Дилеми околу воспитувањето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 19 декември 2011.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    748
    Пол:
    Женски
    моево ретко да седни и да се заигра со нешто и да си игра повеќе време, брзо се му се здосадува, така да кога правам нешто прво го седнувам и му давам нешто и кога ќе му помини интерсот го ставам во столче за да дозавршам.
    мислам дека скоро сите деца се инаетат на почеток и сакаат по нивно се да си биди ама со разговор и кога ќе сватат дека неможи стално нивното ќе се сменат.
    и јас мислам како MacenceEna дека од мали се учат,сега ако не му објасниш ако треба и 100000 пати што треба а што не на 7-8 год е веќе касно и за џабе ќе биди
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.270
    Допаѓања:
    5.115
    Да, имам прочитано дека до 5 годишна возраст децата водат инает. Не дека таков им е карактерот или сл. туку фаза во нивен психички развој кое секое дете ја поминува.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    7.660
    Искусни мајки дали некоја од вас има читано книги за воспитување на деца што би ја препорачале како корисна. Сметам дека не секој има представа во одредени ситуации како да се постави со детето, затоа добредојдена е литература од психолози за воспитување.
     
  4. ArmaniCode

    ArmaniCode Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Sum citala mnogu knigi za vospituvanje na deca I ke ti kazam deka nitu edna ne ni se dopadna zatoa sto ne mozes da postapuvas so sekoe dete po kniga. Site se razlicni.
    E sega ke ti preporacam 2 knigi koi se mnogu razlicni od site tie knigi za vospituvanje I koi gi ohrabruvaat roditelite da se konektiraat so svoite deca, a so toa ke imaat prekrasna vrska taka sto merki za vospituvanje ne se potrebni. Vsusnost zboruva Kako problemot proizleguva od roditelite, a ne decata.
    Ovaa pisatelka ima drzeno govori koi gi ima na you tube, pisi go nejzinoto ime ke gi najdes. Jas sum opsednata so ovaa zena, samo da ja slusnes Kako zboruva. Inaku bese gostinka na Oprah I e megu najdobro prodavanite avtori vo SAD. Taa e psiholog koj od iskustvata sto gi ima so roditelite I decata gi pisuva ovie dve knigi.

    The Consious Parent - Shefali Tsabary
    Out of control- why disciplining our children doesn't work and what will- Shefali Tsabary
     
    На mariatim и MissDior им се допаѓа ова.
  5. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    906
    Син ми е три пол години, оди во градинка 9 месеци, приметив дека цртежите му се видно различни од на сите други деца. т.е. не знае да бои и црта ама ич. Во споредба со другите цртежи мнг полошо, ма ептен полошо, не се знае ни линија ни круг. Не сум загрижена но да направам ли нешто освен што има дома боици и боенки некогаш ги вади ќе чкртне и толку. Битно зидови и фризидерот ми се лом :D
     
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    10.925
    Пол:
    Женски
    Еден извесен период имам проблем со син ми.
    Прво да напоменам, не е лошо дете воопшто. Многу е дружељубив, несебичен, дели играчки со деца, си игра со нив, мирен е дури и кога ќе му земат играчка од раце. Не се буни, си наоѓа друга и никому ништо.
    Лош е понекогаш со мене и мм, а гледам дека истата песна е и со бабите и дедовците. Како и секое дете сака да е се по негово, но ако не добие од нас позитивен одговор се лути и лутината ја манифестира многу лошо. Фрла од земја што му дојде при рака, плаче, вришти и не удира. Ќе го искарам, ќе го удрам по газето, по рачињата и џабе е. Уште полош станува. Татко му ќе го искара, тој се врти и мене ме удира. Секое незадоволство на тој начин го манифестира. Не сакам да е ваков. Јас искрено не знам што да превземам, а верувајте главата ми ја вжештува од нервоза кога го гледам какви сцени прави.
    Две години има, фаза ли е? Што ли е? Дајте ми памет, не ја бива работава. Со денови барам решение, не успевам да го најдам.
     
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    9.255
    Мила веројатно се работи за тантруми,тоа се изливи на бес кај децата на таа возраст до каја три години,еве ќерка ми е 1,5 па последниве денови гледам знаат да ја фатат такви моменти кога плаче,се треска за без врски.Само трпение ќе помине фаза им е,еве прогуглај на нет ќе прочиташ
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    10.925
    Пол:
    Женски
    Читав за тантрумите, некогаш дури и подолго траат. Ужасни се. Што да направам, како да постапам во таа ситуација? Ништо не допира до него.
     
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    21.232
    @Jagoda123 нормално е на таа возраст. Си имаат децата фази во кои специфично се однесуваат. Син ми исто е многу мирен, ама со мене и мм (особено со мене) збеснува. Ако му се обрати некој ме мава, фрла играчки веќе извесно време, сега почна и да ги крши. Никогаш не кршел ништо. Го гледам дека за многу работи е доста претпазлив, ама има некој бес, некој инает можеби што сака да го исфрли. И мислам дека кај повеќето деца се јавува таа фаза, без разлика како се воспитуваат.

