Серијава моментално ја даваат на тв пинк. Претходно ја даваа во Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија и имала голема гледаност. Јас видов нешто на youtube и многу ми се допадна. Не разбирам како нашиве досега не ја откупиле. Се надевам дека некоја телевизија ќе се сети и ќе ја откупи. Има 62 епизоди од по 90 минути. Во главните улоги се Еркан Петекаја и Хатуџе Сендил
Дали некој ја гледа серијава? Мене уште од првата епизода ми го привлече вниманието. Знае ли некој што ќе се случува понатаму? Ќе бидат ли заедно Дила и Јавуз(Риза)
Јас ја гледам Спојлер Дила кога ќе дознае дека Јавуз е всушност Риза ќе пука во него, но ќе остани жив. На крајот ќе заврши со нивната свадба и свадбата на Азер и сестраму на Риза Фатма. Инаку на моменти е и по малку досадна ама со убав крај
Леле само колку на живци ми иде Азер. Поодвратен лик според мене нема во серијава, не дека другите ликови се многу добри во карактерот, ама Азер според мене е врвот на негативноста.
Се почна од тој Азер, а мајка му на Риза воопшто не ја оправдувам, но таа заслепена од мајчинската љубов кон Риза и со цел да го заштити, затоа и ги прави тие гнасни работи.
Абе филмот не го гледам ама кога го видов овај глумецот од првиот пост^ на екран си ги подзатрив малку очите слаба сум на постари мажи што да правам
Мене ми е малку нелогична целава серија, таа е образована, адвокатка, а ја остава тој да се однесува со неа како да е животно, ја врзува, ја шета врзана, дрн, дрн... Па тој пука во маж и, таа во него и на крај среќно и весело се завршува, се се заборави???
Ќерката на Арзу дали е од Риза? И дали ќе се дознае и како дека Султан со тој швалерот ја убија мајка и на Дила? И дали Дила ќе дознае дека Азер не е татко на детето на Султан, туку швалерот?
Спојлер Мелек е ќерка на Риза и Арзу. Султан на крај на серијата ќе оди во затвор, а Азер ќе има дете со Фатма.
Султан ќе го убие и Рашит ќе намести дека ѓ самоубиство и писмо во кое тој демек признава дека сам ја убил ерен