1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дилеми околу воспитувањето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 19 декември 2011.

  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    [​IMG]
     
    На Nine25, Lucid-dreamer, nesa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Maja-Stockholm

    Maja-Stockholm Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Jas ne sum roditel, no sepak redovno gi sledam tekstovite na internet koi se nameneti za vospituvanje na deca, nivno obrazovanie itn...
    Utrovo procitav eden mnogu ednostaven tekst, a sepak odlicen. Se odnesuva na ovaa tema, pa za da ne vi go preraskazuvam, ke go ostavam samo linkot do nego, pa ke mozete i vie da go poglednete.
    http://boza.mk/2012/zhivotni-lekcii-koi ... chilishte/
    Pozdrav.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mama27

    mama27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    175
    Моето дете има 8 години и неможам да најдам начин како да му се доближам да се ослободи да ми кажува односно да разговара со мене во врска со школото,што прават,за некоја активност која ја работеле и други работи...Ако го прашам ке добијам кратки одговори и го интересира само телевизија,лап-топ,да игра,да оди кај некое другарче ,ако го прашам за домашно нешто ке напиши со молба,а само не му текнува дека има обврска и само заборава и оди на училиште со половична домашна,ме убедува само толку дека има,кога ќе му кажам дека нема штета и другото да го направи тој ме убедува дека е така како што прави тој и дека наставничката му кажала само толку,а кога ќе отидам да прашам секогаш е на моето поголема доверба има во едно другарче кое е 2 години поголемо од него него во мене.Ако му купам пример патики ги носи со мерак,а другиот ден не ги сака и не кажува зошто,потоа разбрав од други дека тоа дете му рекло дека не се убави и му се смеело,или кога ке му направам фризура не сака затоа што му се смееле,а истото дете ја молело мајка му да му направи таква фризура,таа ми кажа и за многу други работи ми кажа наставничката дека каснеле на час,затоа што тоа истото ги терало да излезат надвор ќе му пуштал песни на мобилниот телефон ама само надвор,намерно за да закаснат.Многу ми делува расеано,а имам пробано со секаков начин од разговор,до пофалби,казни...буквално со се.Има и соработка но нема резултат,прифака се ама не применува.Други негови врсници се кажуваат дома,а моево не.Ќе ве молам за мислене :worried:
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Вака на прв впечаток од постот заприметив дека нешто не му штима на училиште или има изгубено доверба во некој од Вас по дома. Такво е и моето во градинка, кога ќе направи некоја глупост или досаден ден му бил (не по негов кеф) кога ќе го прашам што работевте денес или молчи или некој краток одговор колку да ме откачи.
    Почнав со тактики, те видов од прозорецот ова правеше она...и така почна да си кажува или пак веднаш кога го земам изрецитира песна што и како било денес.
    Така и твоето, нешто не му штима во неговото одд. за да се дружи со дете од друго одд. кое е постаро од него (сите сакаат брзо да пораснат). Постарото дете има влијание врз него и тој се огледува во него и цени што тој ќе му каже.
    Почни да му ги контролираш домашните задачи, ако не си сигурна дека тоа е тоа тогаш прашај некој друг родител или дете од негово одд. (бар вака прават што имам слушано од пријатели), бар така ќе чуе и знае дека имаш целосна контрола и нема да може да забушава. Воведи му ред дека после јадење прво пишување домашна па потоа се останато (да прави што сака). Терај го повеќе на физичка активност (со цел да го тргнеш од лап топ), еве сега и се отоплува времето па дури и нешто да ти помогне по дома низ игра (доволно на пр. да изнесе ѓубре, да си ја среди собата (ако има), негови играчки, книги, тетратки, ташна со книги за утрешен ден...).
    Незнам колку се дружите али еве на пр. предложи му идеја и тој да повика другарчиња дома па ќе видиш како ќе се однесува и кои ќе ги повика.
    А тоа за патики, флизура...другото дете е љубоморно - детска љубомора (како тој да има таква флизура а јас не). Научи го/кажи му да одговори дека него му се убави и затоа ги носи, да не дозволува другите да ценат место него (незнам баш колку ќе го разбере ова последново али така тактички обработи го). Баш пред некој ден читав дека контра ефект е кај децата ако на пр. му кажеш твоите патики се поубави од негови, тој е посилен, попаметен и сл. се создава погрешна слика на детето.
    Тоа за мобилните тел. незнам што да кажам. Ги гледам и јас, 7-8 год до Ајпод во џеб :x па колку и да сакаш да го заштитиш твоето другите ќе влијаат врз него. Сега сигурно си врти во глава тој има мобилен а јас немам. Доцнењето на час не го оправдувам воопшто. Кажи дека ако доцни ќе го отпишат од училиште и ќе седи дома додека неговите другарчиња учат. Ако не му се учи ќе го дадете на занат или да чува овци :) . Ова можеби смешно звучи и заостанато но има ефект или бар ќе го подразмисли малку.
    Тоа се случува кога школото нема авторитет врз децата. Ова го немаше во наше време...
     
