Според намирниците распоредени низ оброците, не е лош изборот. Не пишува колкави да се парчињата месо, каква да е салатата, зачинета, незачинета... така да, не ограничува до толку и можеш да искомбинираш паметно за да бидеш сит, а пак да тераш квалитетно. Е сега, не знам зошто ветува диетава симнување 3 кг неделно. Освен ако се изгладнуваш, тоа не е реално. Здраво слабеење е до кај кг неделно. Така да, јас би се фокусирала на квалитетните оброци и би била трпелива околу бројките на кг.
Мислам дека е баш така како што пишува. Пример: Секое утро Пола цеден лимон со вода банана кафе без шеќер Пон Појадок 2 јајца варени 50гр.сирење Домат или краставица 1 црно лебче Ужина после 2,3 часа Овошје или цеден сок 2,3јатки Ручек Пилешки стек со салата Вечера салата Балансирана е, ама се премалку калории ако се избројат. Овде од груба проценка колку ќе фати? 900-1000? 1200 се промовира како некој минимум, а и тоа е малку. Диетите се супер за слабеење, ама што после ко ќе ги прекинат? Или мора да се продолжи цело време на тие 1000 калории што не е здраво или е јојо ефект и пак ќе се врати килажата. Со поспоро слабеење е поверојатно да се задржи таа килажа, затоа што сигурно е остварена со внес на доволен број калории и преминува во навика и начин на исхрана.
Можеби имам поттикнато некој процеси во организмот со оваа исхрана едноставно функционира. Плус се забрзува метаболизмот по тоа знам дека исхраната е добра кога има редовно чистење на организмот од токсини тука е здравјето а и слабеењето. Првата недела се слабее 3 кг.после по 1-1.5кг.
Прекрасен ручек за овој прекрасен празничен ден среда посно Пастрмка со свежа салата во прилог брокула. Нека дава Бог здравје и убавини
Мене па ме многу интересира што бара вода со лимон во диетава, тој мит е одамна докажан како невистинит од нутриционисти кои си ја знаат работата.
Лимонот и водата на гладно на утро ги надополнуваат течностите изгубени во текот на ноќта,прават алкализација на организмот помагаат во чистење на дебелото црево и ц витаминот од лимонот најдобро се апсорбира.
Оваа диета во комбинација со вежбање НИКАКО. Според мене е недоволен внес на калории доколку имате физичка активност или одите во теретана секој ден. А за оние кои не им се вежба или пак немаат време да можеби ама последиците се јојо ефект со сигурност, истовремено и е многу монотона исхрана за органозмот.
Се согласувам, треба да се пие вода прво нешто кога ќе станеш. Ама лимонот нема врска. Единствено нешто што ти го прочистува организмот е одење во ВЦ + други спонтани процеси кои организмот си ги прави. Витаминот Ц го има во лимонот, но од пола лимон внесуваш 10-15% од препорачаната дневна доза на Ц. Што е океј, ама една пиперка има 8 пати повеќе витамин Ц во себе, а еден портокал 3 пати повеќе. Целата опсесија на диетите со лимон е илузија.
И после кога ќе прекинеш со 'здравата и избалансирана исхрана' и ко ќе ги вратиш килограмите + 50%? Најлоши се ваквите диети. Од искуство ви кажувам. Пола живот го поминав во yo-yo dieting! Меѓу другото, затоа сега имам 130кг. Не си играјте играчки. Добри диети се оние кои се со мали промени во однос на вашите стекнати навики. Намалување на количината, шеќери, масти... Зголемување на физичката активност. Нешто што ќе можете да го претворите во навика и долго да го практикувате. Губење на 2кг месецот се повеќе од доволно.
Не гледам нешто лошо во диетава, скоро идентична исхрана даваат и нутриционисти. Единствено плескавица или едниот пилешки стек би можела да се замени со нешто. Другото е сосема океј, не е ни малку јадење. Според мене околу 2 кг може да изгуби човек со нормална тежина ( сакам да кажам не со 20 кг вишок туку 5 до 10) во една недела. А да, и се согласувам со членката дека само овошје за појадок не е добра идеја. Барем мене не ми делува убаво, цел ден сум гладна после тоа и баш така постигнувам спротивен ефект.
Вајлд што точно сметаш дека е лошо во диетава? Конкретен појадок или ручек? Освен што сум против постојано месо и салата, др не гледам како проблем. Има и манџи, поручекот е сосема океј. Е, сега ако сака да ослаби човек мора некогаш да се помири и со салата за вечера.
Било која диета, колку е блиску до твоите навики и дали е диета која можеш да ја претвориш во навика?
Нема ништо лошо во лимон од сабајле, освежителен е и здрав, секако е подобра опција отколку првото нешто да биде кафе.
Течноста од лимонот во комбинација со млака вода се користи наутро за да го активира желудникот. Тоа е првенствената негова функција и поради тоа го користат голем дел од луѓето. А во врска со чистење на организмот не знам дали има некаква улога. Ќе те излажам ако го потврдам или го негирам тоа.
Па оваа е блиску прилично. Сега сум олабавена зошто сум на одмор, кога ќе се вратам во секојдневие ќе биде нешто слично. На ова плус кај мене оди некое убаво лепче со ручекот, љ некогаш и со појадокот. Навечер не јадам салата, ама сега оддржувам линија. За слабеење може да се прави отстапка. Се согласувам со тоа што го кажуваш, но за слабеење прво мора да намалиш малку, после постепено креваш по малку до одредена граница. И не изгубив на мускулна маса, напротив. Маснотиите ги намалив за 5-6%, а мускулната маса ја кренав 2-3%. Имам таква вага дома што ги мери овие и така пратев. Паралелно вежбав, ама само со сопствена тежина и тоа повеќе јога и малку пилатес. Плус велосипед.