1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дилеми околу воспитувањето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 19 декември 2011.

  1. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски



    многу ми смета,свеки ја учи мојата малечка така.ама и реков дека нема да и ја носам долу ако праи така
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сфатив што е прболемот. Очигледно додека не се исплачи убаво, не заспива како што треба. Синоќа го оставив да се исплаче добро, може пола саат плачеше, вриштеше да го земам, ама не попуштив. Плачеше без солзи т.е значи само глумеше лудило :lol: за да си ја исполни желбата. На крај го зедов, се смири, го легнав и заспа. Но :!: пак си спиеше со мене и мм.
    Ајде догодина со нови сили за спиење сам :lol:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    не си направила грешка,баш напротив,луѓето порано сите спиеле со своите деца ,тоа во последните неколку децении е сменето и нема нешто поубаво за детето од тоа да се разбуди до мама и тато,според мене секое бебе треба барем некое време кај родителите да спие,така се осеќа сигурно и заштитено и таа сигурност ќе му се одрази понатака во животот.кога-тогаш се навикнуваат на креветче :)
     
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Имаме само една баба (мајка ми) и таа е на иста страна со нас. Единствено нешто за кое не се сложуваме е облекувањето бидејки таа смета дека никогаш не се доволно облечени, студено ке им било без хулахопчиња :)
    Доколку детето направило неубава работа, може да го искарам и тоа нормално ке отиде кај баба за утеха. Бабата ке го прифати ама ке продолжи да му зборува како не треба да е лошко, дека децата кои не се умни никој не ги сака и седат во ќоше постојано.
    Го применуваме ќошето како воспитна мерка. Се спуштам пред детето да сме на исто ниво, му кажувам дека направило грешка и го испраќам во ќоше. После неколку минути го прашувам дали ке се повтори грешката и го терам да се извини на кој има погрешено. Воспитната техника ја имам научено од Supernanny и функционира во 95% од случаите. Пишувам го бидејки скоро секогаш е синчето во прашање :*:

    ^^ Се сетив на една случка. Пред 2-3 недели ги земам малите од градинка. Ја земав керкичката од средната група па влеговме по синчето кој оди во мала група. Во исто време доаѓаат две баби, едната останува надвор а другата влегува по внучето. Се погоди да тргнат кон вратата пред нас при што внучето, машко дете околу 3 години застана на втарата и не не’ пушта да излеземе. Се сврте кон нас и почна да ги удира моите деца. Моиве изненадени само застанаа и го гледаат, не го познаваат детето и не знаеја како да реагираат. Јас ја свртев работата на шега, му велам ти цариник ли си, ако треба да дадеме пасоши за да излеземе, бабата го намоли некако да тргне, му вели ај да видиш кој те чека надвор и излеговме некако. Пред врата другата баба не му рече здраво внучко, како си, не го гушна внучето туку му пријде со зборовите: каааај си бе нинџа, и детето веднаш почна да ја удира со тупаници... :x И ако, нека ја млати, љуби га баба. Идиотизам. Не се децата виновни....
     
