Здраво дечки. Можеби и не е нешто како тема но ми е потребно ваше мислење.Наскоро ми е роденден па размислувам дали воопшто да го прославувам. Во последните неколку години личностите со кои сум го поминала роденденот ги губам. Нешто се случува и тие како да се оддалечуваат или сега воопшто и не се дел од мојот живот и секојдневие. Се плашам да не ги изгубам и после овој роденден . Може ќе ми помогнете со вашите мислења
Личностите не ги губиш сигурно поради роденденот, туку поради нешто друго. На пр. ако се работи за врснички-врсници со текот на годините секој постепено созрева и како дел од тоа раснење можно е да се менуваат и интересите, сфаќањата кои до вчера ви биле заеднички евентуално веќе не ви се заеднички. Но тоа не е страшно, постојат многу други потенцијални другарки и другари, само треба да се најдат (можеби ќе биде потребно време...), на пр. дали искачаш? имаш ли дечко? Појди на некои спортски активности, еве во теков на летово има разни аеробик и фитнес школи, зумба, бодибилдинг или запиши се на курс по странски јазици и тн. - зависно што те интересира, и таму можеби ќе запознаеш нови луѓе и ќе ти се прошири кругот на познаници кој пак со тек на време можеби веднаш или можеби со тек на време може да стане и нов круг на пријатели.
Имам друштво и излегувам скоро секој викенд.Одам и на други активности. Но кога ќе дојде роденденот како дежаву се случува и некако тие личности ги нема повеќе, односно испаруваат.Па затоа и се плашам да не се повтори истото а навистина поминував низ еден тежок период и не би сакала повторно да ги изгубам личностите кои ми значат.
Можда се е само психа и се зависи од твоето гласче во главата. Ако толку си убедена дека стварно исчезнуваат луѓето после твојот роденден, тогаш едноставно не го прославувај. Прослави го само со роднини ( кои веројатно не исчезнуваат) И пробај да ја оттргнеш мислата дека стварно ги снемува тие личности поради тоа.
Здраво! Сакам да ми дадете некои идеи скоро му е роденден надечко ми па незнам што д аму купам а пред тоа му е матура и затоа сега ќе треба 2 подароци но незнам што да мукупам дајте ми некои идеи и за матурата и за роденденот. Фала
Со роденденот не значи дека ќе си ги вратиш. Ти ќе ги викнеш, тие ќе јадат и ќе пијат и утре пак исто како што си било. Треба нешто друго да промениш. Не е работата да ги викнеш на роденден, да потрошиш голема сума на пари за да ги почастиш и сите среќни и весели таа вечер, а утре кога ќе се разбудиш нема ни да се сеќаваат кај кого биле на роденден.
За едниот настан ќе му однесеш поскап подарок. Немора и на двата. На едниот можеш нешто да му направиш, како на пример, има на фб Персонализирани подароци. Пиши им на нив, прават чоколадца со ваши слики на опаковката. После тоа можеш да му направиш слагалка со ваша слика во вид на срце. Тоа го има во Џамбо. Можеш да купиш албум и сликите што ги имаш во компјутер заедно со него да ги извадиш и ставиш во албумот. Има многу идеи. А за другиот настан можеш да му купиш алка, ланче, менѓуша, ако носи такви работи, или облека и обувки ако знаеш да му погодиш број. Сакаш да ти кажам, да биде нешто што ќе го користи цело време и ќе го потсеќа на тебе.
pa da zatoa peasuvam sakam da bide nesto sto ke si go koristi za rodendenot da mozam taka fala so toa srceto tie cokoladite toa e polesno da da no za maturata neznam sto da pravam toa mi e malku po kako da kazam pospecificno neznam dali d amu zemam nekoja ubavakosula primer ili nesto slicno
Според мене ти си во една деликатна фаза и прашањето не е толку дали да го славиш роденденот или не, туку се плашиш да не добиеш ново разочарување т.е се плашиш дали воопшто ќе ти дојдат оние кои ти ги сметаш за блиски. Според мене мислам дека оаа година треба да не го славиш роденденот затоа што си во еден страшен грч и на тој начин ќе ги изгубиш и оние малку пријатели што ти останале. Прво треба да се консолидираш себеси, да бидеш поопуштена па тек тогаш да размислуваш на некои такви големи собири.
Да си прашам и јас нешто хахаха. Иако има уште 2 месеци, може да ми дадете некоја идеа каде да ги почастам јас моите пријатели за роденден, некое убаво место во Скопје .
Дали би славеле роденден ако имате само 3-4 другарки или срамота е со толку малку луѓе да се прави прослава? Гледам сите изнајмуваат цели кафичи за нивен роденден, огромни друштва, а јас немам кого да викнам..
Па не мора цел кафич да изнајмуваш. Резервирај си маса и готово. И плус 3-4 другарки не се малку, таман се.
Цел кафич изнајмен? Свадба ли е, роденден ли е? Сигурно си тинејџерка и затоа си толку загрижена како ќе изгледа на другите. Гајле да не ти е, цел живот роденден со најмногу 10 луѓе сум славела и најубаво сме си поминувале. Не се споредувај со другите. Што дека викнале цел кафич, се е тоа глума пред народот, со сите да не се тие блиски, како не.
Да. Многу очекувања и разочарувања. Кој заборавил да ми честита, кој ми глуми близок, а не доаѓа на роденден... Често сум плачела на сопствениот роденден.