Дилеми околу воспитувањето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 19 декември 2011.

  1. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.094
    Допаѓања:
    37.225
    Пол:
    Женски
    Малата ми е многу агресивна и нервозна само кога вади заби. Тогаш се прави за инат, ако ја тргнам од некаде одма се лути и се мава со главата од земја, ако и земам нешто исто, плачи, пишти, се треска од земја, ама пак ќе кажам ваква е само кога вади заби. И додека не и пробие забот ни трае тој нервозен и агресивен период. И во нормални денови знае да направи нешто што не треба, ама кога ќе ја искарам или кога ќе и земам нешто реагира многу по смирено.
     
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    16.624
    Пол:
    Женски
    Јас немам и неκој поголем пρоблем оκолу воспитувањето на син ми. Пρедност ни е тоа што,ги слуша само советите на мм и мене,ниκој не се меша оκолу тоа. Додуша,јас сум малκу попустлива,а има повеќе стρав од татκо му. Ρаботите што не тρеба да ги пρави,ги ρешаваме со совет,одвлеκување на внимание или со нешто од што имаме стρав(аκо се моρа)
    Агρеаивен не е,фази на штипκање,гρизење,не давање игρачκи сме имале но поминуваат.
    Со непознати збоρува,но само во наше пρисуство,знае да биде κултуρен(фала,повели,чао,добаρ ден...)
    Во глобала е дете со κое сеκој би посаκал да помине малκу вρеме.
     
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    102.919
    Пол:
    Женски
    Грмни па ти,може ке упали и кај тебе.:wasntme:

    Изгледа никој ништо не верува дур не осети на своја кожа.
    Ако е секогаш за се до нас,како тогаш од едни исти родители често знае да испадне дека двете деца се сосема различни?
    Нормално е дека некои работи зависат и од нас ама не бидете сигурни дека се.
     
    На JuLleE, ph.orhideja, snegulkata и 3 други им се допаѓа ова.
  4. kukureka

    kukureka Нов член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте кирилица.
    bi sakala nekoe vase mislene za da uspevam da gi vaspituvam moite deca imam 3 deca i navistina mnogu tesko mozam da gi kontroliram se sekavam jas dodeka sum bila malecka navistina sum bila poslusna i vredna imav samo 7 godini koga pocnav da ja pomognam na majka mi so domasnite obvrski itn a kerka mi samo tabletot na race ako ja zamolam da mi pomogne bilo sto neke sinot nitu vo oci ne me gleda koga mu zboruvam a naj malata koja ima samo 2 godini ako nesto kazuvam pravi vaka ili pravi taka mi vika NE i ne ostanuva sum bila kaj strucnaci (ONEM i psiholog i skolski nastavnici) velat deka e normalno toa ama jas toa ne go smatram za normalno dete da ne slusha i svati:shake:
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    47.683
    Пол:
    Женски
    Па не и го давај таблетот.
    Зошто воопшто има таблет?
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kukureka

    kukureka Нов член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    tapletot i go davam i pomognuva pri ucenjeto po nekogas i koga i e dosadno so ladnovo vreme ne izleguvam mnogu vo skolo doma doma vo skolo ama mene me maci zosto ne svaka koga i objasnivam nesto nego se inajetuva so mene i drugite 2 go pravat istoto
     
  7. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    3.317
    Пол:
    Женски
    Поинтересен им е таблетот мајка...Ограничи активности на таблет и за поголеми и за помали...Стави до знаење дека твојот збор мора да се слуша...само цврст став. Дур не си ја средат собата нека нема таблет...фино лепо кажи им кога ќе ја средите собата, креветот може да поиграте на таблет...каде можеш ти по сите да трчаш, не им си слугинка.
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    4.188
    Допаѓања:
    92.785
    Темава како погодена оти баш имам дилема.
    Син ми е прилично темпераментен, жив, активен и многу работам со него на неговото воспитување. Успеав без да тепам да го научам да ме слуша, да биде културен и да не употребува пцовки, да не крши, да не фрла храна, да не се закачува и тепа. Живееме сами па слуша кои зборови јас ги употребувам, така и тој.
    Но почна во градинка после долга пауза. Секој ден си иде со "збогатен" речник од несоодветни зборови. Нормално, но мене и друго ме плаши. Учителките го фалат како бил послушен, си играл, воспитан. Он трпи авторитет и отсекогаш ги слушал нив. Има и едно девојче за кое постојано зборува, ама вели дека му викала и "женско пејо".
    Почнав да се преиспитувам дали воспитувам правилно. Што ако грешам со мојата строгост, инсистирање на култура кога во градинка владеат поинакви правила? Работава ми е дали да пристапувам поинаку, да оставам простор да биде "полош" оти се разочарувам искрено, џабе што јас инсистирам на култура и послушност кога другите не. И се плашам заради тоа да не биде отфрлен од децата.
    Може ова се само мои стравови, ама ме интересира ваши искуства и совети.
     