    На simonagj, gjoker4e, avita и 2 други им се допаѓа ова.
  5. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    како сто проЧитав неколку постови немасе слиЧен проблем како мојот, ако може да се нарЧе проблем мојот проблем ... :) но сепак барам мисленје бидејки сум неколку денови замислена околу една ситуцаија.Eпа вака:имам 12 и пол години керкиЧка досега норлнао имабме проблемцинја . но сепак навистина сме блиски усте од мала ја науЧив да ми се доверува.. јсе трудев да ја уЧам на вреднстите во животот.. како и секоја мајка.. поЧнувајки од музиката до уметноста,па до трудот во животот.. дома во насиот дом се слуса рок музика, поп..и керкиЧката од мали нозе ја слуса таа музика сега кога е голем ане сака стил бугарска музика или гранд музика.. си слуса битлси, нирвана.. а е 12 години друграките го слусаат џастин бибер музика за деца од 12,13 години нис посебно. но таа не го сака.. нејзините другрки слусат адријана ацевска, бугарска музика,џастин бибер .. и некако таа отскокнува.не сака ни да Чуе за таква музика.. знам дека тоа таа сто го слуса е квалитетна музика но самото тоа сто нејзините другарки лудуваат по џастин бибер а она е друг стил ме загружва бидејкие мала . не друго.. нз дали да ја подржувам и понатамо во стилот или.. нз знам дека немам згресено. дека бугарска фолк музика е забраннеа тема кај нас. дома но околината е.. страсна..а не сакам да ја мислат . уф оваа знае па се или дека е замара со нејзината музика бидејки... тинејџерите се страсни во денесно време и јас не сакајки и ја наметнав музиката.. уф не енекој проблем само барам мисленје :$ поззз до мајките на адолесцентите сто и дури ваков проблем ги паниЧи :)
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Вие добрина му правите на детето што од мало не му го труете мозокот со бугарски и такви ср**а. Навистина. И нема врска ако не го сака Бибер. Имам јас мали братучедки, дел сечат вени за Бибер, дел не можат да го поднесат. Јас додека бев мала не знаев ниту еден стих од српско и секогаш ме зафркаваа другарчињата дека не знам да се развеселам (дека само на српско се веселело), ама ги зафркаваа и тие кои слушаа само шабански песни. Отсекогаш имаше рокери, панкери во децата и баш беа повпечатливи и ние лудувавме за нив. :lol: Така да, музиката нема граници, секој нека си слуша тоа што сака. ;)
     
    На avita и eli25 им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.597
    avita, остави го девојчето да си слуша што сака.
    Биди среќна што не ги одбрала Аца Лукас и Адријана Ацевска на репертоарот, т.е. треба да си многу горда.
    И не плаши се дека ќе остане сама и без друштво, секогаш ќе се најдат истомисленици, никој на светов не останал сам, без другарче. :)

    Уф, јас би била среќна моето дете да слуша рок, рап, метал, ма што било, освен турбо-фолк. :puke:

    Ако ми забега накај турбо-фолкерските води, тука нема да играм на картата - дозволете му на детето да прави/биде што сака.
    :muscle:

    :D
     
    На JuLleE и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски

    авита мојата керка има 15 месеци и слуша само дејвит гета,марун5 и џеј ло.
    како мајка и,никогаш нема да и пуштам бугарско :D :D :D
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.797
    Допаѓања:
    131.563
    Колку сака нека се разликува, ако знам дека е правилен нејзиниот избор, би била среќна. Како што кажа Трендафилка, секогаш ќе се најдат истомисленици.

    Јас имам „проблем“ со синот. Има пет години, и не сака да слушне да црта или да бои. Не црта никакви фигури, ретко можеш да го натераш да нацрта било што, а кога ќе нацрта цртежот е ужасен, едвај може да се препознае некоја фигура, главно се некакви апстракции. Никако не можам да го натерам да црта, сум се обидела милион пати. Се разбира дека се обидувам со убаво, не сакам да му створам одбивност, ама само што ќе спомнеш цртање, одма почнува да вика - не сакаааам!!!
    Пробав прееска да го условам - многу сака да решава логички задачи, и му кажав дека не може да решава следна додека не ја обои првата, божем така пишувало во книгата, и ми се изналути како да сум му опцула мајка :D Беше на раб да заплаче, и лутината го држеше речиси еден час.
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Што да ти кажам, исто се мислам и јас. Кога ќе му ги погледнам цртежите во градинка, фантастични за дете од 4 год. а оди дома натерај го. Нема шанси. Секогаш ја прашувам и учителката, тој ова сам го нацрта, обои и секогаш одговорот е ,,да,,. Понекогаш не ни верувам искрено.
    Дома пробував со точки. Оформам фигура со точки и тој да ги спои и истото да го нацрта. Ми успева не да не ама многу ретко сака.
    Единствено што сака е да црта во Архикад :$ (програм во кој цртаат архитектите). Го гледа како црта татко му и тој на друг лаптоп до него и го имитира (црта куќи, бродови...озбилни работи :!: ). Можам да кажам дека 40% го има совладано перфект. Многу е мал за такви работи и толку време да поминува на компј. па му давам некои забрани и татко му го мавам на поткровје (си направи таму работна просторија) да црта.
    Некој ќе каже ,,еј па супер,, епа мислам дека не е многу ,супер,,. Што знам ?!?!
    А ги гледам другите деца од роднините, со мерак земаат лист и цртаат. Мислам дека кога ќе појдат на училиште повеќе ќе им се допаѓа тоа. Или се мали или навистина не ги интересира сега за сега. Оваа напредна технологија си го прави своето...
     