    На mama27 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Mama27, можеби не е лошо да се посоветуваш и со училишниот педагог или психолог. Тие би требало да ти дадат совет кој ќе ти помогне, сепак имаат соодветно образование и искуство.

    Кај ќерка ми во училиште имаше проблем со дисциплината кај неколку од машките, и на родителите им посочија да разговараат со психологот, и родителите и децата. Родителите кои разговараа и ги следеа советите на психологот постигнаа голем успех со нивните деца. Некои воопшто не се појавија, па немаше никакви промени. Знам дека проблемот е различен, но сакав да дадам пример за успешно решавање проблем со вклучување стручни лица.

    Инаку, од мој аспект гледано, мислам дека треба да му посветиш повеќе време периодот. Не велам дека не му посветуваш доволно, само ми делува како да му треба повеќе. Тешко е да донесуваш заклучоци за туѓо дете, па можеби ќе ти помогнам со премири за моето дете, можеби нешто ќе ти користи. Малиот мој има 5 години и знае да биде незаинтересиран, да не ми кажува што правеле во градинка, ако треба нешто да донесат од дома не ми пренесува, некои од работите кои мислам дека треба да ги прави дома не ги прави... Во септември ќе почне со школо, и неодговорноста многу ме плаши.

    Кај мене единствено нешто што пали е да му се посветам максимално и се да правам со него. На пример не сакаше да му спомнеш цртање или боење, не знам од каде му се развила некаква аверзија. Почнав малку по малку да го навлекувам, заедно да цртаме и боиме, и има голем напредок. Сега понекогаш и сам зема да бои. Исто така не сакаше да прави едни вежби за изговор, па некако успеав да го мотивирам со разговор - дека штопобрзо научи побрзо ќе престане да оди на логопед, или дека треба да извежбаме, па ќе одиме да прошетаме некаде, а ако не извежба брзо нема да имаме време за шетање, и слично. Секој ден го прашувам што правеле, со кого си играл, дали му било убаво, и што им давале за јадење. Прво ме откачуваше, ама некако се навикна, а мислам дека особено влијае тоа што и сестра му ја прашувам исто, а таа е сосема различна од него. Казни и карање не помагаат, само позитивен пристап.

    И тој знае да забега со телевизија и игри, па се му ограничив. И цртани филмови и игри само по еден час за викенд, а преку недела е ангажиран цело време. Го запишав на пливање, оди на логопед, ако не одиме никаде гледам да се видиме со пријатели, или дома правиме оригами, украси за велигден, 8 март, нова година, или што и да е, важно ми е да се ангажирани, и да им се развива креативноста. Не им ни текнува на игри, а и да им текне им кажувам дека може да играат за викенд. Инаку нон стоп мислеше на телевизија и на игри порано, и беше многу расеан.

    Не сум сосема задоволна, ама се надевам ќе имам поголем успех со тек на време.
     
    На MacenceEna, Hiii, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Може ќе бидам малку офф ама на сите што сте родители ви ја препорачувам книгата „Воспитувајте ги своите деца без подигање на гласот„ од Сара Чејна Редклиф. Јас ја добив на подарок и стварно ми помага секој ден :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Каде ја има книгава и колку чини? Преведена е на МК? Чие издание е?
     
