5 ден: пилешко и салата 6 ден: пилешко и салата 7 ден: риба и салата Не дека е диетава како хроното да се пишува што се јадело, па тоа да даде некому идеја, ама пишувам колку да кажам дека сум уште ИН.
Диетава сум ја почнала и не сум довршила заради тоа месо .... Како го издржувате месото ? Може ли некоја замена за него ,?
12 ден, - 5кг. Бaнaни денес. Утре гoзбa, месo и сaлaтa ќе се јaде. Не чуствувaм глaд. Амa oчиве глaдни
Истерав 21 ден, -6 кг. ама не сум задоволна од мојата дисциплина. Мешав денови, повторував денови, а со самото тоа излезе некоја модифицирана диета. Она од што сум задоволна е дека се слабее во обем. Веќе носам фармерки кои ми беа и те како мали. Добро и кг не се за потценување. Верувам дека со доследно држење на диетата резултатите би биле уште поголеми. Продолжувам со уште еден циклус од 21 ден. Не е тешка за држење. Нема денови во кои се гладува. Ќе се потрудам стриктно да се водам по диетава.
Zdravo dali nekoj ja drzel ovaa dieta i kakvi rezultati imam visoka sum 167 a imam 84 se plasam veke od mojata tezina moze li nekoj da mi pomogne?
Samo smeni rezim na ishrana. Isfrli sekakov vid na gazirani pijaloci, nezdrava hrana kako sto se hamburgeri, pici, razni testenini, blagi slatki. Jades nizok vnes na hidrati kako sto se lejka, grav, grasak, ovez, oriz, kompir. Jades proteini, jajca, pilesko, telesko, riba, riba tuna vo voda. Jades zdravi masti, kikiri, bademi, lesnici, orevi. Najdobra dieta ti e rotacia na hidrati ili keto dieta. Ako ti treba detalno opisuvanje kazi. Tie dieti irena un hrono oslabi za 20 dena, so tie dieti samo ke si ja oslabis krvta, ke imas vrtoglavici, se desavat problemi so insulinot i glukozata, pad, krevanje i pak pad na energia i posle prestanok vrajkas dupla kilaza.
Ti blagodaram no jas baram nekoj rezim na ishrana po koj bi se drzela za da oslabam vaka nikogas nez sto da jadam
Ме заинтересира, ја проучив, а посебно ме мотивираа резултатите на @sanjaeva од оваа диета и денес почнав. Посебно ми се допаѓа што има многу овошје, а јас обожавам. Со протеините( месото) ќе правам комбинации и замена со јајца. Се надевам на резултати. Ако има некој, нека се пријави Денес цел ден овошје
Ајмооо весело, веселооо, еве ме се пребацив тука. Исчитав, навистина ме мотивираат резултативе, од Сањаева, од Лило, навистина супер! Денеска прв ден, јадев мандарини и портокали, за до вечер ќе правам смути од јаболки, аронија и пола банана за на работа. Ми изгледа океј режимов за да се издржи тачно 21 ден , има витамини, мевце, тамам сВе Ќе вежбам и пијам зелен чај во меѓувреме, па ќе пишам резултати за 10 дена, до тогаш не се мерам.
Yalishandela ме потсети. Време е. 102394875759003 обид да заличам на човек. 102394875759003 пати неуспешно. Можда овој пат ќе победиме, вистински. Ден 1 - овошје. Почнато со кафе, кива и сок од пола лимон сабајлечки.
Почна и заврши првиот ден со киви само. Никакво овошје не ми се јадеше, уствари. Утрово се разбудив гладна. Ден 2 - зеленчук. Симнав една апликација detox diet plan или така нешто со слична диета и за ден два предлог зеленчуци се: варен компир 1, моркови, краставица, домат, праз, зелка...ќе се држам до компирот и морковите.
Ден 2 - зеленчук. Сеа една краставица коа ќе ја спрштам сабајлечки, а за до вечер ќе зобам морковчиња малкуцка, па зелче.. Све у деминутИВЧЕ!
За да ти е слатко и да си викаш, мхм, мхм, сеа што вкусно нешто ќе си каснам Ден 3- комбинација зеленчук и овошје. Почна со цеден лимун, една кива, кафе...сеа компир варен и таков ќе е овој ден.