    На Ariel и avita им се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.797
    Допаѓања:
    131.563
    И мојов црта во пејнт, не можам да го одлепам од компјутер, а не му пуштам игри, па му останува цртање и штракање букви во ворд. Само и таму цртежите му се апстракции...

    Туку од вчера имаме нова ситуација :) Бев во дилема долго време што да правам, и пред да решам работата кулминира, па морав да реагирам.

    Освен што не сака да црта, малиот мој некогаш знае да и се развика на жената што го чува, или да одбие други работи кои треба да ги прави. Исто така кога одиме на логопед некогаш не сака да соработува, па вчера токму таму „ми пукна филм“. По пат во кола се договривме дека ќе прави една вежба, ама којзнае каде му бил паметот, затоа што кога стигнавме на логопед ми рече дека не сме се договриле. Се изналути, и не сакаше да слушне да вежба. Жената го утепа од молење, а тој никако да попушти, и сфатив дека време е за казна. Колку сака нека е старомоден методот, функционира.
    Од септември ќе оди во училиште, и крајно време е да научи дека ќе мора да прави и работи кои можеби нема да му бидат интересни, ама мора да ги завршува задачите кои ќе му бидат дадени, и мора да почитува авторитети - ќе му се најде во животот.

    После логопед требаше со сестра му и другарка и да ги носам на игграње, ама го откажав тоа. Му забранив да гледа телевизија, да си игра со сестра му, не го носам никаде, и тоа што мислам дека најмногу го заболе, а ме боли и мене - нема гушкање со никој, па ни со мене. Ефекти имаше уште веднаш, само веќе беше време за спиење, па ќе видиме денес како ќе се одвиваат работите. Сабајле му кажав дека не може да се гушнеме пред да оди во градинка. Знае дека е казнет, како попарен е сега, многу ми е жал, ама мислам дека сега ако му дозволам да се однесува како сака - нема назад.
    Ќе видам утре како ќе се однесува на логопед, и дома денес и утре, па ќе одлучам до кога ќе се однесувам вака со него. Ми беше во план една недела, ама ако се поправи -до петок ќе биде доволно. Ако не се поправи, во петок и сабота имам закажано играње со другарчиња, и нема да го носам, ќе ја носам само сестра му.

    Не знам како поинаку би постапила за да го решам проблемот. За тепање не сум, ако не мора, а со разговор не се решава - сум се обидела милион пати.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.597
    Славица, и ти си една среќна мајка, како Авита исто. :D
    Да знае моето дете да црта 40% во Архикад... па има да частам пола маало. Сериозно.
    Што ќе се ушљапува во акварел и мрсни бои, со некакви си неинвентивни куќи и дрвја, што ги цртаат сите дечиња, мене ми нема апсолутно ништо посебно во тоа.
    Плус и не е секој надарен и не сака бре.
    Што убаво да си го влече нешто како Архикад уште отсега, алал нека му е. :)
    Па ако го наследи татко му, знаеш ли што пари ќе заштедиш на професори за изучување на програмава?
    :D