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Да, јас на македонски ја имам. 2008 издание Матица. Не знам колку е, мајка ми ми ја подари, а на нејзе нема напишано со моливче цена ;)
     
    На Ariel и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  9. Lucid-dreamer

    Lucid-dreamer Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Имам четиригодишен син и понекогаш е многу агресивен. Цело време се расправа, контрира, сака се по негово да е, ако сака нешто да добие ке плаче до бескрај...
    Сум пробала и со убаво и со лошо и никаков ефект немам постигнато.
    Инаку понекогаш знае да биде многу послушен, разговара со мене, знае и да ми помогне, ама ете има моменти кога едноставно губи контрола и избувнува.
    Постојано го тепа помалото братче, го малтретира мачето,ги крши играчките, безпотребно растура по дома, често знае да каже дека несака да живее со нас, сакал да живее со баба му...
    Помислувам дка можеби треба да го однесм на психолог, ама немам храброст да се обидам.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Хм...нешто слично се случува и кај мене. Значи не секогаш али кога не е по негово прави глупости по дома, вришти...Претпоставувам дека е некоја рефлексија или фаза затоа што како мал беше многу уален/мазен можеби не толку од баба му колку што од тетка му (золва ми).
    Како расне испливуваат на површина некои работи. Како се справувам? Одам на карта=казна, значи нема играчки, игри, шетање и сл. затоа што направил глупост а знае дека така не треба. Го терам да ми каже зошто така направил, дали така треба, како треба и зошто е лут.
    Ставив забрана на купување играчки па и ограничувам посета кај тетка му (знам дека страшно звучи, ама таа не е мажена, не работи ништо и нема друга преокупација).
    За било што се договараме на пр. ќе направиме тоа и тоа а потоа ќе се шетаме...такви некои работи и во никој случај не му попуштам да биде по негово (иако некогаш ме вади од такт) а јас пазам да не му ја расипам довербата.
    Сум разговарала со уште некои мајки и сите ми го кажаа истото ,,фаза е ќе помине,, :wasntme: Да, фаза на воспитување од мало кога се му било допуштено па сега тера по негово.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Ќерка ми многу е агресивна последниве неколку месеци, а никако не можам да откријам зошто така се однесува. Што и да ја прашаш ти одговара со висок тон и веднаш се расплакува. Со брат и веќе не комуницира нормално, само му се дере, а сега и тој почна така да се однесува со неа.

    Ние дома во принцип не си викаме едни на други. Се случило татко им неколку пати да повиши тон кон нив, ама не сега скоро, и ретко се случувало. Сакам да кажам, не дека гледа од дома.
    На училиште кажува дека се е во ред, иако многу родители се жалат дека децата им се агресивни.

    Се обидуваме со убаво, со разговор, со прекорување, со карање, веќе сите методи ги исцрпивме, а напредок нема.

    Има осум години и не знам дали е можно полека да влегува во пубертет, мислам дека е рано, иако границата се поместува. Би очекувала за две години, ама не и сега. Тоа што дополнително ме плаши е што во последно време и лицето почна да и се исфрла, па ептен си го направив филмот за пубертет. Други пубертетски знаци нема :)

    Утре ќе разговарам со наставничките да видам дали тие забележале некаква промена, иако не очекувам многу од нив. Потоа ќе разговарам и со училишниот психолог, ама и од неа не очекувам многу, за жал.

