Jane By Design е една од најновите серии кои се прикажуваат на ABC Family. Во оваа серија се раскажува за Џејн, тинејџерка која започнува работа во Донован Декер, хип модна куќа,кога тие ја погрешуваат за возрасна.Џејн наскоро се наоѓа себеси жонглирајќи два посебни животи, обична средношколка и врвен асистент во голема модна куќа, надевајќи се дека ќе го задржи својот вистински идентитет како тајна. Јас ви препорачувам да ја погледнете оваа серија, навистина е интересна Има нови епизоди секоја среда Погледнете ја дефинитивно! Спојлер http://www.tv-links.eu/tv-shows/Jane-by-Design_29441/ линк каде можете да ја гледате серијата
Изгледав една епизода и не е лоша. Ама актеркава е грдичка бе, требало посимпатична да стават некоја. И грдо се облака, ама ќе видиме што дизајнерка ќе испадне од неа
Хахаха незнам зошто но сите викаат дека не е привлечна за камерата Мене ми е баш убава, а за стилот баш и давам 10ка!
Не се емитува на телевизија. http://watchseries.eu/serie/jane_by_design Иначе ја гледам и многу ми е интересно
Jaс не сум ни најмалку заинтересирана за серијава, од прва епизода уште на пола ја прекинав. Многу лоша многу монотона, незнам која им била поентата но мене ми делува како без некоја поента. Јас ни на млада тинејџерка не ми ја пропорачала, многу наивно делува, пренаивно дури и за мали деца.
Hipster и јас го имав тој впечаток првите 2 епизоди, но понатаму станува поинтересна. Ја следам секоја среда и има повеќе интересни случки сега.
Интересна е, ја пратам редовно.На почетокот не ме воодушеви нешто многу многу, ама и дадов втора шанса и не знам сега ми е далеку подобра
јас почнав да ја гледам и стасав до 7ма епизода. Глумицава стварно е грдичка а стилот е 10ка! А до која епизода се стасани?
Серијава ми е бааги слабичка. Приказнава потсетува на Ѓаволот носи прада, со некои додатоци. Главната глумица некако е предетинеста, не знам како одма не увидоа дека е девојче. Единствено Били ми се свиѓа. Инаку, има уште 8 епизоди од првата сезона, ќе продолжи летоска негде. Ова беше mid-season finale.
Немајќи што да гледам, реков да ги спуштам новите епизоди. Ја имат освежено со нови актери меѓу кои и Teri Hatcher и за нијанса е поинтересна од првите 10 епизоди, ама за пополнување на време не е лоша.
И јас ги загледав новите епизоди. Ама ме збуни нешто. Спојлер Нели Били мислеше дека Зои е сиромашна, а кога отиде да се запознае со нејзините родители во богата куќа не рече ништо? Дали јас нешто пропуштив? Пих, не сум ја догледала едната епизода до крај, затоа не сум го видела делот.
Првиот пат кога ја гледав првата епизода ич не ми се допадна, ама сега ја изгледав цела сезона, не ми се виде толку лоша. Малку нерeална на моменти ми е, да не откријат до сега дека е тинејџерка, а и искрено нема фаца за 25 годишна ама ај. И сите мажи во неа се заљубуваат, а тој што вистински ја сака никако да бидат заедно. Симпатична ми е Џејн, и со Били од права епзиода знаев дека има нешто повеќе од пријателство, но сепак мислам дека Џејн малку касно свати. Интересно се облекува и има фини фаци. Били ми е многу симпатичен. И убава е највната песна, заразно песниче http://www.youtube.com/watch?v=p4m_xxjCoXw Се шушка дека ќе има и втора сезона веројатно од Јануари, ама не е сигурно ништо. Барем да заврши на крај со Били зашто вака не е интересно.
Ја изгледав последната епизода од првата сезона денес. Океј е серијава, интересна е за тепање време, ама ПРЕмногу е предвидлива. Во која и неволја да западне Џејн, нешто неверојатно се случува и до крајот на епизодата се е во најдобар ред. Очекував нешто повеќе од последнава епизода, но истата приказна. Спојлер И ова на крајов што дојдоа Греј и Илај за да прашаат кој ја шиел облеката за претставата...мислам дека лесно ќе се извади. Таму учев па сега им помагав за претставата, бла бла, same old, same old... Сигурна сум дека на крај Џејн и Били ќе завршат заедно, знаев уште од првата епизода Били ми е симпатичен. Не знам зошто не ви се допаѓа Џејн, мене ми е многу слатка и носи убави кошулчиња И добро трча на штикли Инаку актерката што ја глуми има 24 години Мене ми изгледа за 19-20 годишна.
И официјално серијата ја прекинаа Криво ми е, барем Џејн и Били да завршеа заедно али тоа е тоа, по интернет се потпишуваат петиции да ја продолжат ама кој знае дали ќе успее тоа.
Еј, така сега незавршено ќе остане? Еве прочитав сега дека ја прекинале. Пих, барем некаков крај да имаше, не дека беше нешт посебно, ама пак...
И јас прочитав дека е укината, само барем уште една епизода да направеа како две епизоди, поточно како филм и да ги средеа работите до крај. Вака ништо не се знае што се случи. А баш се занесов во серијата и за кратко време ја изгледав цела, ми стана секојдневие. :/