    Ги читам проблемите околу воспитување на вашите дечиња и не сум мајка, ама сметам дека поголемиот дел не се толку опасни и сериозни.
    Кај што одам најчесто на гости, едното кубе и штипе, ама онака крвнички, тоа му било поздрав, од милост :^) - и никој не реагира.
    Големкото, 8 години, не се одлепува од тв, има нејзино двд и постојано гледа само цртани, со часови значи - никој не реагира.
    Никогаш, ама никогаш не им се собрани играчките, сите ќе се препнуваат по 10 пати и ниту некој им вели да ги соберат, ниту самите им текнува, нормално, деца.
    Ако нешто не се купи во речениот миг, тогаш има драматично плескање од под, вриштење како да ги колат и солзи, закани и навреди....
    и ред други глупости.
    Е тоа е загрижувачко.
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ма јасно ми е тоа ама знам дека крив е компјутерот кој го има уште како од бебе :^) . Дрвени, водени и темперни бои ги издегустира за многу брзо време. Дете е сакам да се шлапка и црта по листови па макар и по зидови по дома :D ама несака. Се плашам и да не расипе очиња. Знам дека не е некој проблем, ама сепак го контролирам.
    Тоа удирање по баба му и тетка му (золва ми) имаше една фаза и кај нас. Посено ако се налути и не е по негово. Многу го алат-галат и така им возвраќа, им реков.Тоа не го прави на никого освен на нив. Им реков дека ќе преземам мерки со тоа што ќе го тепам јас него, па ако не ве боли продолжете и понатаму да го алите, им реков. Како се купуваше нова играчка секој ден, така ги фрлав во канта и имаше големо плачење и издизање од земја.Помина, тоа се реши.
    До пред некое време нејќеше сам да јаде, туку само јас да му давам да јаде. Во градинка сам јаде, кога е во друштво со некои деца дали на гости, родендени и сл. сам јаде а кога е дома јас да го ранам. Пукнав оној ден и се заинатив и не му давав додека сам не побара и сам не јаде. Ми преседна и јадењето и се ама имаше ефект.
    Уште сам да почне да заспива :?: супер, ама и тоа тешко. Бара јас или татко му да легне до него и да заспие. А знам деца на негова возраст што сами си заспиваат. И тоа ќе треба некако полека да го решавам.
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Дилемава е од тетка ми која на постари години роди деца.
    Помалото е девојче, сега има 11год.
    Дома и надвор се дружи само со помали девојчиња (комшиски деца претежно), кои имаат по околу 7-8год.
    Сите мали девојчиња ја гледаат како постара сестричка, многу ја сакаат и трчаат по неа. Таа им е како главна. :D
    Сите и` приговараат на мајка и`, дека девојчето требало да се дружи со генерациски деца, а не со помали бидејќи не се развивало и ќе затупело.
    Мислите дека има логика тоа? Или за дружба не се битни годините...? :?:
     
  15. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Според мене, најбитно е тоа со какви деца ке се дружи детето, јас сум израсната со постари, пошто кај мене во маало немам врсници освен машки. Има голема разлика во понатамошниот живот. Јас ги гледам другаркиве кои се дружеле со врсници, правеле работи на 16 години, истите кои јас сум ги правела на 14 итн.
    Многу се понапредни тие деца кои се израснати со постари, учат на порана возраст многу повеќе работи, а и се поголеми борци во животот, одејќи според тоа, во друштво кога си на постари да знаеш и ти нешто што тие не го знаат па да го кажеш, борба да дојдеш до збор.
    Помалите девојчиња ја сакаат бидејќи ги учи како треба а како не да се направат некои работи. Така и нејзе и треба некој да и покаже одредени работи.
    Ипак не се учи се дома, одејќи по мене, уличната школа е најбитна во животот, да има само едно парче нешто и ти да знаеш како да се избориш за да биде твое.
     
    На NATALI.27 и girl.23 им се допаѓа ова.
  16. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Ми нема логика тој коментар дека ќе затупело и сл. Напротив мислам дека девојчињата кои додека растат поминуваат време со помали од нив , сеедно дали со другарчиња или пак имаат помало братче сестриче добиваат некоја предност, во смисла кај самите тие се развива повеќе чувството за одговорност за оние кои се помали од нив, и мислам дека кога уште во детството тоа чувство се развива многу позитивно дека влијае на карактерот на тоа дете во иднина......Јас на пр. имав постара сестра и секогаш таа се грижеше за мене , јас секогаш бев помалата и дури и кога ќе бев на возраста накоја таа била пред некоја година третирана како повозрасна, со одговорност према мене, јас на истата таа возраст бев "мала". Еве сеа си ги гледам моите и ќеркичката многу се поставува заштитнички и со одговорност према помалото братче,и мислам дека да имав и друго постаро дете од неа дека она на истата таа возраст поинаку малце ќе се однесуваше.... Понекогаш морам да ги потсетам блиските дека и таа е дете , и тоа мало, бидејки знаете како се учи постарото дете ( ти си постара, ти треба да разбереш , да попуштиш, да го научиш)а тоа може да му стане и товар можеби :?: и некако помалце му се попушта...
    Да скратам
    Не може детето да има штета од дружење со помали,па сигурно на училиште си се дружи и со врсници, но не треба и ние да забораваме дека и тоа е мало дете и иако не е скроз поврзано со прашањето но сакам да кажам за родителите, бабите и дедовците дека секое дете треба да го третираат према возраста бидејки не може првото да биде зрело и кога има 5 год. а второто да биде мало и на 15 затоа што има поголемо од него...
     
