1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дилема за роденден

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од pixy-star, 27 јуни 2013.

  1. pixy-star

    pixy-star Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Здраво дечки. Можеби и не е нешто како тема но ми е потребно ваше мислење.Наскоро ми е роденден па размислувам дали воопшто да го прославувам. Во последните неколку години личностите со кои сум го поминала роденденот ги губам. Нешто се случува и тие како да се оддалечуваат или сега воопшто и не се дел од мојот живот и секојдневие. Се плашам да не ги изгубам и после овој роденден . Може ќе ми помогнете со вашите мислења :(
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.182
    Допаѓања:
    4.203
    Личностите не ги губиш сигурно поради роденденот, туку поради нешто друго. На пр. ако се работи за врснички-врсници со текот на годините секој постепено созрева и како дел од тоа раснење можно е да се менуваат и интересите, сфаќањата кои до вчера ви биле заеднички евентуално веќе не ви се заеднички. Но тоа не е страшно, постојат многу други потенцијални другарки и другари, само треба да се најдат (можеби ќе биде потребно време...), на пр. дали искачаш? имаш ли дечко? Појди на некои спортски активности, еве во теков на летово има разни аеробик и фитнес школи, зумба, бодибилдинг или запиши се на курс по странски јазици и тн. - зависно што те интересира, и таму можеби ќе запознаеш нови луѓе и ќе ти се прошири кругот на познаници кој пак со тек на време можеби веднаш или можеби со тек на време може да стане и нов круг на пријатели.
     
  3. pixy-star

    pixy-star Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Имам друштво и излегувам скоро секој викенд.Одам и на други активности. Но кога ќе дојде роденденот како дежаву се случува и некако тие личности ги нема повеќе, односно испаруваат.Па затоа и се плашам да не се повтори истото а навистина поминував низ еден тежок период и не би сакала повторно да ги изгубам личностите кои ми значат.
     
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Можда се е само психа и се зависи од твоето гласче во главата. Ако толку си убедена дека стварно исчезнуваат луѓето после твојот роденден, тогаш едноставно не го прославувај. Прослави го само со роднини ( кои веројатно не исчезнуваат) :D И пробај да ја оттргнеш мислата дека стварно ги снемува тие личности поради тоа. :)
     
  5. Таа од соништата

    Таа од соништата Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Здраво! Сакам да ми дадете некои идеи скоро му е роденден надечко ми па незнам што д аму купам а пред тоа му е матура и затоа сега ќе треба 2 подароци но незнам што да мукупам дајте ми некои идеи и за матурата и за роденденот. Фала
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Со роденденот не значи дека ќе си ги вратиш. Ти ќе ги викнеш, тие ќе јадат и ќе пијат и утре пак исто како што си било.

    Треба нешто друго да промениш. Не е работата да ги викнеш на роденден, да потрошиш голема сума на пари за да ги почастиш и сите среќни и весели таа вечер, а утре кога ќе се разбудиш нема ни да се сеќаваат кај кого биле на роденден.
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    За едниот настан ќе му однесеш поскап подарок. Немора и на двата. На едниот можеш нешто да му направиш, како на пример, има на фб Персонализирани подароци. Пиши им на нив, прават чоколадца со ваши слики на опаковката. После тоа можеш да му направиш слагалка со ваша слика во вид на срце. Тоа го има во Џамбо. Можеш да купиш албум и сликите што ги имаш во компјутер заедно со него да ги извадиш и ставиш во албумот. Има многу идеи. А за другиот настан можеш да му купиш алка, ланче, менѓуша, ако носи такви работи, или облека и обувки ако знаеш да му погодиш број. Сакаш да ти кажам, да биде нешто што ќе го користи цело време и ќе го потсеќа на тебе.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Таа од соништата

    Таа од соништата Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    pa da zatoa peasuvam sakam da bide nesto sto ke si go koristi za rodendenot da mozam taka fala so toa srceto tie cokoladite toa e polesno da da no za maturata neznam sto da pravam toa mi e malku po kako da kazam pospecificno neznam dali d amu zemam nekoja ubavakosula primer ili nesto slicno
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Според мене ти си во една деликатна фаза и прашањето не е толку дали да го славиш роденденот или не, туку се плашиш да не добиеш ново разочарување т.е се плашиш дали воопшто ќе ти дојдат оние кои ти ги сметаш за блиски. Според мене мислам дека оаа година треба да не го славиш роденденот затоа што си во еден страшен грч и на тој начин ќе ги изгубиш и оние малку пријатели што ти останале.
    Прво треба да се консолидираш себеси, да бидеш поопуштена па тек тогаш да размислуваш на некои такви големи собири.
     
  10. Fitteen

    Fitteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Да си прашам и јас нешто хахаха. Иако има уште 2 месеци, може да ми дадете некоја идеа каде да ги почастам јас моите пријатели за роденден, некое убаво место во Скопје :wasntme:.
     
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Пицерија Џино, Ројал Македонија, Пелистер, Сушико, Ѕвезден Океан.
     
    На Fitteen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AlinaT

    AlinaT Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Дали би славеле роденден ако имате само 3-4 другарки или срамота е со толку малку луѓе да се прави прослава? Гледам сите изнајмуваат цели кафичи за нивен роденден, огромни друштва, а јас немам кого да викнам..
     
    На Boni99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Па не мора цел кафич да изнајмуваш.
    Резервирај си маса и готово.
    И плус 3-4 другарки не се малку, таман се.
     
    На cresa-jagoda, Мамичка и AlinaT им се допаѓа ова.
  14. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Цел кафич изнајмен? Свадба ли е, роденден ли е? Сигурно си тинејџерка и затоа си толку загрижена како ќе изгледа на другите. Гајле да не ти е, цел живот роденден со најмногу 10 луѓе сум славела и најубаво сме си поминувале. Не се споредувај со другите. Што дека викнале цел кафич, се е тоа глума пред народот, со сите да не се тие блиски, како не.
     
    На cresa-jagoda, Мамичка и AlinaT им се допаѓа ова.
  15. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    Јас би резервирала само маса.И плус 3-4 другарки се доволно.Важно е вие убаво да си поминете.
     
    На cresa-jagoda, Мамичка и AlinaT им се допаѓа ова.
  16. AlinaT

    AlinaT Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Така направив, маса во ресторан резервирав вчера.
     
    На Beautiful Dreams, cresa-jagoda и Мамичка им се допаѓа ова.
  17. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    7.517
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило да сте тажни на денот на својот роденден?
     
  18. devito

    devito Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2022
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    217
    Ne
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AlinaT

    AlinaT Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Да. Многу очекувања и разочарувања. Кој заборавил да ми честита, кој ми глуми близок, а не доаѓа на роденден...
    Често сум плачела на сопствениот роденден.
     
    На cresa-jagoda, devito и KiT им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.081
    Пол:
    Женски
    Не.