробај. Види, ако ти пасува терај. Кај некои имало ефекти, кај други пак не.
Ја држев минатата недела и за 4 дена симнав 3,5 кг. Не очекував така брзи резултати бидејќи имав многу малку за симнување. Не чувствував глад и потреба за благо. Не ја продолжив диетава оти се настрвив за пица, и веќе недела дена се молам да ја почнам пак, овојпат истрајно.
Денес ми е 4 ден банани и млеко. Ама јас ќе јадам јогурт и банани. Само нема да ја држам 3 недели туку 2,5.
Јас убедена дека од понеделник ја почнувам пак, би почнала уште денес ама деновите за месо повеќе ми одговара да ми бидат во викенд. Ќе ја држам додека не дојдам до 50, сега сум 55,5 После цело лето одржување со салати и овошје.
Јас ја почнав со 71,5 кг диетава, сега сум 66.5 имам уште 3 дена до крајот ама мислам дека нема да ги издржам дека овие денови нема да сум дома. Задоволна сум, немам кризи за благо како што ги имав порано. ( Инаку имам 2 дена утнато скроз, првиот и десетиот јадев и благо тогаш, само леб не. Напоменав пред тоа дека и во денот со бананите и млекото пијам чоколадно млеко дека само млеко не можам) Сакам барем уште 3 кг ама ќе видиме после викендот мислам пак да продолжам да ја држам уште 2 недели дека ми е стварно супер, се осеќам полесно, се навикнав и не ми се јаде.
И јас ја имам држено оваа диета, ама ја истерав до бананите и млекото. Се мерев секој ден и секој ден намалував по точно 700 грама, што за една недела би ослабела скоро 5 килограми. Сакам да ја почнам пак ама не можам месо да јадам ич, не ми е вкусно воопшто и многу ретко јадам. Дали ќе има резултати да ја држам до четврти ден и после од почеток пак?
Вака со промените на @sanjaeva можеби и ќе пробам јас, само нека ми дојди еднаш зошто тогаш или јадам премногу, или премалку па да нема некакви забуни тие дена. Убаво е да се пробуваат нови работи, само месо не ми е прв избор кога јадам и не би можела цел ден месо да јадам, мора да направам промени ете.
4 ден: 5 банани (2+2+1) и 2.5 чаши млеко. Половинката чаша млеко ја чувам за зорт ...а зорт ми е цел ден