    Кога станува син ми таков одма гледам да му најдам занимација. Не секогаш ја прифаќа, па следна фаза е игнорирање.
    Трпение само, ќе помине.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.606
    Јагода, пробај друг пристап...побарај Respectful parenting и разгледај го нивниот метод - Janet Lansbury и Magda Gerber.

    www.janetlansbury.com

    Јас сум секогаш ПРОТИВ удирање/плескање, сметам дека не можеш да ја прекинеш агресијата со агресија, баш спротивното. Биди му пример како да се справи со емоциите кои не знае да ги контролира. И не сфаќај ништо ЛИЧНО, нема детето ништо лично против тебе!
     
    На zuto, RainBow, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    6.630
    Пол:
    Женски
    Јас сум загрижена баш заради тоа што и мојата е многу мирна кога и ги зимаат играчките од рака. Само гледа и воопшто не реагира. Исто така, многу често ја удираат, гребат по лице а она само кути и гледа. Не реагира никако. Мислам дека е тоа така заради тоа што не оди во градинка, нема многу контакт со деца па поради тоа не знае како да се брани. Јас се нервираммногу кога деца ја напагаат физички, исто и мајките на тие деца се лутат и реагираат. Како да постапам во таква ситуација? Мм почна да ја учи да удира, кога ќе падне или ке се повреди да го удри местото на кое што паднала или се удрила. Бев многу против тоа, затоа што не сакам да учи да тепа. Од мирно смирено дете, треба да ја учам да крева рака, д се тепа, да се брани заради тоа што другите деца ја тепаат? Сепак, одкако видов дека децава ја удираат сега си викам може подобро да се научи да се брани. но и тоа е џабе, она пак тепањето не го применува на деца кога ке ја удрат, туку само на предмети кога ке ја повредат. Како да постапам стварно не знам...
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    10.925
    Пол:
    Женски
    Син ми враќа ако некој го удри. Само ако му земат играчка не се буни, се помирува и си бара друга. И не се случило никогаш прв да крене рака на некое дете.
    Не оди во градинка ама гледам често да е со деца. Сам си се научи да се брани и да врати ако друго дете го удри.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    12.406
    Пол:
    Женски
    Леле тaнтруми,мoевo е ужaс еве две недели некa се гoре дoле,не игрa сo ништo,гребе,не oди вo никoгo,и зa се бaш зa се ке се изнaплaче сo сoлзи,липaње глaвa дa те зaбoли,некoлку пaти ме имa извaденo oд кoнтрoлa,јaс сум пoстoјaнo сaмa сo негo,мoрaм дa му спремaм дa јaде,a тoј плaче зa глупoсти,сaкa у рaце,или дa фaќa пo тв.нештo знaчи некoгaш невoзмoжнo,и нa стo нaчини прoбувaш дa гo рaзубедиш зaлaжеш,тoa уште пoјќе се сили,душaвa ме бoли кoлку гo сaкaм,и гo чекaв тoлку време и гo имaм чукнaтo пo гaзе пo пaмперс,не силнo,не плaчел aмa тoa мoменти кoгa више ме излудел..(и пoсле јaс плaчaм,зaштo сум гo кaрaлa и тaкa)
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    10.925
    Пол:
    Женски
    Епа иста сум и јас. По газето не осеќа ништо, го удирам толку силно колку што си го удирам и од мерак од што ми е сладок. По рачињата исто, не со намера да го повредам, туку да го заплашам. Правам и лута фаца, за да сфати дека греши и ме лути. Џабеее..
    И јас сум сама со него, потполно те разбирам дури и кога велиш дека те вади од контрола.
    Абе мене главата ми ја вжештува, многу се нервирам.
    Плаче и се дере многу гласно, не е можно глава да не те здоболи и да не те изнервира.
    Мало дете а такви испади дури и чудно изгледа. Како да е полн со бес и агресија, страшно.
     