    На Lolo5 и azelea им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.915
    Допаѓања:
    118.385
    Пол:
    Женски
    @JuLleE јас да сум на твое место би продолжила како и досега. Терај на твојот начин, не грешиш воопшто. Нормално е да има влијание од околината, цел живот ќе го има, ама ти си таа што ќе му укаже на тоа што е добро, а што не. Како ќе расте, ќе учи да се справи сам со тие влијанија под дејство на твојот начин на воспитување.

    @kukureka ако успееш да се поставиш како авторитет спрема најстарото, и помалите ќе те слушаат. Обично тоа се прави на помала возраст, во школо е веќе доцна, ама можеш да пробаш. Таблет користење само под надзор, особено кога е за училиште. Нема да дозволуваш да те манипулира. Малку е тешко ако на пример сопругот го омаловажува твојот авторитет пред децата, ама не знам како ви е дома. Принципот на награда и казна може да упали, ама ако се придржуваш до тоа, во спротивно нема да ти успее. Макар што девојчето ти е веќе големо за тоа, ама ништо не те чини да пробаш.
     
    На azelea и kukureka им се допаѓа ова.
  10. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    9.255
    Не грешиш,терај си како и до сега,и мене почна во последно време да ме нервираат некои работи кај ќерка ми кои и се научени од градинка,ама и кажувам дека тоа децата што прават така не е убаво, и така не треба да се прави.Инаку цело време добивам коментари од учителките дека е многу паметна,послушна и воспитана,ама ете дома кога си доаѓа како збесната е ,сака да се бори,па прави некои фаци со јазикот,или ми се обраќа со некои уличарски речник, ама со мм одма реагираме и ја игнорирам за некои работи да и дадам до знаење дека не е ок и гледам дека се срами и замислува па има ефект, сепак е разбрано дете за тие работи.
     
    На tina-63, JuLleE и chocolade им се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    6.630
    Пол:
    Женски
    Вчера со малата се возиме во кола и јас нешто се напнав додека возам а малата ме примети и вика “да се плукнам“ и јас ваква :o и викам што рече ти? И она пак повторува. Викам сакаш да кажеш да ти се плукнам и она вика дааааааааааа. Ја прашувам кај го слушнала тоа, и ми кажува дека жената што ја чува така викала (facepalm) И реков дека не е убаво но реално некогаш се осеќам толку немоќна на овие надворешни влијанија. Мене уста пена ми фаќа од зборење што е убаво а што не. И мене не ме регистрира а некој еднаш ќе каже нешто што не треба и опп одма тоа се регистрира и применува :drunk:
    Нормално сабајле и кажав на женава и она фати да се смее на глас затоа што само еднаш го кажала тоа а малата моја била пре паметна и одма го “регистрирала“ :headbang: :fubar:
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.661
    Пол:
    Женски
    Можно е еднаш да рекла. Мојот на 19 месеци научио да вика „У курац“ откако го слушна татко му еднаш да го употреби тој збор. Сунѓери се и се впиваат.
     
    На Annath и chocolade им се допаѓа ова.
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    9.255
    Ехее,баш така само еднаш ќе кажеш нешто и одма го впиваат,а инаку збори збори и не те рецка :).Јас така пред некој ден во муабет со мм викам "Бог да чува" и она ја слушам после тоа Бог да сачува :D.
     