    Ако има некој со слично искуство, ве молам споделете.
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ` Да не те чуди пубертетот. Блиска пријателка која е учителка во школо лани кога ги носеше децата (2 одд.) на Пелистер на 3 од нив им давала влошки. И јас се чудев ама кога ќе размислиш поубаво колку храната ни е набилдана со хормони и не е за чудење.
    Знаците за висок тон на разговарање и веднаш расплакување асоцираат на пубертет освен ако недај боже на некој начин е повредена и не дава соработка...Истражувај и почесто на фин начин раговарај со неа за да можеш да и се доближиш колку што можеш повеќе
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Мене сеуште ми е рано за ова, но гледајќи мнооогу примери на пријатели и блиски околу мене имам една голема дилема. Дали на детенце кога е мало (пример од 1 година до 3-4 години) треба се да му се дозволува. Пример, да растура, се да пипка, да мачка чоколади, да гази смоки и сл. Гледам родители кои така постапуваат и си викам, може убаво прават да не ги стресуваат децата, да не им растат во стравови и забрани, да го запознаваат сами светот и сл. ама мислам дека никогаш ама навистина никогаш не би можела да живеам така и да дозволам детето на глава да се качува и прави тотален хаос и дома и на гости, а мене око да не ми трепне.. Не велам дека треба да се тепа или кара, ама пре би му го земала тоа со коешто прави беља и би го залажала со нешто друго да си игра отколку така да оставам на негов или нејзин ќеиф.. не знам.. што мислите?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Порано додека немав деца и додека студирав знаев како ќе ги одгледував и што и како ќе ги воспитувам,од тоа што го учев и до тоа сега кога имам дете воопшто ама нула посто не е исто,значи книги материјали и сега ппосдипломски абе нема врска со тоа што во реалниот живот ќе го спроведуваш,дур си немаш свое дете не можеш да кажеш што и како ќе правиш,секое детенце не е исто кај едно една метода упалува кај друго тоа на инат го носи и така,мојот е инаетчија голем што и баш не е така лесно за воспитување,ај што е инаетчија и голем плачко плус и така да некогаш ни со мирно не бидува,ни со залажување,ни со карање едноставно има моменти кога не знаеш што да направиш и како да постпаиш,па затоа се деца не секогаш се разбрани додека не почнат убаво да зборат и да разбират со тоа главчето што и како треба и не треба,јас викам на некои работи не кога на пример е жешко он додека не допре со рачето да се увери за него не е топло не е џиш и така,мош некоја мајкичка има нешто друго да сподели баш сум заинтересирана за оваа тема да се дебатира
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.366
    Пол:
    Женски
    На прашањето дали на мало дете треба се да му се дозволува би рекла Не ...после на глава да ти се качи
    Моево е уште мало (11 месеци) ама и те како разбира што треба и што не треба. Кога ке тргне накај штекерите и велам `Не таму`...и намерно ке дојде до нив и ке ги чачка :^)
    Иначе до сега се што и е ново му приоѓа претпазливо , еднаш се подгоре на тостерот среќа не беше врел и со прстето само го допре ...а ја предупредувам Жешко ... ама додека не се увери сама не попушта
    се изгоре исто и на греалката ,па бевме и на лекар :|
    Го разбира значењето на Не ,и почнува да се лути и да плаче ...ама не попуштам пошто тогаш ке прави пак по свое
    Многу многу и зборувам и објаснувам што треба што не , дали сваќа којзнае битно ме слуша :D
    Сепак треба трпение со нив , да не се допушта се !
    Треба да се даде до знаење дека со храната не треба да се игра , да се расфрла ...ако не јаде сега нема да молам ...ке се чека нареден оброк итн

    :)
     
    На gjoker4e, bittersweet, Vetruska и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Ариел гледајќи наназад по мене и сестра ми, мислам дека е нормално да менува. Јас како мала бев доста мирна и тивка, ама од четврто-петто одделение самата увидов дека се променив. Станав крајно арогантна и дрска, до тој степен што муабет со мене не можеше да се направи. Сакајќи да и покажам на сестра ми дека јас сум постара и дека јас сум главна, сиротата беше принудена тортура да трпи од мене, додека не ми поминаа бубачките. Во училиште исто, нормално сите сакаат во тие години да бидат ,,главни,, па си мислев ќе им покажам јас на сите кој е кој овдека. :D Моите ме оставаа знаејќи дека е пубертет. Помина некое време, па пак самата си се смирив. Сигурно си видела до сега колку однесувања менуваат и уште колку ќе сменат додека созреат. :) На твоето девојче ова и е период и ќе и помине, па мислам дека нема потреба од психолози, педагози и такви ствари.
     