    На mariatim му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    12.406
    Пол:
    Женски
    Дa дa истo,незнaм си викaм дo мене дa нее,слaби живци,мoже други се пoиздржливи,или кoј имa пoмoш кoгa прaви дететo тaкa ке гo земе,пa тaмaн мaјкaтa ке oлaди глaвa,oвa вaкa цел ден сaм сo негo и др oбврски уз тoa,a тoј пискa плaче пo негoвo дa е,a се е пк дoдекa не му текне нештo штo е неизвoдливo a не пoпуштa,и лудилo.
    Некoгaш цртaн ке зaгледa,и плaче зaштo зaвршил,или aкo е белo зaштo е белo aкo е црнo зaштo црнo,пример oвa дaвaм.Плaче a нз зaштo плaче,си викaм кoмшиине ке речaт кoјзнaе штo му прaвaм
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    22.088
    Исти маки делиме мајките на 2 годишни деца. Кај нас пак забележувам обиди на манипулирање... ете пример: Ми бара вода и и давам во чаша, малата ми вели ,,не во чаша, во шише сакам,, Ок, земам во шише ставам ,,Не во шише во чаша сакам,, До овде сакам да ја запрам ситуацијата најчесто со објаснување дека сите пијат од чаша, поубаво е од чаша, и дада сака од твојата чаша и ред други залажувања само некако да успееме. Ако видам дека не оди, се откажувам и ја оставам да си поплачи. Колку и лоша да звучам, верувајте дека ја оставам легната на под да плаче.
    Кога веќе морам да преземам нешто за да ја смирам, скоро секогаш успевам со одвлекување на внимание. Ете пример и велам дека сосетката не чека на балкон ајде да излеземе, или со играчка, или имаме пиленце на балконот и сл. се со цел да и одвлачам внимание од плачењето. Пробајте со одвлекување внимание, можеби ќе успее и кај вас.
    Може вака смешно звучи и често мм ме зафркава дека имам стратегија за менување пелени, друга стратегија за хранење, па за смирување на дететто... а мене пак важно ми е без нервози и плачење да ја завршиме работата.
    Само трпение и појаки нерви, се ќе помине!
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.414
    Пол:
    Женски
    @snegulkata Зошто мислиш дека правиш лошо со тоа што ја оставаш да поплаче? Според мене тоа е многу подобро(за неа) отколку она што многу родители би го преземале, би му залепиле еден шамар три дена ушите има да му свират. Да не и дадеш вода ок да чувствуваш грижа на совест, вака воопшто нема потреба да се сметаш за лоша мајка, утре може ќе и текне дека сака авиион и ќе легне на улица да плаче, што треба ти да правиш? Јас мислам дека е време да почнеш да се поставуваш како авторитет а не да те смета за другарка која може да ја манипулир. Сеуште е мала да она знае што е подобро за неа и затоа треба да те слуша а не ти да трчкараш околу неа како да си нејзин слуга или во најмала рака ти дете она мајка. Знам дека сега ти е жал да ја караш или плеснеш една воспитна по газето ама ако сега ја испуштиш од раце ќе станува се полошо.
     
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    22.088
    @Strumka22 Можеби си во право, подобро да ја оставам да плаче отколку да ја шлакам или пак да си играме ,,сакам- не сакам,, цел ден.
    Инаку теоретски многу добро звучи - изграден авторитет како мајка, па да се знае кој е мајка кој е дете, да научи дека јас знам што е добро а не таа - но во пракса не сум сигурна дека е така. Не знам дали ти си мајка, но кога јас сеуште не бев родител мислев исто како тебе. Работите сепак се променија кога ја родив Леа, сфатив дека не секогаш може да биде како што е правилно, туку многупати работите се одвиваат спрема ситуацијата.
    СУм допуштила и да ме манипулира, често се осеќам како нејзина слуга, трчкам и и го правам ќефот цел ден, сум плеснала и по пелена и по раче, буквално трошам енергија па и свесно грешам некогаш во воспитувањето... И мислам дека повеќето мајки се во слична ситуација. Не сме совршени, знаеме дека не треба многу работи да ги допуштиме на своите деца, ама некогаш фали енергија, се осеќаш истрошен... е тогаш попушташ и во очите на другите си неизграден авторитет пред детето.
    Неисцрпна тема е оваа... туку ајде, ќе пораснат.
     
    На Rabbit и bella.s им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    85.963
    Вакви проблеми со моето дете никогаш не сум имала. Јас не знам што се тоа тантруми, бес, агресија, плачење за играчки или чоколадо во продавница, непочитување, или па да ме удира? Не тепам, ама сум грмела страв во коски на чудовиште да му втерам, не па на мало дете. Ретко, кога имало потреба, и кога сум видела дека тоа мало мене пробува да ме манипулира и контролира. Не сум мајка од која треба дете да се плаши, ама да знае до каде може да оди, до каде не.
    Од друга страна, ако сметате дека бесот и агресијата минуваат некои граници, посетете психолог. Или преиспитајте си ја атмосферата во домот. Преиспитајте се и сами. Јас не би рекла -немате вие како родители ништо со тоа, такво е детето. Имате, имаме врска, многу.
     
    На JuLleE, eloves, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    22.088
    @Bridget Тебе ти успеа страв да згрмиш овде на форумот а не пак дома на дечките. :rofl:
    Инаку да, се сложувам дека многу имаат врска родителите, воспитувањето и гените влијаат врз начинот на реаграње, понашање и воопшто однесување на дечките. Ние сме примерот, од нас учат!
    Ви се дивам на родители (иако малкумина познавам такви) како вас кои се поставиле построго пред дечките, јас за себе не можам да го кажам тоа. Немаме испади на бес, урлање по улици, плачење во продавници, но признавам дека цел ден се надмудруваме како да ја смениме пелената, тешко носиме одлука од чаша или од шише, напорно е дури и излегувањето од дома на една кратка прошетка (ќе и текне, не сакам да шетам и толку) Па денот си го минуваме во манипулации и надмудрување...
     
    На eloves, zuto, galapce и 2 други им се допаѓа ова.