    На PUPICA и chocolade им се допаѓа ова.
  14. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    Majki kazete nekoj sovet kako da se postavam kon sin mi 1 godina I 9 meseci e, mnogu e naporen I samo piska, ako ne mu dozvolis nesto se treska od zemja. Ne me slusa koga mu zboram, si tera po negovo, mi se smee koga go karam. I so spienjeto imame golem problem, se budi na sred nok, place, znae I so casovi da e buden. Inaku go cuvaat baba I dedo.
     
  15. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.094
    Допаѓања:
    37.225
    Пол:
    Женски
    Неколку пати сум те читала и како јас да сум пишувала.
    Исто дете и јас дома имам само што мојата е 3г.4м.
    До 2г. јас и мм не знаевме што е сон. Од 2г. ја пуштив во градинка и се преродив. Нормално на почетокот месец-два плачеше и првата година беше нон стоп болна, една недела оди, три дома.
    За мене градинката е спас зошто таму е обратно од дома, многу е мирна, си ира со децата. Дома е премногу немирна, сама со ништо не се заигрува, цртани не сака да гледа, а кога е кај баба и дедо два дена после тоа не можам да ја вратам во ред, они премногу ми ја разгалуваат.
    И градинката многу ми помогна околу спиењето, сабајле ја будам во 6:30ч. преку ден спие саат-саат ипол и навечер во 9:30-22:00ч. е заспана.
    Уште еднаш ќе кажам за мене градинката е спасот иако првата година е многу тешка.
     
    На tina-63, Верче4, snegulkata и 4 други им се допаѓа ова.
  16. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    78.992
    Пол:
    Женски
    @coconaut штом го чуваат баба и дедо,се ми е јасно]:)
    По она што го кажуваш,очигледно тие се од типот што разгалуваат...да не те плашам,ќе дојде ден кога ти ќе бидеш"бљак...лоша...ќе идеш во затвор...",ќе те тепа,клоца и слично,оти баба и дедо се дозволуваат:@
    Ти (ќе)го учиш на ред(од јадење,спиење,хиг.навики...),баба/дедо рушат концепт.
    Мој совет пресечи или ќе играат по твои правила или...тешко тебе.
    Јас што викам,ако доброволно помагаат,ни под разно не треба да одмагаат!
    Допрва ќе го фаќаат фази на лудило(тантруми де)]:).

    И јас сум од тие присталици дека градинка е ред,рад,дисциплина!
    Тешка е адаптација,ама со тек на време се ќе си дојде на свое место.

    Ние сме во фаза кога по 100ти пат учиме(молам буквално,инсистирам)да јаде сам,да мие раце после мочкање/какање,да не јаде глупости доколку не е ручан/вечеран прво тоа што треба...
    Се ова си го знаеше и почитуваше,но од икс причини "дозволив" баба да го наруши редот во секој поглед.

    Дете ко дете,користи ситуации.
    И тоа не е виновно,но мора да се знае кој е родител/авторитет и слично.
     
    На azelea, snegulkata, Jas! и 2 други им се допаѓа ова.
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    22.088
    @coconaut Јас сум од оние кои тврдат дека на детето не треба да му се ускрати љубовта од баба и деде, и сум од оние кои мислат дека добредојдена е помошта од старите па треба да се искористи. Ама морам да се сложам со @PUPICA дека со својата помош старите некогаш одмагаат. Ти едно го учиш , баба и деде нивно си тераат. Баш затоа престојот на ќерка ми кај баба и деде го сведов на викенди, а на баба и деде им укажав на грешките и ете некако се стабилизира работава, инаку и мојата беше започнала да изведува и да ми се заканува дека ,,ќе ме каже на баба и деде дека ја карам''
    И @Rabbit има право, градинката е решение ама јас би го искористила дури кога дете ќе има две годинки.

    Кај нас честа мерка на воспитување е да и се налутам, и тоа знае да трае и со часови ама бар има некој ефект и сфаќа дека грешката е причина да не и зборам. И овде ќе споделам една смешка, и се лутам на малата и не и зборам не се сеќавам точно зошто и за да ми се смири ми вика ,, ај не се лути веќе, дај ми боранија да јадам'' А немаше врска со јадење работава ама дека она нејќе такво јадење а сака да се здружиме дури се согласи и боранија да јаде само да и зборам.
    Пробај и ти со лутење, можеби и кај вас ќе успее. Инаку и ова не е некое долгорочно решение ама... ете... некогаш ми пали.
     