    На gjoker4e и Ariel им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Јас спаѓам во оние родители кои не го изговараат многу често зборот НЕ :lol:
    На син ми му дозволувам скоро се можеби дека не му бранам ништо до сега и не сум имала некој проблем со него.
    Знае дека дома може што сака да прави ама кога сме надвор мора да биде послушен.
    Е сега дома во однос на опасностите имаме ставено заштита на сите штекери, сите кршливи работи му се надвор од дофат, средствата за хигиена исто на високо се кренати а во кујна имаме child locks ставено на фиоките со ножеви а имам оставено два кујнски елементи без child locks со пластични работи кои ги растура барем еднаш во денот :lol:
    Секое дете е љубопитно наша работа е да ја задоволиме таа љубопитност а да внимаваме да не се доведуваат сами во опасност, така се развиваат, со забрани ништо не се постигнува.
    Јас му го ограничувам времето пред тв, мислам дека има повеќе штета од корист и не мислам дека е добра дадилка телевизорот, гледаме само емисии (цртани) соодветни на негова возраст а ние гледаме тв кога спие малиот.
    Во се го вклучувам, кога пружам алишта ми ги подава штипките или ги става штипките иако сама побрзо сто пати ќе завршам, кога готвам му давам мало пластично ноже да сече нешто помеко, кога цртаме не паѓам во несвест ако цртал по подот или алиштата ги испрљал, подот ќе се исчисти, алиштата ќе се исперат.
    Пред две недели имавме поројни дождови, дворот беше цел поплавен и нормално калив, посака малиот надвор да игра, излеговме тројцата се направивме како прасиња, ние се избањавме, алиштата се испраа и подот го исчистивме од кал ама насмевката и задоволството на син ми е нешто бесценето.
    Можеби грешам ама сега за сега добро ни оди без забрани.
     
    На gjoker4e, Feminka22, Sunflowers и 16 други им се допаѓа ова.
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    и јас сум за тоа дека не треба да се дозволува се. ние сега сме во фаза на паткање и се си фаќаме ама кога ќе фати нешто што не треба и кога ќе му речам не или го остава одма или кога ќе му речам дај на мама со смеење ми го дава и јас пак ќе му речам ова не е за тебе
    е сега некогаш ќе се поинаети и ќе почни да плачи ако не дава нешто а сме му го зеле ама шо му е работа на бебе да си плачи.
    и многу пати со смеење те гледа право вочи и прави нешто што не треба и кога ќе му речиш Не се смее. за шпоретот веќе не прам муабет уште кога почнавме да го палиме му кажувавме џиш и ја тргавме раката така да и тој кога ќе му кажиш џиш ја трга раката.
    мислам дека не треба ни зе се да се вели не не не.
    треба да се има некој баланс, син ми пр многу сака да игра со пластични полу празни шишиња, не дека не можи со нив да се удри или да направи беља ама му даваме .последно и престанав да му пуштам на компјутер песни оти врти сучи само таму сакаше. е сега не гледа таму и квичка ама ќе си се научи дека нема и тој таму....
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.366
    Пол:
    Женски
    Се согласувам Битерсвит :D :D треба да се има граници , и многу викање „Не„ не е убаво

    И моево почна со отварање фиоки , имаме и ние на штекерите ставено заштита , на сите вратички има пречници за сигурност ! Ја вклучувам во секоја активност , кога усисавам се мотка до мене , се брка со кабелот, кога готвам обавезно добива дрвена лажича и пластично да може и она да готви :lol: :lol:
    Се научи да брише со крпа , (Домакинка права)
    Телевизија ретко гледа , има детски канали ама не сум и пуштила до сега да гледа , може пошто и не се интересира за него уште , повеќе сме со радио колку да има некоја галама дома :)

    Ама и се си зависи и до детето , некое е поинаетливо како моето , се метнала на мене , некое помирно итн
    Не треба да се има премногу забрани , ама па и да не се остави да лумпува по дома и да мава рецка на мојот збор :x
    Се трудам да ја научам на паметни работи , иако е мала ,од мали се учат нели :!:

    Мене искрено ми пречат деца кои од дома се учат да пцујат , сум видела со мои очи пример на мало дете од 3 години да пцуе ко стар човек и искрено не ми се допадна Ич
    до душа и тоа дете не е криво , ако дома тоа е најнормално да се пцуе :swear: тогаш ....
     
    На NoellePage, bittersweet, pepita82 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    син ми има9,5 години и можам да кажам дека полека влегува во пубертет
    нервозен е повеке од порано ми одврака на мене слуса некои песни од слаткар и некои такви слични песни што до вчера не ни знаеше дека постојат
    али со ова модерно време не ме чуди девојчиња о д8-9години имаат и менструација