1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диета - 3 јаболка дневно

Дискусија во 'Диети' започната од meme21, 9 јуни 2013.

  1. meme21

    meme21 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Диетата заснована на три јаболка дневно ја основал нутриционистот Теми Флин. Неговата идеја била да се јадат задолжително по три јаболка дневно, односно по едно пред секое главно јадење, доручек, ручек и вечера.
    Теми Флин уверува дека со ваквиот начин на исхрана може да се ослабне по еден килограм секоја недела, но исто така нагласува дека сепак треба да се внимава и на храната која се внесува за време на главните јадења.
    Што е главната идеја на диетата? Главната идеја на диетата со јаболки е пред секој главен оброк да се внесуваат растителни влакна кои ги има во јаболкото. Откако ќе изедете едно јаболко пред доручекот, нема да можете да внесете толку обилен оброк, а и желбата за јадење на благо ќе ви биде намалена. Можеби сте скептични околу ова, но докторот експериментирајќи на своите пациенти утврдил особен успех со примена на оваа диета.

    Докоторот нагласува дека треба оброците да не бидат обилни и да бидат со што помалку маснотии. Па во прилог ви даваме шема како би требало да изгледаат оброците со примена на диетата со три јаболки на ден.


    Доручек:

    - 1 јаболко
    - Омлет со обезмастено сирење

    Предпладневна ужина:

    - Парче обезмастено сирење
    - Чаша нискомаслен јогурт

    Ручек:

    - 1 јаболко
    - Парче пилешко месо
    - Салата од брокула

    После пладневен оброк

    - Капучино шејк

    Вечера:

    - 1 јаболко
    - Парче лосос на скара
    - Зелена салата

    Заедно со оваа диета докторот препорачува и 30 минутно редовно вежбање или трчање барем 4 пати неделно.


    Кои се општите придобивки од оваа диета?

    - Како што сигурно веќе знаете јадењето и барем едно јаболко дневно е од особена корист за вашето здравје.

    - Јадењето три јаболки дневно ги намалува шансите за прејадување.

    - Јадењето по три јаболки дневно делува превентивно против покачен холестерол и триглицериди во крвта.

    - Диетата со јаболки промовира внесување на свежо овошје и зеленчук во организамот.

    - Лесно може да се изведува без досадното броење на калории и строги режими на исхрана. Имајте во предвид дека горе понудената шема можете да си ја креирате според вашите можности и дека тоа е само приказ како би требало да изгледа.

    - Оваа диета ја промовира физичката активност, па така, доколку повеќе физички сте активни поголем ефект и ќе добиете со диетата.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас почнав да ја држам оваа диета, и стварно многу помалку јадам и со многу малку сум многу заситена.
    исто така го пијам и овај напитокот со јаболка, па ќе видиме што ќе се случи.
    ако стварно се слабее 1 до 2 кг неделно ќе биди супер!!!

    http://karmin.tocka.com.mk/56/107809/na ... n-energija