    На girl.23 и avita им се допаѓа ова.
  17. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    :) девојЧинјата сто се дружат со помали не само сто добиват Чуство на одговорност му се подига самодовербата дека е омилена во децата .. ке добива се сто сака бидејки се помали секогас ке ја добива најдобарта играЧка а тие ке се тепаат кој да седне до неа кој да игра до неа.. кога ке тргне на уцилисте ке поЧне со свои врсници . и ке си има свој свет знам таков пример.. девојцето ни малку не остана не развиено ни заостанато.. тоЧно дека моето и некои други деца многу науЧија од неа писување , латиница буквите, цртање и многу други работи пред да тргант на уЧилисте за нив е добро да но девојЧето воопсто не заостана .. бесе добро во уЧилисте ,, си имасе свои врсници другарки а маливе трЧаа по нејзе пак но таа веке се Чуствувасе голема па си играсе со нив само кога и бесе досадно.. кога ке и дојдеа другарки отрЧувасе кај нив а малите остануваа разоЧарани. J ;) а гледаа како идол :D :D сега се веке големи пак се дружат
     
    На girl.23 и sweet25 им се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Исто како да го опиша девојчево. :D Се` до збор. :)
    Проблемот е во некои жени (претежно од роднините), само и` призборуваат на мајката, а наскришно и на девојчето му велат да си најде другарки, дека е срамота да си игра со помали. :^) А, што кога во маалото сите се помалечки. :|

    Фала ви на трите што се потрудивте да помогнете. :*
     
    На avita му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lidija.nikola

    lidija.nikola Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Moeto dete ima 5 godini site dobro se odnesuvame so nego pazime doma da ne kazeme nekoj bezobrazen zbor bidejki toj vednas sto ne ubavo i loso vednas go upotrebuva ne navreduva nas roditelite babite dedovcite sme probale sekakov nacin da ne gi upotrebuva tie navredlivi zborovi no nikako da ni uspee.Koga ke go izneseme nekade so deca ili na prosetka ne saka da zboruva celo vreme molci nekoj ako go prasa nesto ne odgovara. Zatoa ve molam za sovet

    [mod-kirilica:30dqfpfw][/mod-kirilica:30dqfpfw]
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Колку и да се трудиш сепак многу работи ќе чуе или научи од улица а тука веќ неможеш да го изолираш. Сега е мал и интерсно е да каже некои грдни зборови кои не ги ни разбира а интересни му се за кажување. Кога ќе порасне и осознае што значат тие зборови нема да ги кажува. Битно е сега уште од мал да свати дека грдни зборови не се кажуваат по дома, на роднини... и принципи на добро однесување кои произлегуваат од домашно воспитување. Утре нема ни да знаеш ниту контролираш ако еве на пр. опцуе некој другар. Разбираш што сакам да ти кажам.

    За второво, би кажала дека му треба социјализација. Оди во градинка детето? Можеби е срамежлив и како трета причина би кажала дека е од оние деца кои доколку не го познаваат другиот човек или немаат доверба не зборуваат, па му треба одредено време да се опушти, народски кажано.
    Тука неможеш нешто многу да го присилуваш и да сакаш. Таков е неговиот карактер сега за сега, а и пак ќе кажам мал е. На 5 годишна возраст преовладува срамувањето кај некои деца што е и нормално и нема потреба за грижа воопшто.
    Некои деца зборуваат како стари и ќе те продадат, ама не се сите исти. Мислам дека проблемот е во социјализација и осамостојување на детето.
    Немаш потреба од грижа, ќе се среди како расне