    На Mayyya, azelea, Jas! и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    11.477
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најдов соодветна тема да го искажам мојот револт (да не отворам безвезе нова тема , ке си кажам овде)

    Значи кое воспитување деца бе??
    Коа ке видам се какви дечишта има си велам имаат ли овие родители ???
    Значи кога ке сватат некои родители дека е мн смешно да си ги фалат своите неспособни деца ??
    Пример : Татко и мајка си ја фалат својата керка(25+) дека била до втора година на факултет , а кутрите не знаат или се прават дека не знаат дека онаа се откости од шетање и едвај неколку испити имаа положено од прв семестар , и плус колку била паметна (со милион дечковци што им ги има донесено дома им , и со триста нејзини глупости ) (facepalm)
    Син им го фалат какво златно дете е а тој едвај 18 години има и секој ден е во кафич пијан и со шише во рака и мајка му не ја вика мамо туку со друг погрден збор (facepalm) на школо уопште не ни оди , му вадат медицински оправданија од матичниот за тој да се пијанчи и да скита. Другата керка им е на фах во друг град и откако замина не се врати дома им , демек мн учела а на фб само слики со постира со дечкото кај што е домаму (facepalm) за живи не ги сматра !
    И очајно и упорно си ги фалат дечиштава , а они се далеку од воспитани (facepalm)
    уз муабет се правеа паметни за правни работи и им викам ама уставот наш не вели така и им го цитирам членот , и они не не , не вели така уставот и си кажуваат по нивно (овие немаат ни средно да напоменам ) демек ти ништо не знаеш (а јас го имам учено , читано , како секој студент ) (facepalm)
    Да речам проста маса ке звучам груба , да речам неписмени пак ке звучам грубо:x
    И овие се некои родители и воспитале деца?? Ова е само мал пример , да не одам во детали и други примери ..
    Јас да имам онакви дечишта по итна постапка ке ги абортирав :puke:
    Така да си знаете , дека фалењето на неспособни дечишта не е воспитување , туку само некој одстрана ви се смее !!
    Баш сум благодарна што сум строго воспитана , бар никој не ми се потсмева зад грб !!

    Не им правите услуга што си ги фалите пред другите децата , туку само ги упропастувате !
     
    На cresa-jagoda, azelea, Lolo5 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    169.542
    Пол:
    Женски
    Некакво искуство со екстремен страв да сподели некој?!
    Ќерка ми има 6.5години и е прилично плашлива од секогаш. Но во последниов месец станува екстремно. Не смеам да и се тргнам од видик, мора да има целосна контрола на ситуацијата секогаш. Многу зборувам со неа, и објаснувам баш секој ден дека никогаш за ништо нема да ја оставиме сама, дека ако мрднам од влезна врата до двор ќе и кажам и може сама да се облече и да се симне по мене, но не и Не! Пред малку и кажав одам до двор да оставам кафе и веднаш дотрчала на вратата плачејќи, и кажав дека сум долу и ќе се качам веднаш, паника беше невидена плачеше неутешно не и ни текнало да се симне!
    Може звучи чудно но ме ужаснува проблемот.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    969
    Пол:
    Женски
    Тоа што имала повеќе дечковци и ги носела дома ја прави глупава девојката? И оваа што заминала во друг град на факултет и ставала слики на фб со дечко и е глупа исто? Тоа што става слики на фб со дечко и значи дека е невоспитана и не ги почитува нејзините?
    Девојко како што гледам многу се замараш со животот на другите и кој што правел и колку дечковци водел дома. Не можеш да ја споредиш интелегенцијата и воспитувањето на некој со бројот на партнери што ги имал. Звучиш како дежурна оговарачка што знае за секој се, а уствари се гледа дека си љубоморна и исфрустрирана. За почеток почни да си го гледаш твојот живот и твоите постапки. ;)
     
    На CoCoGiiiRL, Abeja, snegulkata и 4 други им се допаѓа ова.