1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Диети со кефир

Дискусија во 'Диети' започната од moni24, 10 мај 2011.

  1. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Здраво девојки :) истражувам состојки и продукти кои се ниско - калорични и продукти кои ги топат масните наслаги ...знам за грејпот,зелениот чај,чај од магдонос,јогуртот ...итн.
    Но денеска прочитав за КЕФИР . Дали знае некој нешто за Кефирот да ни пообјасни , и какви продукти вие користите од горе наведеното. :D
    Поздрав
     
  2. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
  3. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    174
    Кефир

    јас знам дека кефирот помага при лекување на рак :)
    исто така знам дека се става во млеко некаква габа и со тек на време габата расти :D
    имаше и некаков начин за правење :wasntme: ,мислам секој ден се мие габата и се турва ново млеко,го оставаш да стои така определено време и после го пиеш ;)
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Кефир

    Мислам дека се тоа габи едни бели. Доколку е тоа. Треба да најдеш некој што чува такви. Знам дека братучетка моја имаше. Бели се баш како сиренце бели и се чуваа во тегла со вода се миеа па се ставаа во млеко, не знам колку време па се цеди, и тоа станува закиселено, како јогурт, само малку покиселкаст вкус има.
     
  5. vesna31

    vesna31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Кефир

    ги има се продаваат во веро тинекс..
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Кефир

    Го има во Веро, слично на јогурт, само не толку густо, значи потечен, поредок напиток со киселкаст вкус.
    Ама пријатен, освежува и тоа како.
    Или ќе ти се допадне многу или ќе го мразиш.
     
    На moni24 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Кефир

    Кефирот е млечен ферментиран напиток кој се добива со помош на габи и бактерии. Го има како готов производ во поголемите маркети. Има слабо киселкаст вкус и течна конзистенција. Јас го правев и во домашни услови (имам од бактериите). Инаку е доста корисен за организмот, помага при многу болести. Може да се применува и во диета
     
    На zat и moni24 им се допаѓа ова.
  8. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Кефир

    Да , знам дека се користи за разни болести вклучувајќиго и ракот како што кажаја погоре , но јас разбрав дека се користи како еликсир за "млсдоста" и во диети па затоа и прашав :) недај Боже да ни притреба за болест но добро е да се знае
    Тенкс :)
     
  9. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Кефир

    Кефирот не се користи само како терапевтско средство, тој е и храна. Може да се конзумира како чист кефир или да се употребува за готвење на супи, торти, салати, сосови, освежителни пијалоци. Да, се нарекува „чудесен производ“. Има потекло од Кавказ, луѓето од таму пијат кефир наместо вода и јадат засладен кефир во замена за десерт. Нивниот просечен животен век е 110-115 години.
     
    На moni24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Кефир

    Кефирот претставува ферментиран млечен пијалок кој се создава под дејство на кефирната габа (потекло од Северен Кавказ ).
    Се приготвува со ставање на литар млеко во стаклена тегла ,во која се наоѓаат габите.
    Тие се хранат со одредени состојки на млекото ,а како резултат на метаболизмот го збогатуваат млекото со многу корисни бактериски култури ,протеин кефиран и други полезни состојки.

    Во мојата фамилија се одгледува 12 години ,најмногу го консумира тетин ми и можам да кажам дека во овие години тој изгледа како времето да запрело за него.
    Нема проблеми со килограми ,му се намали тахикардијата ,нема ниту едно бело влакно и ниту едно паднато (а има 68 години ) и човекот е презадоволен во секоја смисла.

    Мене ми е гнас да го пијам поради габите ,ама можи да се "прегнасам" и да почнам наскоро. :lol:
    Вкусот му бил ист како јогурт,така да ,ништо гадно.
     
  11. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Кефир

    Да те поправам малку, вкусот не е баш ист како јогуртот, има малку поблуткав вкус (како расипан јогурт). Зборувам за домашно приготвен, а додека кај кефирот добиен по индустриски пат вкусот е нешто подобар. Го нарекуваат еликсир на младоста. Нема да згрешиш ако почнеш да го пиеш :)
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Кефир

    Мала забелешка :). Вкусот на домашно приготвен кефир може многу да варира заради начинот на приготвување така да кај нас дома е многу убав и пријатен и воопшто не е како расипан јогурт но се согласувам дека индустрискиот има попријатен вкус и повеќе личи на јогурт :).
     
    На SilverGirl и Feminkaa им се допаѓа ова.
  13. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Кефир

    Сакав да кажам дека вкусот не е ист како јогуртот, има покисел вкус, можеби погрешно се изразив :). Точно дека начинот на приготвување игра голема улога, дводневниот и тридневниот (мислам на времето на ферментација) е покисел и содржи поголема количина на алкохол од еднодневниот
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Кефир

    Па добро ,приближно тука биле некаде ,јас уште не сум собрала храброст да им ги испијам метаболитичките продукти на тие мали збеснати скокалиња :rofl: Метафорички кажано :rofl:
    А дека е еликсир на младоста ,ти велам ,имам еден жив пример ,можеби треба стварно да почнам да го пијам ... :puke:
     
  15. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    25
    Кефир

    вака,мене многу ми е убав кефирот и редовно го купувам.бидејки сега прочитав дека се приготвува и во домашни услови би ве замолила кој има рецепт за правење да ми го пиши во л.п. :D
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Кефир

    А габите каде можат да се најдат?
     
  17. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Кефир

    Габите кај нас сеуште ги нема во продажба. Може да се распрашате по пријатели, има некои што ги имаат, а кога веќе еднаш ги добиете после се размножуваат. Јас ги добив од еден пријател
     
  18. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Кефир

    Рецептот е доста едноставен треба само да ги имаш габите. Од габите се става во млеко и се остава да ферментира 24 или 48 часа (зависи каков вкус сакаш да добиеш). Најдобро е да ферментира во стаклен сад. После тоа се процедува и се пие, а габите ги ставаш во друго млеко за понатамошна ферментација
     
  19. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Општи прашања

    Девојки, што е тоа домашен кефир????
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Кефир - вкусен и здрав млечен напиток
    Кефирот е здрав и вкусен пробиотски млечен напиток, кој од дамнешни времиња го користат жителите на Кавказ. Поради своите благотворни својства го нарекуваат еликсир на младоста и долговечноста или дар од боговите. Домашниот кефир се прави со користење на печурката кефир. Кефир всушност е симбиоза од бактерии и честички на млечни масти.

    Кефирот има остар освежителен вкус и лесно се вари во цревата. Сличен е на јогуртот, бидејќи се добива на сличен начин. Но, за добивањето на кефирот се користат други млечни култури на бактерии, кои му го даваат на кефирот неговиот карактеристичен вкус, кој е различен од оној на јогуртот.

    Кефирот е нискокалоричен напиток, кој не дебелее. Затоа често им се препорачува на дебелите лица кои се на диета за намалување на килограмите, Исто така, им се препорачува и на лицата кои имаат нередовно празнење на столицата и други проблеми со дигестивниот систем.

    Кефирот е одличен напиток кој ги зајакнува коските. Особено им се препорачува на децата и на жените во менопауза, бидејќи ги зајакнува коските и е природен лек за превенција и лекување на остеопорозата. Кефирот го зајакнува имунитетот, штити од инфекции, настинка и грип.

    извор